Свети тајни

(Пренасочено од Света тајна)
Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Свети тајни (грчки: μυστήρια) — важни обреди во христијанството, чиј број се разликува според различните деноминации.

Во православието, Светите тајни се: крштевање, миропомазание, евхаристија, покајание, свештенство, брак и елеосвештенство. Самиот пристап на првославниот христијанин во црквата претставува света тајна. Според христојанското верување, светата тајна претставува чин на преобразба. Исус Христос не само што ги спасува луѓето, туку и им ги простува ниовните гревови и ги преобразува нивните животи.

Светите Тајни според христијанските верувања претставуваат постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бог. Тие се плодови на животот и смртта на Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и црквата, можат да бидат видливи и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваат христијаните за нив не е исто со она што го гледаат, односно човекот гледа едно нешто, но верува во друго.

Крштевање

уреди
Јован го крсти на Исус Христос

Крштевањето во христијанството е темелна тајна на црква. По применото крштевање, лицето може да биде наречен христијанин, станува полноправен член на христијанската црква и стекнува право на сите останати тајни и богослужби на црквата, но и на себе ги прима сите останати одговорности во црквата. Самото крштевање било потенцирано и од страна на Исус Христос:

Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал![1]
Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние? И заповеда да ги крстат во името на Исуса Христа

Исто така, преку крштевањето според христијанската традиција, се влегува во црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Исус:

{{cquote|Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо)}[2]

Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од Светиот Дух. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови.

Историја

уреди

Крштевањето се практикувало уште во најстаро време, како симбол на физички и морален очај. Христијанското крштевање води потекло од Исусовото крштење од страна на Јован Крстител. Во првите векови на христијанството, крштевањето секогаш претходело на запознавањето на верникот со религијата. Во раното христијанство, крштевањето се вршило само над т.н. зрели верници, кои претходно морале да се пријават како кандидати за обред на крштевање и определен период да се пуштат во пост и молитва. За да верниците бидат крстени, тие морале да се покажат како достојни за таа работа. Периодот можел да достигне и до две години, за да доколку се покажат достојни, да следи обредот на самото крштевање.

Во раната црква, исто така крштевањето се одвивало преку потопување во вода. Таа форма се практикува и денес во Источната црква, кај Баптистите, Адвентистите и други протестантски деноминации.

Обред

уреди

Според правилата на православието, чинот на воведување на едно новородено дете во црквата се врши веднаш по раѓањето на детето каде треба да се повика свештеник кој се моли над мајката и детето. Осмиот ден по раѓањето, евреите ги обрезуваат децата, по старозаветниот закон. Тој ден бил обрежан и Господ и тој ден христијанската мајка треба да го однесе детето кај свештеникот, по можност пред црквата, свештеникот да изврши знаменување, да го прогласи за огласен, да му даде име кое ќе го носи до крштевањето и да благослови вода која се додава во водата за капење или детето се посипува до крштевањето или до четириесеттиот ден по раѓањето. Четириесеттиот ден по раѓањето, свештеникот врши уцрковување (воведување во храм) на новороденото дете, но само на крстено дете. Тоа е време кога по старозаветниот закон се навршувале деновите одредени за чистење на мајката, и кога пресвета Богородица го вовела Христос во Храмот пред старецот Симеон, затоа и детето на тој ден се воведува во црквата. Во православната црква крштевањето е споено со Миропомазанието. Важниот чин на самото крштевање е тројното потопување во света вода.

Миропомазание

уреди
Миропомазанието на Николај II во катедралата на Успението, 1896 (Третјаковска галерија, Москва).

Миропомазанието е Света тајна во која преку помачкување со свето миро на одредени делови од телото, во името на Светиот Дух во христијанската религија, му се даваат на крстениот посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, просветлуваат и усовршуваат во духовниот живот.

Библиски извори

уреди

Всушност, според христијанската традиција, со светото миропомазание верникот го добива Светиот Дух и Неговата благодат. За ова самиот апостол Јован им вели на христијаните:

А вие имате помазание од Светиот, и знаете сè. Не ви пишав дека не ја знаете вистината, туку дека ја знаете како и дека ниедна лага не доаѓа од вистината[3]

Во светата тајна миропомазание, според верувањата, верникот се исполнува со силата на Светиот Дух и се запечатува во новиот духовен живот. Ова следува од зборовите на апостол Павле:

Бог е Оној, Кој нè утврди со вас во Христа и нè помаза; Он и нè запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши“ (2. Кор. 1, 21-22). Оттука и ние сме „запечатени преку ветениот Свети Дух“ (Ефес. 1, 13)

Начин

уреди

Обредот односно начинот на миропомазание е следниот: се помазува челото – за осветување и просветување на умот; градите – за осветување и просветување на срцето; очите, ушите, устата – за осветување и просветување на надворешните сетила; рацете и нозете – за осветување и просветување на севкупната дејност и однесување на верникот. Помазувањето се врши со свето миро. Тоа е густа течност, составена од чист елеј, вино и многу други миризливи состојки, и осветена од епископите. Правото за осветување миро им припаѓа само на епископите, а правото за вршење на светата тајна миропомазание им припаѓа на епископите и на свештениците.

Помазувањето се врши веднаш по Крштевањето, или во случај, кога некој, кој бил крстен во црквата, ќе отпадне од верата, и ако сака пак да се врати во светата црква, бива приман назад во црквата преку миропомазание, за да се утврди во верата преку печатот на дарот на Светиот Дух.

Евхаристија

уреди
Украинска икона од Тајната вечера.

