Земја на Едит Роне

неофицијално име на област на Антарктикот
(Пренасочено од Ронеов Леден Гребен)

Земја на Едит Роне (англиски: Edith Ronne Land) — неофицијално име на област на Антарктикот која се граничи со Палмеровата и Елсвортовата Земја на запад, Коутсовата Земја на исток и Филхнер-Ронеовиот Леден Гребен на север. Во декември 2012 г. оваа област е официјално именувана Земја на Кралицата Елизабета од британската влада, која ја смета за дел од Британската Антарктичка Територија.[1]

Името „Земја на Едит Роне“ е дадено од владата на Чиле во чест на Едит Роне, првата жена полноправен член на антарктичка екипа. Таа била сопруга на американскиот офицер Фин Роне, водач на антарктичката експедиција RARE во 1947–48 г.[2]

Поранешно име и употреба уреди

Името првично е дадено во 1947 г. од Фин Роне како назив на пределот јужно од големиот леден гребен кој го открил на брегот на Веделовото Море (чие земјиште се совпаѓа со најголем дел од денешната Земја на Кралицата Елизабета). Меѓутоа, во 1957–58 г. е утврдено дека ледениот гребен е поголем одошто се мислело, заземајќи ја речиси сета „Земја на Едит Роне“, па така Советодавниот комитет за антарктички имиња на САД во 1968 г. наместо тоа официјално го одобрила името „Ронеов Леден Гребен“ за тој дел (освен Филхнеровиот Леден Гребен сместен меѓу островот Беркнер и Коутсовата Земја).[3][4]

78°30′S 61°00′W / 78.500° ЈГШ; 61.000° ЗГД / -78.500; -61.000

Наводи уреди

Поврзано уреди