Речник на стари македонски зборови

Ова е речник на помалку познати зборови на македонски јазик, кои се користеле во минатиот век, додека Македонија била под Турско ропство.

По азбучен ред уреди

Ова е нецелосен речник на помалку познати зборови во македонскиот народен јазик, по азбучен редослед.

А уреди

  • абер (турски збор)- вест, порака, знак
  • аберџија - гласник
  • аван (турски збор) 1. сад за толчење, 2. справа за сечење (дробење) тутун
  • ага - турски големец, сопственик на земја или воен старешина во Османлиското Царство, муслиманска титула, господин, господар газда
  • адет (турски збор) - обичај, традиција
  • аѓутант (латински збор) - помлад офицер, помошник на офицер со повисок чин, помошник во воен штаб
  • асно - богатство
  • ак (турски збор) - плата
  • акал - ум
  • аланѓузи - болест кај децата со нафрлање на црвени брунки, најчесто на лицето
  • алишта - облека
  • амајлија (турски збор) - талисман, амулет, предмет или запис кој се носи со себе како заштита од несреќи, болести и сл.
  • аманет (турски збор) - 1. доверување некому на чување некаков предмет како знак на доверба дека ќе биде сочувано; 2. самиот предмет кој се доверува; 3. поштенска пратка со означена вредност
  • амбар - објект, складиште за чување жито во селските домаќинства
  • амут (турски збор) - ам, дел од коњска опрема за спрегнување на коњот во колата
  • ан (турски збор) - крчма, гостилница, преноќиште
  • анама (турски збор) - госпоѓа, жена, сопруга ( кај муслиманите)
  • ангарија - принудна работа, без надомест
  • андарти - четници во грчката чета
  • анка (турски збор) - госпоѓа, жена, сопруга ( кај муслиманите)
  • антерија - дел од облеката, долга црна наметка која ја носат свештениците
  • аргат - најмен работник, кој работи тешка физичка работа
  • Арнаути (турски збор) - Албанци
  • арсенал (француски збор) - складиште за чување воена опрема и оружје
  • арслан (турски збор) - лав
  • аскер - 1. војник; 2. војска
  • атеист ( грчки збор) - безбожник, оној кој не верува во Бог, припадник на атеизмот
  • атер - волја, наклонетост, љубов
  • аур - место на долниот кат во селските куќи каде што се чува крупниот добиток

Б уреди

  • барабан - вид тапан
  • баџа (турски збор) - отвор на покривот на старите куќи
  • баџанак (турски збор) - сопругот на женината сестра
  • башка - одвоено, посебно
  • башкалак -одвојување, оставање имот настрана
  • бег (турски збор) - турска титула, благородник и големопоседник во Османлиското Царство
  • беља (турски збор)- 1.несреќа,беда, мака; 2. метеж, турканица
  • бериќет (турски збор) - 1.благослов, среќа; 2. добра летнина, родна година, изобилство, успех
  • бечви (турски збор) - панталони
  • бодинаница - коњ во галоп
  • борч - долг
  • борчлија - должник
  • бујрум (турски збор) - повели
  • буле - мала погача
  • булук (турски збор) - стадо, чопор
  • бука (воденичка) - голема метална цевка, поставена косо, преку која водата се спроведува во воденицата
  • бучало - место на река на кое водата паѓа вертикално и создава голема бучава

В уреди

  • ваби - мамење кокошки или пилиња
  • валачка - пиралка, алат за перење, за истиснување на водата од облеката со чукање
  • вакаф (турски збор)- црковен имот
  • валија (турски збор) - управник на област во Османлиското Царство
  • везир (турски збор) - министер-претседател на владата на Турција во време на владеењето на султанот; титула на висок функционер во некои муслимански земји на Истокот; министер, гувернер на покраина
  • веленце - мал килим, килимче
  • вител - земјоделски алат за врзување снопови
  • водоврик - место на кое земјата е влажна, каллива
  • возиште - дел од запрежна кола
  • врав - снопови наредени за вршење околу стожерот во гумното
  • вршидба - времето кога се врши житото
  • вршник - метален предмет со полутопчеста форма која служи за печење леб, месо и слично

