Ролс-Ројс Фантом VI

Видете Ролс-Ројс Фантом за други модели со истото име

Фантом VI (Phantom VI) — ултраексклузивен модел на Ролс-Ројс од 1970-тите и1980-тите произведен во Лондон во работилницата Малинер Парк Ворд (Mulliner Park Ward) од 1968 до 1991 г. Иако било јасно дека деновите на автомобилите од типот на „Фантом V“ се избројани, во 1968 Ролс-Ројс го лансираат „Фантом VI“ како негов логички наследник, држејќи сè до претходно воспоставените високи стандарди. Овој „Фантом“ е изработен со рестилизиран изглед и со мотор изработен врз основа на моделот „Силвер Шедоу“. Некои од новините биле зголемувањето на работната зафатнина на 6.750 см³ во 1979 г, како и автоматски менувач со 3 брзини наместо поранечниот автоматски менувач со 4 брзини. Ова е последен примерок на Ролс-Ројс со посебна каросерија и се произведувал сè до 1991 г.

Ролс-Ројс Фантом VI
Rolls-Royce Phantom VI
ПроизводителРолс-Ројс/Ролс-Ројс Моторс
Период1968–1991
произведени 374
ПретходникФантом V
Мотор6.200 см³ V8
6.750 см³ V8
Меѓуос. раст.3.683 м
Должина6,05 м
Тежина~2,5 тони

Мотор уреди

Фантом VI имал V8 мотор на 90° со работна зафатнина од 6.230 см³. која била зголемена на 6.750 см³ во 1982, доаѓајќи од моделот Силвер Спирит. Овој автомобил имал автоматски менувач со 4 брзини, а од 1979 г. 3-брзински автоматски менувач со претворач на влеча како стандарден и за идните модели.

Произведени се вкупно 374 возила.