Рома (божица)
Во римската религија и нејзината митологија, Рома е божица која претставува персонификација на римската држава, или пак, во уметноста, персонификација на градот Рим (како што може да се види на столбот на Антонин Пиј).
Прво јавување
уредиРома за првпат се јавила во 269 п.н.е. на римски монети од самиот Рим, како и на римски монети од Локри (Калабрија) во 204 п.н.е. Се претпоставува дека во извесна мера ја почитувале и неримските народи.
Римско Царство
уредиРома пред сѐ била провинцијална божица, чиј култ бил осмислен да влева лојалност кон римската држава во провинциите (иако подоцна таа добила храм во самиот Рим (Храм на Венера и Рома). Храмови во чест на Рома биле изградени во Смирна (195 п.н.е.), а познато е дека постоел култ кон неа и во Ефес, Сард и Делос.
Почитувањето на Рома го официјализирал Октавијан Август во раниот период на неговата кариера како Принцепс сенатус или Примус интер парес („прв граѓанин на сенатот“ и „прв меѓу еднаквите“, т.е. цар) како дел од пропагандна кампања. На овој начин тој ја воздигнал идејата за Рим до степен на божество, градјеќи многубројни храмови во нејзина чест (неретко како 'Храм на Рома и Август' се цел да ја направи идејата за царскиот култ и обожување на царот посварлива и поприфатлива), заедно со примерок од неговото дело Res Gestae крај натписите кои ја популаризирале оваа нова божица.