Г уреди

  • газета (италијански збор) - дневен весник
  • гној - изметот од добитокот, добиточното, арско ѓубре
  • горештина - врелина, жештина
  • грибло - земјоделска алатка со крупни запци
  • гуна - дел од селска женска или машка облека

Д уреди

  • девер - 1.лице со посебна традиционална должност на свадба; 2.брат на сопругот
  • дервиш (турски збор) - монах, калуѓер во муслиманската религија
  • дисаѓи - двојна торба поврзана со платно која се префрла преку седлото со товарен добиток
  • дифтик - јамболија, ткаенина за покривање со ресите
  • домашар - оној што е постојано дома, во старите традиционални македонски семејства бил човек што бил одреден од страна на семејството за да се грижи за работите поврзани со домот
  • друшка - сопруг или сопруга
  • дулец - начин на дерење јагниња
  • душман - непријател

Ѓ уреди

  • ѓаур (турски збор) - неверник, кривоверник, еретик, погрдно име со кое Турците ги нарекуваат христијаните
  • ѓеран (турски збор) - направа за вадење вода од бунар
  • ѓериз (турски збор) - одводен канал
  • ѓум (турски збор) - бакарен сад за вода

Е уреди

  • есап (турски збор) - смета, пресметува
  • еснаф (турски збор) - здружение на луѓе со ист занает, преносно, лица на иста возраст
  • еќим (турски збор) - доктор
  • ефенди (турски збор)- господин

Ж уреди

  • ждрепка - начин на одредување дел од имот или донесување одлука околу некоја работа
  • жолтица - златна монета, дукат

З уреди

  • задушница - помен за покој на душата во христијанската религија
  • замандалени - затворени со мандало - дрвен дел на врата за затворање на внатрешната страна
  • замелушен - зашеметен
  • заптии (турски збор) - редар, стражар
  • зелје - збирно име за лобода, спанаќ и штаве
  • зијан - штета
  • зоб - овес
  • золва - сестра на сопругот
  • зулум (турски збор) - тиранија, насилство, разбојништво, угнетување
  • зулумџија (турски збор) - насилник, тиранин, угнетувач, разбојник

Ѕ уреди

  • ѕевгар (турски збор) - пар запрежни волови

И уреди

  • изим (турски збор) - дозвола, одобрение
  • исав (турски збор) - милост
  • исавлија (турски збор) - со душа, милосрден

Ј уреди

  • јалова - неплода
  • јаловица - неплодна овца
  • јаничар (турски збор) - припадник на привилегиранта војска во Османлиското Царство создадена од заробени христијански деца, кои биле одгледувани и воспитувани за крвници на сопствениот народ
  • јарем - дрвена направа во која се спрегнуваат запрежни животни
  • јатрви - сопруги на двајца браќа

К уреди

  • кадија (турски збор) - судиј во Турција и во други муслимански земји
  • кадилница - метален предметм кој служи за кадење, подчадување, кој го користат свештениците при изведување на христијанската служба
  • кајмакам (турски збор) - управник на околија во Отоманското Царство
  • калајџија - мајстор кој врши премачкување на бакарни садови со калај
  • калци - плетени женски чорапи до колениците без стапалата
  • кандило (грчки збор) - сад со масло во кое гори фитилче
  • кандиса - убеди, наговори
  • картал - вид орел, мршал
  • катиљ - лош човек, крвник
  • клепало - дрвен предмет во црквата за чукање при повикување на служба ручек и слично
  • клисар - притруп, човек кој ја чука црковната камбана и служи во црквата
  • кмет - селски старешина
  • комиташ - оној кој се занимава со комитлак
  • копа - форма на куп во кој се собира слама
  • коприна - свила
  • корда - простор заграден за чување овци
  • корија - шума
  • коџобашија (турски збор) - старешина на село, кмет
  • крлешка - лулашка, нишалка
  • крклик - крлук, стап со кука за фаќање овци
  • крондир - мал сад за ракија или вино
  • кросно - дел од разбој за ткаење
  • кудење - укажување на недостатоци, оговарање
  • кулук (турски збор) - вид данок кој се наплаќал во Османлиското Царство со тешка и напорна работа
  • курбан (турски збор)- жртва
  • кутел - дрвен сад за мерење жито

