Отвори го главното мени

Светска турнеја UCI 2017


Светска турнеја UCI 2017 — деветто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година, кој вклучувал триесет и седум друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2017.[1] Натпреварувањето започнало со воведната етапа на Тур Даун Андер на 17 јануари, а завршило со Трката околу Гуангси на 24 октомври.[2] Словакот Петер Саган бил бранител на титулата.[3] Ова издание вклучувало десет нови настани.[2]

Светска турнеја UCI 2017
Деветто издание на Светска турнеја UCI
Лого на Светската турнеја {!}alt=Logo
Лого на Светската турнеја
Детали
Датуми17 јануари – 24 октомври
МестаАвстралија, Европа, Азија и Северна Америка
Трки37
Champions
Индивидуален пласман Грег ван Авермет (БЕЛ) (БМЦ Рејсинг Тим)
Екипен пласманТим Скај
2016
2018

Саган не успеал да ја одбрани својата титула, победувајќи само една трка во генералниот пласман на Гран при Квебек во септември,[4] завршувајќи како четврти; завршил еден бод зад третопласираниот Том Димулен. Пласманот бил освоен по прв пат од белгискиот возач Грег ван Авермет,[5] кој вози за БМЦ Рејсинг Тим, освојувајќи 3.582 бода во новосоздадениот бодовен систем низ сезоната. Ван Авермет го предводел пласманот во поголемиот дел од сезоната, освојуваќи четири трки; три од нив на домашен терен на Омлоп Хет Ниусблад,[6] Е3 Харелбеке,[7] и Гент-Вевелгем,[8] и една победа во Франција на Париз-Рубе.[9] Ван Авермет завршил 130 бода пред Британецот Крис Фрум од Тим Скај. Фрум освоил две од трите големи трки во 2017 година, освојувајќи го својот четврт Тур де Франс,[10] пред да ја освои својата прва Вуелта а Еспања, со што дошол до двоецот Тур-Вуелта, прв пат некој во 39 години.[11] Успехот му дале бодови во Светската турнеја и му донеле водство неколку часа пред Ван Авермет кој со седмото место на Гран при Монтреал повторно го надминал.

Во екипниот поредок, Тим Скај преовладале со 12.806 бода,[12] каде покрај победите на Фрум учествувале и Михал Квјатковски (Страде Бјанке, Милано-Сан Ремо и Класика де Сан Себастијан), Серхио Енао (Париз-Ница) и Елија Вивијани (Јуроајс Класик и Класик Бретања). Со 154 бода зад нив биле Квик-Степ Флорс,[12] кои освоиле 30 победи на трките (вклучувајќи 16 етапни победи на големите трки) во текот на сезоната, со победи на Ив Ламперт (Дварс дор Вландерен) и Филип Жилбер (Трка околу Фландрија и Амстел Голд Рејс). Со 10.961 бод,[12] БМЦ Рејсинг Тим завршил на третото место главно поради успесите на Ван Авермет и победите на Ричи Порт (Тур Даун Андер и Тур де Романди) и Дилан Тенс на Трка околу Полска.

ЕкипиУреди

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2017 година се следниве:

Екипи во Светската турнеја 2017 и нивната опрема[13]
Код Официјално име Земја Делови Велосипед
ALM Аг2р-Ла Мондијал   Франција Шимано Фактор Бајкс
AST Астана   Казахстан Шимано / ФСА Аргон 18
BMT Бахреин-Мерида   Бахреин Шимано Мерида
BMC БМЦ Рејсинг Тим   САД Шимано БМЦ
BOH Бора-Хансгрое   Германија TBC Спешалајзд
CDT Канондејл-Драпак   САД Шимано Канондејл
DDD Тим Дименжн Дата   ЈАР Шимано / Ротор Сервело
QST Квик-Степ Флорс   Белгија Шимано / ФСА Спешалајзд
FDJ ФДЖ   Франција Шимано Лапјер
LTS Лото-Судал   Белгија Кампањоло Ридли
MOV Мовистар Тим   Шпанија Кампањоло Кањон
ORS Орика-Скот   Австралија Шимано Скот
SUN Тим Санвеб   Германија Шимано Џајант
UAD ОАЕ Абу Даби   Обединети Арапски Емирати Кампањоло Колнаго
KAT Катјуша-Алпесин   Швајцарија СРАМ Кањон
TLJ Лото НЛ-Џамбо   Холандија Шимано Бјанки
SKY Тим Скај   Обединето Кралство Шимано Пинарело
TFS Трек-Сегафредо   САД Шимано Трек

НастаниУреди

Сите настани од минатата сезона биле вклучени, иако некои настани биле закажани на различни датуми од претходните изданија. Десет нови настани биле додадени на календарот.[2][14] Единаесеттиот настан, Трка околу Катар 2017, првично биле додадени во календарот во октомври 2016 година, но биле откажани во декември 2016 година поради недостиг на спонзори.[15][16] Уште една нова трка за Светската турнеја 2017, Трката околу Турција била одложена од првично закажаниот датум 18-23 април, во февруари.[17] Во март, по состанок на професионалниот велосипедски совет на UCI, трката била презакажана за периодот 10-15 октомври.[17]

За сезоната 2017 бил воведен и нов бодовен пласман, заснован на бодовниот опсег за Светскиот пласман. Така, до 60 возачи — до 20 возачи на големите трки — ќе може да освојат бодови на сите трки.[18][19] Со новиот бодовен систем, пласманот по земји бил исто така отстранет.[19]

Како во 2016, екипниот хронометар на Светското друмско првенство, закажан за 17 септември, требало да носи бодови за екипниот пласман. Во август 2017 година, организацијата на професионалните велосипедисти се согласиле со UCI избегнувајќи бојкот на трката, дека немало да има бодови за Светската турнеја.[20]

Трки во Светската турнеја UCI 2017[2]
Трка Датум Победник Втор Трет Етапни бодови Бодови за предводникот
  Тур Даун Андер 17–22 јануари   Ричи Порт (АВС) 500 бода   Естебан Чавес (КОЛ) 400 бода   Џеј Мекарти (АВС) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
  Голема океанска друмска трка 29 јануари   Никијас Арнт (ГЕР) 300 бода   Сајмон Геранс (АВС) 250 бода   Камерон Мајер (АВС) 0 бода[заб 1] Н/П
  Трка Абу Даби 23–26 февруари   Руј Кошта (ПОР) 300 бода   Илнур Закарин (РУС) 250 бода   Том Димулен (ХОЛ) 215 бода 40, 15, 6 6 бода
  Омлоп Хет Ниусблад 25 февруари   Грег ван Авермет (БЕЛ) 300 бода   Петер Саган (СВК) 250 бода   Сеп Ванмарке (БЕЛ) 215 бода Н/П
  Страде Бјанке 4 март   Михал Квјатковски (ПОЛ) 300 бода   Грег ван Авермет (БЕЛ) 250 бода   Тим Веленс (БЕЛ) 215 бода Н/П
  Париз-Ница 5–12 март   Серхио Енао (КОЛ) 500 бода   Алберто Контадор (ШПА) 400 бода   Даниел Мартин (ИРС) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
  Тирено-Адријатико 8–14 март   Наиро Кинтана (КОЛ) 500 бода   Роан Денис (АВС) 400 бода   Тибо Пино (ФРА) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
  Милано-Сан Ремо 18 март   Михал Квјатковски (ПОЛ) 500 бода   Петер Саган (СВК) 400 бода   Жилијан Алафилип (ФРА) 325 бода Н/П
  Волта а Каталуња 20–26 март   Алехандро Валверде (ШПА) 400 бода   Алберто Контадор (ШПА) 320 бода   Марк Солер (ШПА) 260 бода 50, 20, 8 8 бода
  Дварс дор Вландерен 22 март   Ив Ламперт (БЕЛ) 300 бода   Филип Жилбер (БЕЛ) 250 бода   Алексеј Луценко (КАЗ) 215 бода Н/П
  Е3 Харелбеке 24 март   Грег ван Авермет (БЕЛ) 400 бода   Филип Жилбер (БЕЛ) 320 бода   Оливер Незен (БЕЛ) 260 бода Н/П
  Гент-Вевелгем 26 март   Грег ван Авермет (БЕЛ) 500 бода   Јенс Кекелејре (БЕЛ) 400 бода   Петер Саган (СВК) 325 бода Н/П
  Трка околу Фландрија 2 април   Филип Жилбер (БЕЛ) 500 бода   Грег ван Авермет (БЕЛ) 400 бода   Ники Терпстра (ХОЛ) 325 бода Н/П
  Трка околу Баскија 3–8 април   Алехандро Валверде (ШПА) 400 бода   Алберто Контадор (ШПА) 320 бода   Јон Изагире (ШПА) 260 бода 50, 20, 8 8 бода
  Париз-Рубе 9 април   Грег ван Авермет (БЕЛ) 500 бода   Здењек Штибар (ЧЕШ) 400 бода   Себастијан Лангевелд (ХОЛ) 325 бода Н/П
