Седеш (општина)

општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија
Општина Седеш
Δήμος Θέρμης
Dimos Thermis - Central Macedonia.svg
Општината Седеш во областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област: Халкидик
Население: 36 276 (2001)
Седиште: Седеш
Нас. места: 16
Пошт. бр.: 570 01
Пов. бр.: 2310-41
Портал: dimosthermis.gr

Седеш (грчки: Δήμος Θέρμης, Димос Термис) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е градот Седеш. Општината опфаќа 16 населени места во северозападниот дел на полуостровот Халкидик.

Населени местаУреди

Општината Седеш е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Седеш (Терми), Микра и Царево Село (Василика) по законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица МикраУреди

 
Поранешната општина Микра на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Микра (Δήμος Μίκρας) со седиште во Замбат има 10 427 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Адали
  • село Адали (Κάτω Σχολάρι, Като Схолари) (1639 жители)
  • Општински оддел Замбат (3581 жител)
  • село Замбат (Τρίλοφος, Трилофос) (3517 жители)
  • село Бешишли (Άνω Σχολάρι, Ано Схолари) (64 жители)
  • Општински оддел Караџоханли
  • Општински оддел Узун Али
  • село Узун Али (Πλαγιάρι, Плајари) (3770 жители)

Општинска единица СедешУреди

 
Поранешната општина Седеш на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Седеш има 16 546 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Седеш
  • Општински оддел Загрџа
  • град Загрџа или Загарџа (Ταγαράδες, Тагарадес) (7333 жители)
  • Општински оддел Маџарлак
  • село Маџарлак (Νέα Ραιδεστός, Неја Редестос) (1922 жители)
  • Општински оддел Прнар
  • село Прнар (Νέο Ρύσιο, Нео Рисио) (2341 жител)

Општинска единица Царево СелоУреди

 
Поранешната општина Царево Село на картата на некогашниот округ Солун.

Според пописот од 2001 г., општината Царево Село (Δήμος Βασιλικών) со седиште во Царево Село има 9 303 жители и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Царево Село
  • Општински оддел Доганџи (1 195 жители)
  • село Доганџи (Άγιος Αντώνιος, Агиос Андониос) (779 жители)
  • село Чели (Μονοπήγαδο, Монопигадо) (426 жители)
  • Општински оддел Ливади
  • Општински оддел Ново Село
  • село Ново Село (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) (1 226 жители)
  • Општински оддел Перистера
  • Општински оддел Сурокли

Поранешни селаУреди

На територијата на општината се наоѓало и некогашното село Гедикли (Κάτω Περιστερά, Като Перистера).

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди