Руско здружение на пролетерски писатели

Руското здружение на пролетерски писатели, познато и под неговата кратенка РАПП (руски: Российская ассоциация пролетарских писателей) ― поранешен службен творечки сојуз во Советскиот Сојуз основан во јануари 1925 година.[1]

Меѓу наведените цели била „да се чисти и да се казнува“ во името на Партијата“, т.е. ефективно поттикнување на цензура на книжевноста врз идеолошка основа. Станала злогласна по своите ентузијастички напади врз писатели кои не одговарале на дефиницијата на РАПП за „вистински советски писател“, што на крајот заработила критики од раководството на болшевичката партија.[1] Меѓу нејзините први цели биле Евгениј Замјатин и Борис Пилњак[2] и биле мета на и за и против-болшевички писатели, особено Михаил Булгаков, Максим Горки, Владимир Мајаковски и Алексеј Толстој.

Администрацијата на РАПП се состоела од голем број советски писатели и книжевни критичари. Меѓу нив биле Леополд Авербах (основач и главен секретар), Владимир Киршон, Дмитриј Фурманов, Александар Фадеев, Алексеј Селивановски, Владимир Ставски, Јуриј Либедински, Владимир Јермилов и други.

Во април 1932 година, РАПП, заедно со другите творечки синдикати, како што Пролеткулт ВОАПП и Руското здружение на пролетерски музичари, било распуштено, а наместо тоа беше создаден Сојузот на писатели на СССР.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 "RAPP", Книжевна енциклопедија (1929-1939) (руски)
  2. "Разбирајќи го Борис Пастернак, Лариса Рудова (1997) ISBN 1-57003-143-6, p. 64

Надворешни врскиУреди