Свети Павле Тивејски

Павле Тивејски (228-341) е христијански светец.

Павле Тивејски
Свети Павле Тивејски
The First Hermit
Роден(а) 228, Египет
Починал(а) 341, Теба
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православие,
Древноисточни цркви,
Римокатоличка црква,
Источни католички цркви
Главно светилиште Манастир Свети Павле Тивејски, Египет
Слава 15 јануари (Римокатоличка црква)
15 јануари (Православие)
9 февруари (Древноисточни цркви)
Обележја два лава, палма
Заштитништво Сан Пабло

Роден e од богати родители во долна Тива (Теба) Мисирска за време на царот Декиј. Целиот родителски имот го наследил Павле со една своја сестра. Но неговиот зет, кој бил идолопоклоник, посакал и делот од имотот на Павле да го заграби, па му се заканил дека ќе го издаде на судот како христијанин, ако не му го отстапи својот имот. По ова Павле заминал во пустина, препуштувајќи го целиот имот на својот зет, каде се џадржал до својата смрт.

до каква духовна височина достигнал овој монах, сведочи Антониј Велики, кој еднаш го посетил Павле и го видел како ѕверовите и птиците небесни му служат. Враќајќи се од таа посета Антониј им рекол на своите монаси: “Тешко мене, деца мои, на грешниот и лажниот монах што сум самомонах по име. Го видов Илија, го видов Јована во пустината и навистина го видов Павлета − во Рајот!”[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 15 јануари.

Наводи уреди

  1. „Охридски пролог“ стр. 18