Л уреди

  • ластегарка - стап за товарање и растоварање на товарен добиток со чепорашка (со две мали кракчиња) на горниот дел

М уреди

  • малаксан - преморен, изнемоштен, без сила
  • марифет (турски збор) - вештина, препреденост, лукавство
  • мастраф (турски збор) - трошок, издаток
  • меѓа - граница меѓу две ниви или други земјишни парцели
  • меџидија (турски збор) - сребрена турска монета
  • мешин - штавена танка кожа (мев од стара ковачка направа)
  • момок (архаизам) - слуга во селска куќа
  • мотавило (архаизам) - мотовило, тенко стапче на кое се мота јаток, предено за разбој
  • мртвица - застојана вода, калливо место
  • мувлет (турски збор) - рок
  • мудур (турски збор) - старешина на касарна во Османлиското Царство
  • мунасип (турски збор) - умно, згодно

Н уреди

  • набодна - долга дрвена вила со два рога за кревање и товарање снопови
  • намашна (архаизам) - поттикна
  • намуз (турски збор) - човечност, праведност, правилен однос
  • наора (грчки збор) - осветен леб во православната религија, нафора
  • нахија (турски збор) - околија
  • непрокопсан (архаизам) - немирен
  • нунко - кум

О уреди

  • окантарен - некаде заседнат, постојано тука, наметлив
  • опрегач - унечка, прегач, скутник
  • осојница - место на сенка
  • остен - стап со шилец на едниот крај за терање запрежни волови
  • осуна (архаизам) - се раздени, осамна
  • офарда (архаизам) - дарежлив, нештедлив
  • офтика (архаизам) - болест на белите дробови, туберкулоза
  • оџа - муслимански свештеник

П уреди

  • пагур (архаизам) - мало шише за ракија со затворач
  • падишах (турски збор) - титула на некогашните турски султани и други монарси во некои источни земји
  • пајтон - запрежна кола за коњи
  • палежен (архаизам) - лош
  • паличник (архаизам) - железен дел од плугот што ја сече земјата при орањето, ралник
  • паштерка - затекната или најдена ќерка во бракот
  • пеземек (турски збор) - мангуп, расипан човек
  • пеливан (турски збор) - борач
  • пиралка (архаизам) - дрвен предмет што се користи во селата при перење на река и служи за цедење на водата од облеката со удирање
  • пискул - украс на турска капа, фес
  • плева - ситни сламчиња и лушпи кои остануваат при веење на житото на гумната
  • покроб - волнена покривка за спиење без реси, јамболија без реси
  • полјак (архаизам) - чувар на полето
  • пондила (архаизам) - место за престој на добитокот во некои стари селски куќи
  • посестрима - 1.Жена како сестра на другарка или на дригар; 2. верна другарка
  • почудиште - урок, болест од урочување
  • првиче - според народниот обичај првата посета што ја прават родителите на невестата во куќата на зетот со група блиски роднини
  • првичари - учесници на првиче
  • прекутрупа - попреку, по кус пат
  • присој - страна, обично стрмна, што ја грее сонце
  • прокуда - лоша навика
  • протуѓер (архаизам) - гласник
  • пусат (турски збор) - оружје, коњска опрема

Р уреди

  • раја (турски збор) - немухамеданското население на Османлиското Царство
  • рајатин (турски збор) покорен христијанин во Отоманското Царство, поданик
  • рајатиса (архаизам) - се ослободи од маката
  • рало - дрвено орудие за орање
  • раненик - посвоено дете
  • расје - ниски шумски дрва
  • рауни - невестински дарови пред свадбата
  • редовница - реденица. жена што го води домаќинството определено време во големите семејства
  • рогозина - грубо плетена постела од рогоз - висока мочуришна трева - шавор, шамак
  • руглица - свадбарско знаме

