Ресен (Бугарија)
Ресен (бугарски: Ресен) — село во Северна Бугарија. Административно припаѓа на општина Велико Трново, Великотрновска Област. Има население од околу 1.943 жители (2022).[1]
Ресен Ресен | |
---|---|
село | |
Народното читалиште во Ресен | |
Местоположба на Ресен во Бугарија | |
Координати: 43°11′44.98″N 25°33′32.69″E / 43.1958278° СГШ; 25.5590806° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Велико Трново |
Општина | Велико Трново |
Управа | |
• Градоначалник | Јорданка Колева (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 49,866 км2 (19,253 ми2) |
Надм. вис. | 69 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,943 |
• Густина | 39/км2 (100/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 5060 |
Повик. бр. | +359 06115 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во долината каде што реката Негованка се влева во реката Росица. Климата е умереноконтинентална - типична за Дунавската рамнина. Климатските услови го фаворизираат одгледувањето на градинарски и овошни култури. Ресен се наоѓа на 18 километри северно од Велико Трново и на 15 километри од античкиот град Никополис ад Иструм.
Образование
уреди- Основно училиште „Христо Ботев“;
- Детска градинка.
Култура
уреди- Етнографски музеј;
- Народно читалиште „Просвета“ основано во 1874 година.
Редовни настани
уредиСекоја година на празникот Димитровден во Ресен се одржува традиционална селска средба.
Спорт
уредиФудбалскиот клуб на селото се вика ФК Ресен и се натпреварува на аматерски план во регионалните групи од Велико Трново. По 10-годишна пауза, тимот беше вратен во натпреварите во 2010 година.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.