Рудолф II (војвода од Саксонија-Витенберг)

Рудолф II (германски: Rudolf II, роден во 1307 - починал на 6 декември 1370 во Витенберг) — владетел од династијата Аскани како војвода од Саксонија и изборен кнез од Саксонија во периодот од 1356 до 1370 година.

Рудолф II
Rudolf-II-von-Sachsen.jpg
Изборен кнез на Саксонија
На престол1356–1370
ПретходникРудолф I
НаследникВенцел I
Роден(а)о.  1307
Починал(а)6 декември 1370(1370-12-06)
Витенберг
Почивалиште
Палатската црква во Витенберг
СопругиЕлизабета Хесенска
Елизабета Линдов-Рупин
ДецаБеате
Елизабета
Албрехт
ДинастијаАскани
ТаткоРудолф I
МајкаБригита

Рани годиниУреди

Рудолф бил син и наследник на војводата Рудолф I (починал во 1356) и на неговата прва сопруга Јута (Бригита) од Бранденбург, ќерка на маркграф Отон V од Бранденбург.

Рудолф од својот татко многу рано добил дипломатски задачи. На 25 август 1346 година Рудолф учествувал во Битката кај Креси на страна на францускиот крал Филип VI Валоа и по смртта на бохемскиот крал Јан Луксембуршки (26 август 1346 година), ја презел командата на германските сили. Францускиот крал му подарил еден трн со крв од круната на Исус Христос. Оваа вредна реликва била ставена во изградената од татко му базилика во палатата Витенберг.

УправувањеУреди

За првпат Рудолл како изборен кнез на Саксонија се среќава во 1370 година, иако оваа право го имал уште од 1356 година. Непосредно пред неговата смрт тој ослепил речиси целосно и затоа е познат уште како „Рудолф Слепиот“.

По неговата смрт Рудолф II бидејќи немал деца, бил наследен од неговиот помал брат Венцел I.

Во февруари 2009 година бил откриен неговиот гроб при ископувањето на поранешниот францискански манастир во Витенберг. Рудолф бил погребан со оловниот свој меч во дрвен сандак до втората сопруга и неговата ќерка.[1].

СемејствоУреди

Рудолф II се ожени во 1336 година за Елизабета († 1354), ќерка на Отон I Хесенски, и по вторпат за Елизабета († 15 ноември 1373), ќерка на грофот Улрих II Линдов-Рупин.

Од првиот брак тој имал две деца:

  • Беате (починало по 1373 година)
  • Елизабета (починало во 1353 година)

Од вториот брак имал едно дете:

  • Албрехт (починало во 1371 година)

ЛитератураУреди

  • Paul Braun: Von der Wittenberger Stiftskirche, in: Blätter für Heimatgeschichte. Beilage der Wittenberger Zeitung, January 1929
  • Georg Hirschfeld: Geschichte der Sächsisch-Askanischen Kurfürsten, Verlag Sittenfeld, Berlin, 1884
  • Friedrich Israel: Das Wittenberger Universitätsarchiv. Seine Geschichte und seine Bestände, Gebauer-Schwetschke Verlag, Halle (Saale), 1913
  • Heinrich Kühne: Die Askanier. Aus der Geschichte der sächsisch-askanischen Herzöge und Kurfürsten von Sachsen-Wittenberg, Drei-Kastanien-Verlag, Wittenberg, 1999, ISBN 3-933028-14-0
  • Helga Wäß: Form und Wahrnehmung mitteldeutscher Gedächtnisskulptur im 14. Jahrhundert. Ein Beitrag zu mittelalterlichen Grabmonumenten, Epitaphen und Kuriosa in Sachsen, Sachsen-Anhalt, Thüringen, Nord-Hessen, Ost-Westfalen und Südniedersachsen, Edition Tenea, Berlin, 2006, ISBN 3-86504-159-0 (two volumes; also thesis, University of Göttingen, 2001)
    • Katalog ausgewählter Objekte vom Hohen Mittelalter bis zum Anfang des 15. Jahrhunderts (zur Deckplatte der Doppeltumba Rudolfs II. und seiner Gemahlin Elisabeth, p. 603 - 607.
  • Otto von Heinemann (1889), „Rudolf II.“, Allgemeine Deutsche Biographie (ADB) (германски), 29, Leipzig: Duncker & Humblot, стр. 555

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди

Рудолф II (војвода од Саксонија-Витенберг)
Роден(а): о. 1307 Починал(а): 6 декември 1370
Претходник
Рудолф I
Изборен кнез на Саксонија
1356–1370
Наследник
Венцел I