С уреди

  • саѓи - црна прашина што останува по горењето на оган
  • сакма - вид наметка која обично ја носат овчарите
  • самар - седло на коњ, магаре или маска
  • сардисан - опколен
  • сводник - посредник на љубовни врски меѓу мажи и жени за користољубиви цели, за пари
  • себап - добро дело
  • сеир - чудо, гледање нешто шо се случува, гледање забава, разонода
  • синор (грчки збор) - граница меѓу две села или две ниви
  • сретсело - центарот на селото каде што се одвиваат главните настани
  • срп - алатка за рачно жнеење
  • стожер - столб во средината на гумното за кој се врзувале коњите за вршење на житото
  • стресло - железна алатка што ја користеле каменарите
  • субашица (турски збор) - газдарица, жена сопственик на имотот
  • сургун (турски збор) - прогонство, заточение
  • сурија - големо стадо, крдо
  • сурме (архаизам) - мала дрвена греда со која се става попреку на вратите на селските куќи однатре
  • сурпет - суров, остар, непопустлив

Т уреди

  • тајфа - група луѓе, дружина
  • тапија (турски збор) - судски заверен документ за сопственост на имотот
  • телал (турски збор) - гласник
  • терзија (турски збор) - кројач, шијач
  • теќе (турски збор) - 1. молитвен дом на дервиши, дервишки манастир; 2.гробница на некој светец
  • тормозење - малтретирање
  • тупурдиса - отстрани, зафрли, загуби
  • тревлистува - со мана во говорот, не зборува чисто, петелчи

Ќ уреди

  • ќатип (турски збор) - писар
  • ќаја (турски збор) - управник на имот кај турските големци во Османлиското Царство
  • ќепе - 1.вид машки елек од грубо селско платно; 2. вид капа
  • ќердоса (турски збор)- усреќи, постигна успех, успеа,
  • ќурк - горно палто со крзно

У уреди

  • угар - изорана, но непосеана нива, оставена да прележи
  • узда - огламник со посебен дел за смирување на немирни коњи
  • ујдурма - добро смислена измама
  • утрина - земја оставена за пасиште
  • уќумат (турски збор) - државна власт, режим, управа

Ф уреди

  • фереџе (турски збор) - свечена облека на муслиманките: долга и широка наметка со мрежа што го покрива лицето како симбол на ропство и бесправноста на жената
  • фес (турски збор)- турска капа со пискул
  • фиљанкишија - некој одреден човек

Х уреди

  • хегемонистичка (грчки збор) - господствена, од хегмонија што значи превласт, надмоќ

Ч уреди

  • чаир - ливада, полјана
  • чалма (турски збор) - бел завој околу фесот кај муслиманите
  • чаре - помош, излез, спас
  • чеза (унгарски збор) - вид двоколка
  • черга (турски збор) - вид дебела ткаенина за покривање или постилање
  • чивија (турски збор) - клин
  • чифлиг (турски збор) - феудален земјоделски имот
  • чифте - ловечка пушка со две цевки
  • чобан - овчар

Џ уреди

  • џабе (турски збор) - 1.бесплатно, подарено, бадијала; 2. залудно, бескорисно
  • џам (турски збор) - стакло, прозорско окно
  • џенем (турски збор) - муслиманскиот пекол

Ш уреди

  • шајак (турски збор) - вид груба ткаенина, горна селска облека
  • шајкача (српски збор) - вид војничка капа
  • шиити (турски збор) - припадници на муслиманската религиозна секта кои не го признаваат за пророк само Мухамед, туку и неговиот зет Алија
  • шилеже - одбиено јагне од една година
  • шиник - 1.дрвен цилиндричен сад, што служи за мерење жито; 2.мера за жито, како определено количество
  • штик - бајонет, нож кој се монтира на војничка пушка