  Амстел Голд Рејс 16 април   Филип Жилбер (БЕЛ) 500 бода   Михал Квјатковски (ПОЛ) 400 бода   Михаел Албасини (ШВА) 325 бода Н/П
  Флеш Валон 19 април   Алехандро Валверде (ШПА) 400 бода   Даниел Мартин (ИРС) 320 бода   Дилан Тенс (БЕЛ) 260 бода Н/П
  Лиеж-Бастон-Лиеж 23 април   Алехандро Валверде (ШПА) 500 бода   Даниел Мартин (ИРС) 400 бода   Михал Квјатковски (ПОЛ) 325 бода Н/П
  Тур де Романди 25–30 април   Ричи Порт (АВС) 500 бода   Сајмон Јејтс (ВБР) 400 бода   Примож Роглич (СЛО) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
  Трка околу Франкфурт 1 мај   Александер Кристоф (НОР) 300 бода   Рик Цабел (ГЕР) 250 бода   Џон Дегенколб (ГЕР) 215 бода Н/П
  Џиро д’Италија 6–28 мај   Том Димулен (ХОЛ) 850 бода   Наиро Кинтана (КОЛ) 680 бода   Винченцо Нибали (ИТА) 575 бода 100, 40, 20, 12, 4 20 бода
  Трка околу Калифорнија 14–21 мај   Џорџ Бенет (НЗЛ) 300 бода   Рафал Мајка (ПОЛ) 250 бода   Ендру Талански (САД) 215 бода 40, 15, 6 6 бода
  Критериум ди Дофине 4–11 јуни   Јакоб Фуглсанг (ДАН) 500 бода   Ричи Порт (АВС) 400 бода   Даниел Мартин (ИРС) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
  Тур де Свис 10–18 јуни   Симон Шпилак (СЛО) 500 бода   Дамијано Карузо (ИТА) 400 бода   Стевен Краусвејк (ХОЛ) 325 бода 60, 25, 10 10 бода
  Тур де Франс 1–23 јули   Крис Фрум (ВБР) 1000 бода   Ригоберто Уран (КОЛ) 800 бода   Ромен Барде (ФРА) 675 бода 120, 50, 25, 15, 5 25 бода
  Класика де Сан Себастијан 29 јули   Михал Квјатковски (ПОЛ) 400 бода   Тони Галопен (ФРА) 320 бода   Бауке Молема (ХОЛ) 260 бода Н/П
  Трка околу Полска 29 јули  – 4 август   Дилан Тенс (БЕЛ) 400 бода   Рафал Мајка (ПОЛ) 320 бода   Ваут Пулс (ХОЛ) 260 бода 50, 20, 8 8 бода
  Класик Лондон-Сари 30 јули   Александер Кристоф (НОР) 300 бода   Магнус Корт (ДАН) 250 бода   Мајкл Метјус (АВС) 215 бода Н/П
 /  БинкБенк Тур 7–13 август   Том Димулен (ХОЛ) 400 бода   Тим Веленс (БЕЛ) 320 бода   Јаспер Стејвен (БЕЛ) 260 бода 50, 20, 8 8 бода
  Вуелта а Еспања 19 август  – 10 септември   Крис Фрум (ВБР) 850 бода   Винченцо Нибали (ИТА) 680 бода   Илнур Закарин (РУС) 575 бода 100, 40, 20, 12, 4 20 бода
  Јуроајс Класик 20 август   Елија Вивијани (ИТА) 400 бода   Арно Демар (ФРА) 320 бода   Дилан Груневеген (ХОЛ) 260 бода Н/П
  Класик Бретања 27 август   Елија Вивијани (ИТА) 400 бода   Александер Кристоф (НОР) 320 бода   Сони Колбрели (ИТА) 260 бода Н/П
  ГП Квебек 8 септември   Петер Саган (СВК) 500 бода   Грег ван Авермет (БЕЛ) 400 бода   Мајкл Метјус (АВС) 325 бода Н/П
  ГП Монтреал 10 септември   Диего Улиси (ИТА) 500 бода   Хесус Ерада (ШПА) 400 бода   Том-Јелте Слагтер (ХОЛ) 325 бода Н/П
  Џиро ди Ломбардија 7 октомври   Винченцо Нибали (ИТА) 500 бода   Жилијан Алафилип (ФРА) 400 бода   Џани Москон (ИТА) 325 бода Н/П
  Трка околу Турција 10-15 октомври[17]   Диего Улиси (ИТА) 300 бода   Јеспер Хансен (ДАН) 250 бода   Фаусто Маснада (ИТА) 0 бода[заб 2] 40, 15, 6 6 бода
  Трка околу Гуангси 19–24 октомври   Тим Веленс (БЕЛ) 300 бода   Бауке Молема (ХОЛ) 250 бода   Николас Роуш (ИРС) 215 бода 40, 15, 6 6 бода
Забелешки
  1. Бидејќи Мајер возел за националната екипа на Австралија, која не е дел од Светската турнеја, не можел да ги освои бодовите кон пласманите за Светската турнеја.
  2. Бидејќи Маснада возел за Андрони-Сидермек-Ботекија, која не е дел од Светската турнеја, не можел да ги освои бодови кон пласманите од Светската турнеја.

