Сара Гранд (англиски: Sarah Grand, 10 јуни 1854 — 12 мај 1943) — ирска феминистичка писателка која била активна од 1873 до 1922. Нејзините дела се воглавно феминистички.

Сара Гранд
Sarah Grand by Mendelssohn.jpg
Сара Гранд
Роден/аФрансис Елизабет Беленден Кларк
10 јуни 1854
Роузбенк Хаус, Донахади, Ирска
Починат/а12 мај 1943(1943-05-12) (возр. 88)
Калн, Вилтшир, Англија
НационалностИрска/ Британка
Жанрфикција
Предметфеминизам
Значајни делаThe Heavenly Twins
Години на активност1873 — 1922
Сопруг/аДејвид Чемберс Мекфал
Деца1

БиографијаУреди

Сара Гранд била родена како Франсис Елизабет Беленден Кларк во Роузбанк Хаус, Донагади, округ Даун, Ирска, од англиски родители. Нејзин татко бил Едвард Џон Беленден Кларк (1813–1862), а мајка и била Маргарет Бел Шервуд (1813–1874). Кога нејзиниот татко починал, нејзината мајка ги однела заедно со нејзините браќа и сестри во Бридлингтон, Англија, за да бидат во близина на нејзиното семејство, кое живеело во Ризом Гарт кај Холмптон во Јоркшир.[1]

Образованието на Гранд беше многу спорадично, но сепак успеала со упорност да направи кариера за себе како активист и писател, потпирајќи се на нејзините патувања и животни искуства.

Во 1868 година Гранд била испратен во Кралската поморска школа, Твикенхам, но набргу била протерана поради организирање групи кои ги поддржувале протестите на Џозефин Батлер против Законот за заразни болести, кои прогонувале проститутки како заразени жени, како единствена причина за ширење на сексуално преносливи болести.

Потоа, Гранд била испратена на училиште во Кенсингтон, Лондон. Во август 1870 година, на шеснаесетгодишна возраст, се омажила за Дејвид Чемберс Мекфел, кој беше 23 години постар од неа и имале два сина од претходниот брак.

Од 1873 до 1878 година семејството патувало на Далечниот Исток, обезбедувајќи и на Гранд повеќе материјал за нејзината фантастика. Во 1879 година се преселиле во Норич, а во 1881 година во Ворингтон, Ланкашир каде нејзиниот сопруг се пензионирал.[2]

ДелаУреди

  • Ideala, 1888
  • The Heavenly Twins, 1893
  • Our Manifold Nature, 1894
  • The Beth Book, 1897
  • Babs the Impossible,1901
  • Adnam's Orchard, 1912
  • The Winged Victory, 1916
  • Variety, 1922

НаводиУреди

  1. [1][мртва врска]
  2. „Sarah Grand“. Ulstehistory.co.uk. Архивирано од изворникот на 22 February 2014. Посетено на 18 December 2014.

Надворешни врскиУреди