Рзав е река во Република Српска (Босна и Херцеговина).

Рзав
Местоположба
Физички особености
Устиереката Дрина, кај Вишеград, Босна и Херцеговина
Должина72 km
Особености на сливот

Настанува кај селото Вардиште (БиХ), на подрачјето на националниот парк Тара, на границата помеѓу Босна и Херцеговина и Србија, со спојување на реките Бел Рзав и Црн Рзав, по кое кратко тече низ Босна и Херцеговина, каде што потоа во Вишеград се влева во реката Дрина.

Река Рзав тече и покрај Добрун, стар средновековен утврден град, кој бил доста значаен трговски центар на овој најзначаен каравански пат од Средоземјето па сè до централен Балкан. Во втората половина на 14 век бил изграден и манастирот Добрун кој и денес постои. Специфичен е по фреските од 14 век на кои се прикажани српски владетели и членови на ктиторското семејство, а исто така и по значително вредната збирка на икони и црковен мобилијар од кои некои примероци датираат уште од 13 век.

Поврзано

уреди