Рон Мекговни (англиски: Ron McGovney) (роден 2 ноември 1962) е американски музичар, најмногу познат како првиот басист на Металика.

Рон Мекговни
Родено имеРоналд Мекговни
Роден(а)2 ноември 1962(1962-11-02)(61 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија
ЖанровиХеви метал, треш метал, спид метал
ЗанимањаМузичар
ИнструментиБас гитара, гитара
Период на активност1981–1982, 1986–1988
СоработнициLeather Charm, Металика, Phantasm

Мекговни, заедно со вокалот и гитарист на Металика, Џејмс Хетфилд, претходно свиреле во гаражниот бенд Leather Charm. Мекговни, како член на Металика, настапувал со бендот во првата година од неговото основање, а се појавува и на првите демо снимки од групата. Ја напуштил Металика кон крајот на 1982 г. и по кус одмор му се приклучил на треш метал бендот Phantasm.

Мекговни води северноирско потекло. Има двајца синови, Џастин и Тајлер, кои исто како и нивниот татко покажуваат интерес кон музиката. Ќерката Џордан е најмалото дете во семејството. Рон моментално работи како машински работник во една фабрика која се наоѓа во западниот дел на сојузната држава Северна Каролина.

Музичка кариера уреди

Leather Charm и Металика уреди

Во јуни 1981 г. Мекговни го формирал бендот Leather Charm, каде освен него членувале и неговиот другар од детството и цимер Џејмс Хетфилд, надополнети со Хју Тарнер, кој претходно се познавал со Хетфилд од бендот Фантом Лорд. Тарнер набрзо го напуштил бендот на Мекговни, како би се посветил на кариерата како музички менаџер. Кон групата се приклучиле Трој Џејмс како гитарист и Џим Малиегн како тапанар. Оваа постава била инспирирана од првиот бран на британскиот хеви метал, и така преработувала многубројни нумери од бендови како Ајрон Мејден и Моторхед. По заминувањето на тапанарот Малиген, бендот набргу згаснал.

По предлог на Ларс Улрих, Хетфилд пристапил кон Металика кон крајот на 1981 г. По барање на Хетфилд, Мекговни и Мастејн се придружиле на новооснованиот треш метал состав, и воедно тие биле првата оригинална постава на Металика. Дебито на музичката сцена го имале на 14 март 1982, во Лос Анџелес, а потоа постeпено почнале да се докажуваат во локалната хеви метал заедница. Групата снимила и неколку демо снимки во гаражата на Мекговни, од кои позначајни биле Power Metal и секако No Life 'til Leather, на која се наоѓа култната треш химна „Hit The Lights“.

Според некои извори, постоеле сериозни тензии и недоразбирања помеѓу Мекговни и Мастејн.[1] Рон се чувствувал недоволно ценет од останатите членови и сметал дека единствената причина поради која го повикале во бендот било тоа што тој обезбедувал опрема и простор за свирка на групата. На 10 декември ја напуштил Металика, а на неговото место пристапил Клиф Бартон. По разделбата со Металика, Мекговни се чувствувал депресивно и меланхолично, па така ја продал целокупната негова музичка опрема и привремено се откажал од музиката.

Phantasm и подоцнежна кариера уреди

Во 1986 г. вокалот на Хиракс, Кејтон де Пена, го убедил Мекговни да го формираат треш метал бендот Phantasm. Кон групата биле додадени и Родни Николсон за гитарист и Џин Хоглан од Dark Angel за тапанар. Phantasm снимиле демо, но никогаш не направиле студиски албум.[2] Во 1988 г. бендот се распаднал како последица на непремостливите несогласувања помеѓу тогашните членови. Во 2001 г. било издадено снименото демо на бендот од 1987, со комплетен аудио ремикс, со насловот Wreckage CD под капата на продуцентската куќа Deep Six Records.[3]

Оттогаш, музичката кариера на Мекговни некако замрела. Само повремено давал интервјуа и се појавувал на некои настани во организација на Металика. Во 2007 направил обид со некогашните членови на Phantasm да го реактивираат бендот, но тие планови брзо се изјаловиле. На 10 декември 2010, за првпат се појавил на сцената по 23 години пауза, а поводот бил 30-годишнината од првата свирка на Металика. Настапил на бината во Сан Франциско, во друштво на поранешните колеги од Металика, како и на Дејв Мастејн и Лојд Грент.

Наводи уреди

  1. „Интервју со Рон Мекговни од 1997“. Metallicaworld.co.uk. 15-01-1997. Посетено на 18-07-2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Биографија за Хиракс“. Blackdevilrecords.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-08. Посетено на 18-07-2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Encyclopaedia Metallum - Phantasm (САД) - Wreckage“. Metal-archives.com. Посетено на 18-07-2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски уреди

Претходник
Прв
Басист на Металика
1981-1982
Наследник
Клиф Бартон

Поврзано уреди