Рубен Чилингирјан (ерменски: Ռուբէն Հովհաննեսի Չիլինկիրյան ) познат под псевдонимот Рубен Севак (ерменски: Ռուբէն Սեւակ) , (Силиври, 15 февруари 1885Чинкири, 26 август 1915) – истакнат ерменски поет, прозаист и преведувач од подрачјето на Османлиското Царство од крајот на 19 и почетокот на 20 век. По занимање бил лекар.

Рубен Чилингријан-Севак
Ռուբէն Սեւակ
Роден/а15 февруари 1885(1885-02-15)
Силиври,  Османлиско Царство
Починат/а26 август 1915(1915-08-26) (возр. 30)
Чанкин,  Османлиско Царство
Занимањепоет, прозаист и доктор
НационалностЕрменец

Роден бил во Силиври, недалеку од Цариград во имотно трговско семејство. Во 1911 години ги завршил студиите по медицина на Универзитетот во Лозана, Швајцарија, каде некое време работел како лекар. Во 1914 година со семејството се враќа во Стамбол. На 24 април 1915 година бил уапсен со уште околу 250 истакнати ерменски интелектуалци. Настрадал како жртва на геноцидот на Ерменците во Османлиското Царство во текот на Првата светска војна. После неполни 4 месеци поминати во затвор во Сириската Пустина, бил брутално убиен на 26 август.

Рубен Севак на ерменска марка во 2011 година

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Armenian Question, encyclopedia, ed. by acad. K. Khudaverdyan, Yerevan, (1996). стр. 283
  • Tseghin sirte, Western Armenian poetry, Yerevan, Arevik publ. Рубен Севак
  • The Heritage of Armenian Literature: Volume III—From the Eighteenth Century to Modern Times, Edited by Agop J. Hacikyan, Edward S. Franchuk, Nourhan Ouzounian, and Gabriel Basmajian

Надворешни врски

уреди