Сафет Алиу (албански:Safet Aliu; Горно Седларце, 20 јули 1948) — македонски правник, врховен судија и поранешен потпретседател на Државната изборна комисија на Македонија.[1] Тој сеуште живее во Горно Седларце.

Животопис

уреди

Алиу е роден на 20 јули 1948 година во тетовското село Горно Седларце. Во родниот крај завршил основно училиште и гимназија. Во септември 1972 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина. Во 1975 година, тој положил правосуден испит. Првпат се вработил во март 1973 година во Општина Тетово, во Одделението за имотно-правни работи. На 9 април 1976 година, тој бил избран за судија на Општинскиот суд во Тетово, функција што ја вршел до 15 јули 1996 година. На 13 март 1996 година, тој бил избран за судија на Апелациониот суд во Скопје, а од 18 јули 2000 година е избран за судија на Врховниот суд на Македонија. На 23 септември 1993 година е наименуван за член на Комисијата за полагање на правосудниот испит по предметот трудово право за време од две години, а на 10 мај 2000 година, тој бил наименуван за член на истата комисија, испитувач по предметот граѓанско право (материјално и процесно право) за време од две години. На 3 март 2002 година, од страна на на Претседателот на Република Македонија, тој бил именуван за заменик на Претседателот на Државната изборна комисија на Македонија.[2].

Наводи

уреди
  1. „Мирјана Лазарова Трајковска - претседател на ДИК“. А1. 3 јули 2002. Посетено на 2010-01-20.
  2. Претседател на Македонија, Скопје, Одлука бр.07-788