Рикардо Родригес (фудбалер)

Рикардо Иван Родригес Араја (роден на 25 август 1992 година) — швајцарски фудбалер кој настапува за ФК Торино.

Рикардо Родригес
Ricardo Rodríguez 2018 (cropped).jpg
Родригес со Швајцарија во 2014
Лични податоци
Полно име Рикардо Иван Родригес Араја[1]
Роден на 25 август 1992 (1992-08-25) (28 г.)
Роден во Цирих, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбранбен играч/лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Торино Торино
Број 68[2]
Младинска кариера
2001–2002 ФК Швамендинген
2002–2010 Цирих Цирих
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2012 Цирих Цирих 35 (2)
2012–2017 Волфсбург Волфсбург 149 (15)
2017– Милан Милан 74 (1)
2020ПСВ ПСВ 6 (0)
2020- Торино Торино 0 (0)
Репрезентација
2009–2010 Швајцарија Швајцарија 17 5 (3)
2009–2010 ШвајцаријаШвајцарија 18 10 (4)
2010–2011 Швајцарија Швајцарија 19 15 (5)
2011–2012 Швајцарија Швајцарија 23 3 (0)
2011– Швајцарија Швајцарија 73 (8)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 11 март 2020.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 7 септември 2020

Тој е опишан како комплетен играч од одбраната и е познат по неговите силни способности за напредок,[3] како и способност за презизни додавања.[4][5][6] Родригес бил познат и по изведувањата на пеналите во неговиот поранешен клуб Волфсбург.[7][8]

Роден во Цирих од шпански татко и мајка чилеанка, Родригес ја започнал својата професионална кариера во локалниот клуб Цирих во 2010 година, каде што поминал осум години во младинскиот тим. По пробивањето во првиот тим во Цирих и неговите добри игри, Родригес бил продаден на Волфсбург во јануари 2012 година за 7,5 милиони фунти.[9] Тој одиграл 184 натпревари за бундеслигашот во сите конкуренции, и постигнал 22 гола, освојувајќи го германскиот куп и Суперкуп во 2015 година. Во јуни 2017 година тој потпишал за Милан.

Родригес има настапувано во сите младински категории за швајцарскиот национален тим, освојувајќи го ФИФА У-17 Светското првенство во 2009 година. За сениорскиот тим на Швајцарија настапува од 2011 година, и досега има одиграно повеќе од 40 пати за неговата земјата. Тој бил дел од швајцарскиот тим на Светско Првенство во фудбал во Бразил во 2014 година, а подоцна истата година бил прогласен за швајцарски фудбалер на годината.[10]

НаводиУреди

  1. „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“ (PDF). FIFA. 11 June 2014. стр. 30. Посетено на 25 June 2014.
  2. „Rodriguez: 'Can't wait to play for Milan'. Football Italia. 8 June 2017. Посетено на 8 June 2017. I will wear the Number 68 shirt, as it’s the year my mother was born.
  3. „Sky Sports Scout – Ricardo Rodriguez“. Sky Sports. 21 May 2014. Посетено на 22 September 2014.
  4. „Ricardo Rodriguez – Profile“. FIFA. Посетено на 22 September 2014.
  5. „Euro 2012: Wales 2–0 Switzerland“. BBC Sport. 7 October 2011. Посетено на 22 September 2014.
  6. „Wales vs. Switzerland 2–0“. Soccerway. 7 October 2011. Посетено на 22 September 2014.
  7. „Ricardo Rodriguez“. Bundesliga. Архивирано од изворникот на 3 December 2014. Посетено на 22 September 2014.
  8. „Everything you need to know about... Ricardo Rodriguez“. Four Four Two. 24 July 2014. Посетено на 22 September 2014.
  9. „Ricardo Rodriguez wechselt definitiv zum VfL Wolfsburg“. FC Zürich (германски). 13 January 2012. Посетено на 26 September 2014.
  10. „Rodriguez wins Player of the Year Award“. Bundesliga. 2 September 2014. Посетено на 22 September 2014.

Надворешни врскиУреди