Санде Цветановски

Санде Радев Цветановски ( 1926 во Говрлево, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство. Есента 1944 година во неговото и соседните села дејствувале македонските бригади, па најпрво ги помагал партизаните. Како младинец се вклучил во политичката дејност, настојувајќи целото население да се вклучи во помагањето на народната војска. Во ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа на Скопска Црна Гора, учествувал во борбите за разоружувањето и ликвидирањето на заостанатите балистички банди. Подоцна заминал за Срем, каде ја совладал воената обука оспособувајќи се успешно да ракува со новоприменото оружје. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година, храбро загинал во борбите за ослободување на Врпоље. Бил закопан на боиштето, каде што загинал.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 159. На |first= му недостасува |last= (help)