Св. Јован (Косел)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Јован


Местоположба 41°10′27″N 20°50′8″E / 41.17417° СГШ; 20.83556° ИГД / 41.17417; 20.83556
Основни податоци
Место Косел
Општина Охрид
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Св. Јованархеолошко наоѓалиште во охридското село Косел. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа североисточно од селото, на десниот брег на Коселска Река. При обработувањето на нивите биле откриени и растурени повеќе гробови, како и остатоци од градба. Најверојатно се работи за остатоци од црква по која наоѓалиштето го носи името. Од гробовите потекнуваат 3 стаклени и една бронзена белезица, кои денес се чуваат во Заводот и Музеј во Охрид.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 249, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069