Бодовни пласманиУреди

Поврзано: Светски пласман UCI

ПоединеченУреди

Возачите израмнети со ист број на бодови се подредувани по број на победи, потоа број на втори места, трети места, и натаму, на трките и етапите во Светската турнеја.[21]

Место Име Екипа Бодови
1   Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 3582
2   Крис Фрум (ВБР) Тим Скај 3452
3   Том Димулен (ХОЛ) Тим Санвеб 2545
4   Петер Саган (СВК) Бора-Хансгрое 2544
5   Винченцо Нибали (ИТА) Бахреин-Мерида 2196
6   Михал Квјатковски (ПОЛ) Тим Скај 2171
7   Алехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим 2105
8   Даниел Мартин (ИРС) Квик-Степ Флорс 2050
9   Мајкл Метјус (АВС) Тим Санвеб 2049
10   Алберто Контадор (ШПА) Трек-Сегафредо 1987
11   Филип Жилбер (БЕЛ) Квик-Степ Флорс 1893
12   Ричи Порт (АВС) БМЦ Рејсинг Тим 1882
13   Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 1811
14   Александер Кристоф (НОР) Катјуша-Алпесин 1806
15   Илнур Закарин (РУС) Катјуша-Алпесин 1686
16   Диего Улиси (ИТА) ОАЕ Тим Емирати 1569
17   Бауке Молема (ХОЛ) Трек-Сегафредо 1524
18   Жилијан Алафилип (ФРА) Квик-Степ Флорс 1465
19   Ромен Барде (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал 1464
20   Ригоберто Уран (КОЛ) Канондејл-Драпак 1360
21   Тим Веленс (БЕЛ) Лото-Судал 1326
22   Тибо Пино (ФРА) ФДЖ 1317
23   Јон Изагире (ШПА) Бахреин-Мерида 1276
24   Доменико Поцовиво (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал 1275
25   Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај 1266
  • 436 возачи освоиле бодови. 200 други возачи завршиле на места кои би им донеле бодови, но биле членови на екипи надвор од Светската турнеја.

ЕкипенУреди

Екипниот пласман се пресметува преку додавање на бодовите на сите возачи на екипата во табелата.[22]

Место Екипа Бодови
1 Тим Скај 12806
2 Квик-Степ Флорс 12652
3 БМЦ Рејсинг Тим 10961
4 Тим Санвеб 8033
5 Трек-Сегафредо 7934
6 Мовистар Тим 7399
7 Орика-Скот 7190
8 Бора-Хансгрое 6516
9 Аг2р-Ла Мондијал 6316
10 Канондејл-Драпак 6049
11 Катјуша-Алпесин 5619
12 ОАЕ Тим Емирати 5494
13 Лото-Судал 5466
14 Бахреин-Мерида 5277
15 Астана 5018
16 Лото НЛ-Џамбо 4846
17 ФДЖ 3616
18 Тим Дименжн Дата 2575

Напредок на водствотоУреди

Трка
(победник)
Поединечен Екипен
Тур Даун Андер
(Ричи Порт)
Ричи Порт БМЦ Рејсинг Тим
Голема океанска друмска
трка „Кедел Еванс“

(Никијас Арнт)
Орика-Скот
Омлоп Хет Ниусблад
(Грег ван Авермет)
БМЦ Рејсинг Тим
Трка Абу Даби
(Руј Кошта)
Страде Бјанке
(Михал Квјатковски)
Париз-Ница
(Серхио Енао)
Тирено-Адријатико
(Наиро Кинтана)
Милано-Сан Ремо
(Михал Квјатковски)
Петер Саган
Дварс дор Вландерен
(Ив Ламперт)
Квик-Степ Флорс
Е3 Харелбеке
(Грег ван Авермет)
Грег ван Авермет
Волта а Каталуња
(Алехандро Валверде)
Гент-Вевелгем
(Грег ван Авермет)
Трка околу Фландрија
(Филип Жилбер)
Трка околу Баскија
(Алехандро Валверде)
Париз-Рубе
(Грег ван Авермет)
Амстел Голд Рејс
(Филип Жилбер)
Флеш Валон
(Алехандро Валверде)
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
(Алехандро Валверде)
Тур де Романди
(Ричи Порт)
Трка околу Франкфурт
(Александер Кристоф)
Трка околу Калифорнија
(Џорџ Бенет)
Џиро д’Италија
(Том Димулен)
Критериум ди Дофине
(Јакоб Фуглсанг)
Тур де Свис
(Симон Шпилак)
Тур де Франс
(Крис Фрум)
Класика де Сан Себастијан
(Михал Квјатковски)
Класик Лондон-Сари
(Александер Кристоф)
Трка околу Полска
(Дилан Тенс)
БинкБенк Тур
(Том Димулен)
Јуроајс Класик
(Елија Вивијани)
Класик Бретања
(Елија Вивијани)
ГП Квебек
(Петер Саган)
Вуелта а Еспања
(Крис Фрум)
Крис Фрум Тим Скај
ГП Монтреал
(Диего Улиси)
Грег ван Авермет
Џиро ди Ломбардија
(Винченцо Нибали)
Трка околу Турција
(Диего Улиси)
Трка околу Гуангси
(Тим Веленс)

НаводиУреди

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. конс. 2 октомври 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. конс. 2 октомври 2016. 
  3. „Sagan, Movistar top final UCI WorldTour rankings“. Cycling News. конс. 2 октомври 2016. 
  4. Peter Sagan wins Grand Prix Cycliste de Quebec“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 8 септември 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  5. Roche and Hermans lead BMC at inaugural Tour of Guangxi“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 16 октомври 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  6. Вин, Најџел. „Greg Van Avermaet pips Peter Sagan to Omloop Het Nieuwsblad victory“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 25 февруари 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  7. Van Avermaet wins E3 Harelbeke“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 24 март 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  8. Greg Van Avermaet wins Gent-Wevelgem“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 26 март 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  9. Van Avermaet wins Paris-Roubaix“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 9 април 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  10. Флечер, Пол. „Tour de France 2017: Chris Froome wins yellow jersey for the fourth time“, „BBC Sport“, BBC, 23 јули 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  11. Фотерингем, Вилијам. „Chris Froome seals Vuelta a España title to win historic Vuelta-Tour double“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 10 септември 2017 (посет. 18 октомври 2017 г).
  12. 12,0 12,1 12,2 Флечер, Патрик. „Van Avermaet and Van der Breggen crowned 2017 WorldTour champions“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 24 октомври 2017 (посет. 25 октомври 2017 г).
  13. „WorldTour team bike guide“. конс. 1 декември 2016. 
  14. „Tour of Guangxi added to 2017 WorldTour calendar“. конс. 1 декември 2016. 
  15. „UCI statement on Tour of Qatar“. UCI. конс. 28 декември 2016. 
  16. „Tour of Qatar and Ladies Tour of Qatar cancelled“. Cycling News. конс. 28 декември 2016. 
  17. 17,0 17,1 17,2 UCI statement on the Presidential Cycling Tour of Turkey“, „UCI.ch“, Меѓународен велосипедистички сојуз, 15 февруари 2017 (посет. 15 февруари 2017 г).
  18. A single points scale for calculating the UCI World Ranking and UCI WorldTour rankings from 2017“, „UCI.ch“, Меѓународен велосипедистички сојуз, 22 декември 2016 (посет. 28 декември 2016 г).
  19. 19,0 19,1 „Amendments to regulations as from 01.01.2017“ (PDF). UCI.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. 22 декември 2016. стр. 19–25. конс. 28 декември 2016. 
  20. Браун, Грегор. „UCI strikes deal with teams to prevent boycott of World Championship team time trial“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 18 август 2017 (посет. 24 август 2017 г).
  21. „Поединечен пласман во Светска турнеја UCI - 2017“. Светска турнеја UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 24 октомври 2017. конс. 24 октомври 2017. 
  22. „Екипен пласман на Светската турнеја UCI - 2017“. Светска турнеја UCI. Infostrada Sports; Меѓународен велосипедистички сојуз. 24 октомври 2017. конс. 24 октомври 2017. 

Надворешни врскиУреди