Сајберпсихологија

Сајберпсихологија или киберпсихологија (позната и како Интернет-психологија или веб-психологија) — област во развој  која ги опфаќа сите психолошки феномени поврзани со новите технологии. Сајбер доаѓа од зборот сајбер-простор - дигиталниот свет на компјутерски мрежи, посебно Интернет.

ПрегледУреди

Сајберпсихологијата го проучува човековиот ум и однесување, како и начинот на кој технолошката култура, посебно виртуалната реалност и социјалните медиуми влијаат врз нив.[1] Редовните истражувања се фокусираат на ефектот на Интернет и сајбер-просторот на психологијата на поединците и групите. Некои популарни теми се: онлајн идентитет, онлајн односи, типовите на личности во сајбер-просторот, психолошки трансфер во односот кон компјутерите, зависност од компјутери и Интернет, регресивно однесување во сајбер-просторот, онлајн родовата идентификација итн. Психологијата на медиуми е нова психолошка дисциплина во развој. Друштвото за психологија на медиуми и технологија во рамките на Американската психолошка асоцијација (АПА) вклучува и многу сајбер-психолози.[2]

Додека статистичките и теоретски истражувања во оваа област се насочени кон користењето на Интернетот, сајберпсихологијата исто така вклучува и изучување на психолошките ефекти на киборзите, вештачката интелигенција и виртуелната реалност. Иако некои од овие теми на прв поглед спаѓаат во доменот на научната фантастика, тие забрзано  се претвораат во научни факти, пред сè преку интердисциплинарните студии во полето на биологијата, инженерството и математиката. Сајберпсихологијата останува отворена за подобрувања, вклучително и изучување на природата на тековните и идни трендови во третманот на психичките нарушувања поврзани со технолошкиот развој.  

НаводиУреди

  1. Blascovich, Jim; Bailenson, Jeremy. Infinite reality: avatars, eternal life, new worlds, and the dawn of the virtual revolution (изд. 1st.). New York: William Morrow. ISBN 0061809500.
  2. „Society For Media Technology & Psychology“. 2017.