Светска турнеја UCI

Светска турнеја UCI (2009–2010: Светски ранкинг UCI) — годишна велосипедска друмска турнеја за мажи. Во турнејата влегуваат 29 трки и годишниот пласман се заснова на резултатите од овие трки. Светскиот ранкинг бил започнат во 2009 и во 2011 бил споен целосно со неговиот претходник UCI ProTour.

Моментална сезона или издание:
Светска турнеја UCI 2017
UCI World Tour logo.svg
Спорт Друмски велосипедизам
Основана 2009
Број на екипи 18 (други се покануваат
од трка на трка)
Држава неколку
Тековен првак Возач: Грег ван Авермет
Екипа: Тим Скај
Портал uciworldtour.com

Содржина

ИсторијаУреди

Сè до крајот на 2004, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) ги одржувал и Светскиот друмски ранкинг, во кои се наградувале резултатите на сите тие трки и Светскиот друмски куп, кој се наградувал врз основа на резултатите во десет одбрани еднодневни настани. Двата настани биле заменети од сезоната во 2005 од UCI ProTour и континенталните трки UCI. Меѓутоа, споровите помеѓу UCI и АСО, организаторите на Тур де Франс и другите класици и на крај со организаторите на Трките околу Италија и Шпанија, значело дека од 2008, ProTour бил претставен како ранг-метод, како единствен за монументалните настани и трите други класици, кои остануваат под покровителство на UCI. Како резултат на тоа, Светскиот ранкинг UCI бил воведен, спојувајќи ги резултатите од двете ProTour и другите престижни настани.[1]

На почетокот на 2011, ProTour и Светскиот ранкинг биле повторно целосно споени.[2] Системот за рангирање бил ребрендиран како 'Светска турнеја', додека 'ProTeam' [3] бил задржан како категорија за регистрирање на професионалните тимови. Сите ProTeam екипи добиваат автоматски влез на настаните од Светската турнеја.

И покрај што завршиле втори во екипниот пласман во 2012 година, Катјуша првично биле одбиени за место во сезоната 2013.[4] По жалбата во Арбитражниот суд за спорт им била вратена лиценцата во февруари 2013 година, пропуштајќи ја трката Тур Даун Андер 2013.[5] Иако, UCI претходно изјавиле дека враќањето на Катјуша ќе предизвика одземање на лиценца на друга екипа, на крајот објавиле дека ќе има 19 екипи во една сезона.[6] Во 2015 година имало само 17 екипи, откако немало пријавени за 18. место.

За сезоната 2017, UCI додала 10 нови настани во календарот, со што вкупниот број се искачил на 38. Новите настани биле: Трка околу Калифорнија, Трка околу Катар (која подоцна пропаднала), Трка Абу Даби, Трка околу Турција, Дварс дор Вландерен, Омлоп хет Ниусблад, Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, Класик Лондон-Сари, Трка околу Франкфурт и Страде Бјанке.

Настани (од 2017 г.)Уреди

Светската турнеја UCI се состои од 37 настани. Овие настани се сочинети од:

  • Три големи трки
  • Пет монументални еднодневни трки
  • Десет други етапни трки во Европа
  • Дванаесет други еднодневни трки во Европа
  • Една етапна трка во Австралија
  • Една етапна трка во Обединетите Арапски Емирати
  • Една етапна трка во САД
  • Една етапна трка во Кина
  • Две еднодневни трки во Канада
  • Една еднодневна трка во Австралија
Трка Бодови за Светската турнеја[7]
Победник Втор Трет последно место за
кое се добива бодови
  Тур де Франс Краен пласман
Секоја етапа
1000
120
800
50
675
25
60. (10 бода)
5. (5 бода)
  Џиро д’Италија
  Вуелта а Еспања
Краен пласман
Секоја етапа
850
100
680
40
575
20
60. (8 бода)
5. (4 бода)
  Тур Даун Андер
  Париз-Ница
  Тирено-Адријатико
  Тур де Романди
  Критериум ди Дофине
  Тур де Свис
Краен пласман
Секоја етапа
500
60
400
25
325
10
60. (3 бода)
-
  Волта а Каталуња
  Трка околу Баскија
  Трка околу Полска
    БинкБенк Тур
Краен пласман
Секоја етапа
400
50
320
20
260
8
60. (2 бода)
-
  Трка Абу Даби
  Трка околу Турција
  Трка околу Калифорнија
  Трка околу Гуангси
Краен пласман
Секоја етапа
300
40
250
15
215
6
60. (1 бод)
-
  Милано-Сан Ремо
  Гент-Вевелгем
  Трка околу Фландрија
  Париз-Рубе
  Амстел Голд Рејс
  Лиеж-Бастоњ-Лиеж
  Гран при Квебек
  Гран при Монтреал
  Џиро ди Ломбардија
500 400 325 60. (3 бода)
  Е3 Харелбеке
  Флеш Валон
  Класика де Сан Себастијан
  Јуроајс Класик
  Класик Бретања
400 320 260 60. (2 бода)
  Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
  Омлоп Хет Ниусблад
  Страде Бјанке
  Дварс дор Вландерен
  Трка околу Франкфурт
  Класик Лондон-Сари
300 250 215 60. (1 бод)

Во 2009 и 2010, само возачите за ProTour екипите и професионалните континентални екипи добивале бодови. Кога е национален настан, во трката учествува и некоја нерегистирана UCI екипа и неговите членови добивале бодови. Во 2011, се сменија правилата и сега само возачите од ProTeam имаат право да добиваат бодови.

Од 2012 до 2015 година, екипниот хронометар на Светското првенство придонесувал со бодови единствено во екипниот пласман.

ЕкипиУреди

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2017 година се следниве:

Екипи во Светската турнеја 2017 и нивната опрема[8]
Код Официјално име Земја Делови Велосипед
ALM Аг2р-Ла Мондијал   Франција Шимано Фактор Бајкс
AST Астана   Казахстан Шимано / ФСА Аргон 18
BMT Бахреин-Мерида   Бахреин Шимано Мерида
BMC БМЦ Рејсинг Тим   САД Шимано БМЦ
BOH Бора-хансгрое   Германија TBC Спешалајзд
CDT Канондејл-Драпак   САД Шимано Канондејл
DDD Тим Дименжн Дата   ЈАР Шимано / Ротор Сервело
QST Квик-Степ Флорс   Белгија Шимано / ФСА Спешалајзд
FDJ ФДЖ   Франција Шимано Лапјер
LTS Лото-Судал   Белгија Кампањоло Ридли
MOV Мовистар Тим   Шпанија Кампањоло Кањон
ORS Орика-Скот   Австралија Шимано Скот
SUN Тим Санвеб   Германија Шимано Џајант
UAD ОАЕ Абу Даби   Обединети Арапски Емирати Кампањоло Колнаго
KAT Катјуша-Алпесин   Швајцарија СРАМ Кањон
TLJ ЛотоНЛ-Џамбо   Холандија Шимано Бјанки
SKY Тим Скај   Обединето Кралство Шимано Пинарело
TFS Трек-Сегафредо   САД Шимано Трек

РезултатиУреди

Поединечен пласманУреди

Година 1. 2. 3. 4. 5.
2009   Алберто Контадор
Астана
527 бода   Алехандро Валверде
Кес д’Епарњ
483 бода   Самуел Санчез
Еускалтел-Еускади
357 бода   Енди Шлек
Тим Саксо Банк
334 бода   Кедел Еванс
Сајленс-Лото
333 бода
2010   Хоаким Родригез
Катјуша
561 бода   Филип Жилбер
Омега Парма-Лото
437 бода   Луис Леон Санчез
Кес д’Епарњ
413 бода   Кедел Еванс
БМЦ Рејсинг Тим
390 бода   Винченцо Нибали
Ликвигас-Доимо
390 бода
2011   Филип Жилбер
Омега Парма-Лото
718 бода   Кедел Еванс
БМЦ Рејсинг Тим
584 бода   Хоаким Родригез
Катјуша
446 бода   Микеле Скарпони
Лампре-ИСД
419 бода   Тони Мартин
ХТЦ-Хајроад
349 бода
2012   Хоаким Родригез
Катјуша
692 бода   Бредли Вигинс
Тим Скај
601 бода   Том Бонен
Омега Парма-Квик Степ
410 бода   Винченцо Нибали
Ликвигас-Канондејл
400 бода   Алехандро Валверде
Мовистар Тим
394 бода
2013   Хоаким Родригез
Катјуша
607 бода   Крис Фрум
Тим Скај
587 бода   Алехандро Валверде
Мовистар Тим
540 бода   Петер Саган
Канондејл
491 бода   Винченцо Нибали
Астана
474 бода
2014   Алехандро Валверде
Мовистар Тим
686 бода   Алберто Контадор
Тинкоф-Саксо
620 бода   Сајмон Геранс
Орика-ГринЕЏ
478 бода   Руј Кошта
Лампре-Мерида
461 бода   Винченцо Нибали
Астана
392 бода
2015   Алехандро Валверде
Мовистар Тим
675 бода   Хоаким Родригез
Катјуша
474 бода   Наиро Кинтана
Мовистар Тим
457 бода   Александер Кристоф
Катјуша
453 бода   Фабио Ару
Астана
448 бода
2016   Петер Саган
Тинкоф
669 бода   Наиро Кинтана
Мовистар Тим
609 бода   Крис Фрум
Тим Скај
564 бода   Алехандро Валверде
Мовистар Тим
436 бода   Алберто Контадор
Тинкоф
428 бода
2017   Грег ван Авермет
БМЦ Рејсинг Тим
3582 бода   Крис Фрум
Тим Скај
3452 бода   Том Димулен
Тим Санвеб
2545 бода   Петер Саган
Бора-хансгрое
2544 бода   Винченцо Нибали
Бахреин-Мерида
2196 бода

Екипен пласманУреди

Година 1. 2. 3.
2009 Астана Кес д’Епарњ Тим Колумбија-Хај Роад
2010 Тим Саксо Банк Ликвигас-Доимо Рабобанк
2011 Омега Парма-Лото Тим Скај Леопард Трек
2012 Тим Скај Катјуша Ликвигас-Канондејл
2013 Мовистар Тим Тим Скај Катјуша
2014 Мовистар Тим БМЦ Рејсинг Тим Тинкоф-Саксо
2015 Мовистар Тим Катјуша Тим Скај
2016 Мовистар Тим Тинкоф Тим Скај
2017 Тим Скај Квик-Степ Флорс БМЦ Рејсинг Тим

Национален пласман (до 2016 г.)Уреди

Година 1. 2. 3.
2009   Шпанија   Италија   Австралија
2010   Шпанија   Италија   Белгија
2011   Италија   Белгија   Австралија
2012   Шпанија   Обединето Кралство   Италија
2013   Шпанија   Италија   Колумбија
2014   Шпанија   Италија   Белгија
2015   Шпанија   Италија   Колумбија
2016   Шпанија   Колумбија   Обединето Кралство

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди