Црковни отци

(Пренасочено од Свети отци)

Црковни отци или Свети отци — ранохристијански теолози и писатели, кои извршиле големо влијание врз христијанството како нова религија. Кога се зборува за Апостолските отци се мисли на неколкумина ранохристијански автори коишто живееле и работеле во втората половина на 1 век и првата половина на 2 век. Овие автори се сметаат за многу важни во раната црква, но нивните дела не се вклучени во книгите на Новиот завет. Терминот „апостолски мажи“ се употребува за да се потенцира нивната поврзаност со апостолите, со ова се прави една врска помеѓу апостолите кои лично го познавале Исус и подоцнежните генерации на христијански апологети и развивачи на христијанското учење. Дисциплината која се занимава со изучување на црковните отци и нивните дела се нарекува патристика (или патрологија).

Црковните отци на живопис.

Најпознати Апостолски отци се апостол Варнава, Климент Римски (30 – 100), Игнатиј Богоносец и Поликарп Смирнски. На овие им се додаваат и Дидахи – Учењето на 12те апостоли, Пастирот на Ерма, Второ климентово послание, Послание до Диоген, иако не се знае точно кој ги напишал. Текстовите кои се појавуваат подоцна од овие не се сметаат за дела на Апостолските отци и истите биле отфрлени од страна на Игнатиј како спротивни на преданието предадено од страна на апостолите.

Делата на Црковните отци покриваат повеќе литературни форми, па така делата на Климент Римски се во форма на писма (посланија), други пак третираат историски настани, како на пример мачеништвото на Поликарп Смирнски, а Дидахи, пак, претставува упатство за морална и литургијска пракса. Покрај овие Црковни отци во делата на Црковните отци сретнуваме и други дела и писатели, но истите денеска се исчезнати. Тие постојат само како посочувања, цитати, прераскажување или фрагменти пишувани на папирус. Честопати овие дела за третираат теми за кои не се зборува во канонските книги на Новиот завет. Покрај овие во периодот на Црковните отци се среќава и дела кои може да се класификуваат како деспосини, апокрифи, псевдографии и дела на нехристијански водачи или кривоверци како што биле на пример Маркион и Валентиј.

Апостолски отци

уреди

Климент Римски

уреди

Првото послание на Климент Римски[1] било препишувано и нашироко користено и се смета дека е најстаро христијанско послание надвор од оние во Новиот завет. Текстот е едноставен за разбирање, двапати подолг од Посланието до Евреите и ја покажува запознаеноста на писателот со голем број од книгите од Светото Писмо, од Стариот и од Новиот завет. Во посланието повеќепати се зборува за Стариот завет како за Писмо и се сретнуваат голем број цитати од Книга Јудита. Во ова свое послание Климент ги повикува христијаните од Коринт да ја сочуваат хармонијата и поредокот.

Традицијата го именува Климент, четвртиот епископ на Рим за писател на ова послание, а поголемиот број научници се сложуваат со автентичноста на посланието. Денес генерално се смета дека е напишано подоцна од времето кога живеел свети Климент и се лоцира во втората половина на 2 век помеѓу 140160 година. Според ова тоа не може да биде негово дело. Додека Првото послание на Климент има форма на послание, Второво повеќе наликува на запишана омилија или проповед, со што претставува најстара проповед стигната до нас надвор од Новиот завет.

Игнатиј Антиохиски

уреди

Игнатиј Антиохиски (познат уште и како Богоносец) (35110) бил третиот епископ на Антиохија и ученик на светиот апостол и евангелист Јован. На патот кон своето мачеништво во Рим, Игнатиј напишал повеќе писма кои денеска се познати и претставуваат пример за теологијата на раното христијанство. Во овие писма меѓу останатото се зборува и третира еклесиологијата, тајните и улогата на епископот. Во нив, Игнатиј јасно ја претставил хиерерхијата на локалната црква која според него е составена од: епископ, свештеници и ѓакони и тврди дека во некои од црквите говорел под инспирација на Светиот Дух. Тој е втор, после Климент Римски кој ги споменал Посланијата на апостол Павле.

Поликарп Смирнски

уреди

Поликарп Смирнски (69155) бил епископ на Смирна и според традицијата ученик на Јован. Свети Поликарп се обидел, но не успел да го убеди епископот на Рим, Аницет, Велигден да се слави на 14 Нисан, а го одбил предлогот на римскиот епископ источните епископи да го преземат датумот за славење на Велигден од западните епископи. Во 155 година Поликарп бил убиен, бидејќи бил христијанин. Негов ученик бил свети Иринеј Лионски.

Дидахи претставува краток ранохристијански трактат[2], кој поголемиот број научници го датираат почетокот на 2 век. Во него постојат упатства за христијанските заедници. Самиот текст е поделен на три дела во кои се третират христијански поуки, ритуали како што е крштението и евхаристијата и црковната организација. Некои од Светите отци го сметаат за дел од Новиот завет, а други, пак, силно го отфрлаат[3].

Делови од Дидахи можеби го составувале и првиот пишан катахизис. Сè до 19 век за Дидахи се знаело само преку други текстови во коишто истиот се спомнувал, но во 1873 година бил откриен целосниот декст на ова ранохристијанско дело.

Пастирот Ерма

уреди

Пастирот Ерма претставува апокалиптично-пророчко дело кое некои од раните отци на Црквата го сметале и за канонско, такви се Иринеј и Тертулијан. Напишано е во градот Рим на грчки јазик. Делото е составено од 5 виденија, 12 заповеди и 10 приказни (параболи) и е во алегориска форма, а се обраќа до верните повикувајќи ги на покајание за гревовите коишто ги направиле.

Истакнати отци

уреди

Еве скратен список на неки од поистакнатите отци од источното и западното христијанство:

Источни отци

уреди
Кападокиски отци

Западни отци

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Се смета дека е напишано 96 година
  2. Апостолски институции, 85-иот канон (одобрен на Трулскиот собор од 692 година); Rufinus, Коментари на апостолскиот символ (како девтероканонско) околу 380 година; Свети Јован Дамаскин, Изложување на православната вера 4.17.
  3. Атанасиј, 39-то писмо (Letter XXXIX.— For 367) (го исклучува од канонот, но сепак го препорачува за читање; Никифор I Цариградски (патријарх 806 – 815) во својата Стихометрија.