Растокарека која се разгранува од голема река пред да се влее во море, особено во речна делта. Појавата е позната како речна бифуркација. Спротивно на растока е притока.

Растока на Елса и „Хаза во Мела
Сезонска растока на реката Кавери

Северна Америка

уреди

Во Луизијана, на пример, реката Ачафалаја се разделува од реката Мисисипи. Во некои случаи, растоката може да „кради“ толку вода од својот родител што таа може да стане главната рута. Всушност, ова е сериозен проблем за Њу Орлеанс, поради тоа што Ачафалаја тече по пострмен пат до Заливот на Мексико, и затоа зема сè повеќе и повеќе вода од Мисисипи. Ова било запрено скоро, и тоа со изградбата на брана со цел да се контролира истекот на Мисисипи во Ачафалаја.

Јужна Америка

уреди

Реката Касиквијаре е растока на горно Ориноко, која што течи јужно кон Рио Негро и формира уникатен природен канал помеѓу речните системи Ориноко и Амазон. Таа е најголемата река на планетата која поврзува два големи речни система.

Азија

уреди

Други забележителни растоки се реката Колидам, растока на реките Кавери и Хугли, растока на реката Ганг, и двете во Индија.

Европа

уреди

Ајсел, Вал и Долна Рајна се трите главни растоки на Рајна. Реката Актуба е главната растока на Волга.

Во Србија (Косово) реката Неродимка по пат на бифуркација дава вода на Црноморскиот слив (преку реката Ибар) и на Егејскиот речен слив (преку реката Лепенец).

Македонија

уреди

Радика е единствената река во Македонија која по пат на вештачка бифуркација дава вода на Јадранскиот (Црн Дрим) и Егејскиот речен слив (Вардар, со пренос на вода преку хидросистемите Маврово и Врбен).

Поврзано

уреди