Светата Евхаристија во христијанската црква се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата, кој која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без неа Христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната црква ја сметале за најважен и основен дел на црковнотото собрание, затоа што таа давала значење и смисол на сите богослужби. Во потесен смисол, во црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на литургијата.

Поголемиот број од христијанските деноминации веруваат дека Христовото тело и крв реално присуствуваат во причествувањето. Некои протестантски цркви ова го толкуваат само како симболика.

Евхаристијата во црквата се разбира како вистинското тело и крв на Исус Христос. Според традицијата, тоа било создадено уште во времето на Тајната вечера (Матеј 26:26-28), (Лука 22:19), каде пишува:

И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: „Примете, јадете; тоа е Моето тело.“ Потоа ја заеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина.
Вистина, вистина ви кажувам; ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден

Според Библијата, оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите христијани ја вршеле редовно.

Покајание

уреди

Во оваа Света тајна, христијаните ги исповедуваат своите гревови направени по нивното крштевање пред свештеникот и преку него невидливо добиваат опростување на гревовите од Исус Христос. Секој христијанин, според канонските прописи е должен да ги исповеда своите гревови во дух на искрено покајание и цврсто ветување на Бог, дека ќе се труди со сета своја сила да ги избегнува гревовите и нема да ги повторува истите. По исповедта свештеникот дава благослов за опростување на гревовите, нагласувајќи дека тоа го прави во името на Исус Христос.

Оваа Света тајна ја установил Исус Христос по своето воскрсение, во своето прво јавување на апостолите, давајќи им власт да можат да ги опростуваат гревовите:

Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат[4]

Видливата страна на оваа Света тајна се состои во усмено исповедање на гревовите, благословот од свештеникот и одредените молитви. Невидливата страна се изразува во невидливо опростување на гревовите под дејство на благодатта Божја. За оваа Света тајна верниците се подготвуваат преку пост, молитва и правење добри дела. Потоа, испитување и сознавање на своите гревови, зашто без сознание на гревовите не е можно да има вистински покајание, потполно исповедување на грвовите пред свештеникот, крстот и иконата, со ветување дека ќе продолжи да живее според Божјите закони, бегајќи од гревот, а сè со цел да добие спасение на душата.

Свештенство

уреди

Свештенството, односно Светата Тајна Свештенство е залог на присуството на Исус Христос во црквата [5], која ја стекнал со крвта своја, и во која постојано делува преку Светиот Дух, како нејзин божествен основал и поглавар. Неговото постојано присуство во црквата било објавено преку епископите, презвитерите и ѓаконите.

Преку ракополагањето, според христијанската традиција, свештените лица го примаат дарот на Светиот Дух, кој ги посветува и поставува на определениот степен на црковната хиерархија. Како што на апостолите им дал власта за поучување и свештенодејствување, така Исус ја дал власта и службата на црковната хеиерархија, како Пастир и Чувар на верниците [6].

Брак

Бракот во христијанството е Света тајна во која младоженецот и невестата пред свештеникот и црквата даваат слободно ветување за својата заемна брачна верност и нивната врска се благословува како слика на блискоста на Христос со црквата и им се дава благодат која ја осветува нивната врска за заемно помагање и благословено раѓање и христијанско воспитување на деца. Според христијанските верувања, Бог уште во рајот ја осветил брачната врска кога го благословил Адам со Ева. Самата тајна се извршува во средината на црквата, пред Светиот Крст и Светото Евангелие. Две важни работи и припаѓаат на видливата страна од бракот:

  • свечена изјава на младоженецот и невестата пред црквата дека слободно стапуваат во брачна врска,
  • свечениот благослов на нивната брачна врска-од страна на свештеникот-кој им става венци на главата

Раните христијански писатели исто така, потврдуваат дека Евхаристијата му дава на бракот особено христијанско значење. Така Тертулијан (2 век) пишува дека:

бракот е уреден со Црквата, потврден со бескрвната Жртва (со Евхаристијата), запечатен со благословот, а на небото напишан од Ангелите Божји“ (За Неговиот живот).

Чинот на Светата Тајна Брак е исполнет со симболизам кој потврдува дека мажот и жената се крунисуваат еден со друг, “и двајцата постануваат едно тело“. Надворешните дејства и изгледот се потврда на духовната реалност на венчавањето. Самиот чин се состои од два дела: прстенување и крунисување. Во минатото било пракса овие два дела да се извршуваат одвоено, така што прстенувањето се извршувало на веридбата, а крунисувањето на денот на свадбата или венчавањето. Денес тие се извршуваат заедно како една целина.

Прстенување

уреди

Од најстаро време прстените претставувале симбол на брачност. Невестата и момчето ги сменуваат прстените трипати, во чест на Света Троица, симболизирајќи дека во бракот нивните дарби, таленти и великодушност, ќе ги делат еден со друг. Во Православната црква прстените се ставаат на десната рака, затоа што десната рака, според традицијата претставувала симбол на сила и почит. Променувањето на прстените ја симболизира нераскинливата врска во христијанскиот брак. По ова следува благослов даден од страна на свештеникот и менување на прстените од страна на кумот.

Елеосвештенство

уреди

Елеосвештенството во христијанската црква претставува Света тајна, во која на христијанинот со осветен му се помазуваат одредени делови од телото и, невидливо му се дава благодат Божја, која ги исцелува не само духовните туку и телесните болки (Јак.5.14-15). И оваа Света Тајна била востановена од Исус Христос. Се извршува над тешко болни верници за излекување од нивните болести.

Наводи

уреди
  1. Матеј 28:19
  2. Јован 3, 5
  3. 1. Јн. 2, 20-21
  4. Јован 20, 22-23
  5. Мт 28,20
  6. 1Пет 2,25