Македонија во 2018 година

Ова е список на настаните во Македонија кои се случиле во 2018 година.

2018 г.
во
Македонија
Децении:
Поврзано:Други настани во 2018 г.
Времеслед на македонската историја

Водачи уреди

Настани уреди

јануари уреди

февруари уреди

  • 1 февруари - Посредникот на Обединетите нации (ОН) во разговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во текот на неговата посета на Македонија нагласи дека би било трагедија за регионот доколку не се постигне решение за ова прашање.
  • 17 февруари - Со различни активности, меѓу кои и концертот на светската пејачка со потекло од Косово, Рита Ора, Косово ја одбележа 10. годишнина од својата независност.
  • 25 февруари - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја посети Македонија, при што изјави дека оваа земја е на добар пат по кој треба да продолжи и понатаму за да може да ја добие потребната препорака од страна на Европската комисија.
  • 25 февруари - основана е политичката партија „Глас за Македонија“.

март уреди

  • 12 март - Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Денис Звиздиќ, ја посети Македонија, каде што со премиерот на Македонија, Зоран Заев, се согласи на граѓаните на Македонија и БиХ да им се олесни движењето во преминувањето на границите во двете земји само со лични карти.
  • 13 март - Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, ја посети Македонија, а по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека американската администрација е вклучена и ќе се вклучи уште повеќе во спорот за името кој го имаат Македонија и Грција, но дека договорот треба да биде резултат на усогласување меѓу Скопје и Атина.
  • 23 март - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, по средбата во Скопје со неговиот македонски колега Никола Димитров, осврнувајќи се на спорот за името меѓу двете земји, истакна дека тоа ќе биде едно праведно и точно решение, кое ќе ги земе предвид интересите на двете страни.
  • 25 март - основана е политичката партија „Граѓанско демократска унија“.
  • 26 март - Министерството за надворешни работи на Македонија донесе одлука за протерување на еден руски дипломат, во знак на солидарност со Обединетото Кралство и партнерите на земјата во НАТО и ЕУ, кои исто така протераа руски дипломати од нивните земји, по случајот со труење на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Солсбери, Англија, случај за кој Лондон ја обвини Русија, тврдејќи дека е користен нервниот агенс новичок, којшто советските сили го користеле во Втората светска војна.
  • 26 март - Косовската полиција ангажираше надлежни полициски единици за спречување на посетата на Косово на српските функционери Александар Вулин и Марко Ѓуриќ, бидејќи Министерството за надворешни работи на Косово не им даде дозвола за нивната посета. Потоа, косовската полиција во Северна Митровица го приведе шефот на таканаречената Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, кого откако го пренесоа во полициска станица во Приштина, го отстранија од територијата на Косово.

април уреди

  • 14 април - Турската Фондација „Маариф“, со купување на приватното училиште „Woodrow Willson School“, ги започна своите активности во Македонија, и со тоа статусот на правно лице го доби во шест земји на Балканот.
  • 18 април - Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, на премиерот на Македонија, Зоран Заев, му го врачи извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во нејзиниот пат за интеграција, при што нагласи дека Македонија ја заслужила безусловната препорака. Во истиот ден, земјата ја посети и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), а воедно и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, која го поздрави прогресот на Македонија.
  • 27 април - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ја посети Македонија во рамки на средбата на лидерите на земјите од процесот Брдо - Бриони (Хрватска, Словенија, Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина), чиј домаќин за оваа година беше претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
  • 30 април - Албанија и Грција во Тирана официјално ги започнаа преговорите за отворените прашања меѓу двете земји, фокусирајќи се во преговорите за границите во поморските зони. Двете земји во април го одржаа првиот круг на преговорите околу ова прашање.

мај уреди

  • 2 мај - Собранието на Република Македонија по предлог на Министерството за образование и наука го донесен долгонајавуваниот нов Закон за високо образование (ЗВО). Со него беа воспоставени неколку нови универзитетски тела, а требаше да биде лек и за проблемите со студентското организирање.
  • 17 мај - По повод 25. годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Велика Британија, британската премиерка Тереза Меј ја посети Македонија, каде што беше пречекана на средба од страна на нејзиниот македонски колега Зоран Заев.

јуни уреди

јули уреди

  • 12 јули - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел официјално му ја врачи поканата на премиерот на Македонија, Зоран Заев, за започнување на преговорите за членство во Алијансата.
  • 30 јули - Собранието на Република Македонија донесе одлука за одржување референдум за името на 30 септември 2018 година, со прашањето „Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција?“

август уреди

  • 2 август - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, најави можна исправка на границата меѓу Косово и Србија, и укажа на можноста Прешевската Долина да му се приклучи на Косово.
  • 27 август - Премиерите на некои земји од регионот се сретнаа на неформална средба во Драч на тема „Интеграција на регионалната економија“, а во фокусот на разговорите беа и прашањата во врска со европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
  • 31 август - Парламентарното мнозинство со мотото „Заедно ЗА европска Македонија“ официјално ја започна кампањата за референдумот на 30 септември околу Договорот на оваа земја со Грција, во чиј тек важни меѓународни лидери, вклучувајќи го и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, како и американскиот министер за одбрана, Џим Матис, ја посетија Македонија и упатија апел до граѓаните да излезат за поддршка на референдумот.

септември уреди

  • 2 септември - Премиерот на Македонија, Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на граничниот премин Табановце - Прешево најавија спроведување на проектот за интегрирано гранично управување „One Stop Shop“.
  • 8 септември - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реализираше дводневна посета на Косово, во чии рамки го посети езерото Газивода и четирите општини во северниот дел на Косово во кои населението е со мнозинство Срби.
  • 30 септември - Референдум во Македонија за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

октомври уреди

  • 20 октомври - Со двотретинско мнозинство пратениците во Собранието на Македонија го усвоија предлогот за пристап кон уставните измени во Република Македонија, при што две третини, односно 80 пратеници гласаа „за“, додека 39 беа „против“. Предлогот содржи неколку точки, вклучувајќи го и додавањето на придавката „Северна“ во постоечкото име на Македонија, измени во преамбулата на Уставот, гаранција за територијалните граници на Македонија, како и грижа за граѓаните на Македонија во дијаспората и пошироко.

ноември уреди

  • 13 ноември - Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, на кого на 23 мај му беше изречена затворска казна од 2 години за снабдување на еден луксузен автомобил во вредност од околу 570 илјади евра, а требаше да се јави за издржување на казната, на својот профил на Фејсбук соопшти дека се наоѓа во Будимпешта, и дека побарал политички азил од унгарските власти, случај кој потоа го потврди и Министерството за внатрешни работи на Македонија. Еден ден по неговата објава на Фејсбук, македонската полиција издаде меѓународна потерница и побара негова екстрадиција. Груевски потоа, на 20 ноември, исто така преку Фејсбук соопшти дека Унгарија позитивно му одговорила на неговото барање за азил.

декември уреди

  • 18 декември - Собранието на Република Македонија го усвои Законот за амнестија за настаните од 27 април од минатата година во Собранието, каде што како резултат на насилството на илјадници демонстранти, кои присилно влегоа во дворот на Собранието, беа погодени околу 100 лица, меѓу кои пратеници, полицајци и медиумски работници.

Култура уреди

Музика уреди

Филм и телевизија уреди

Згради и градби уреди

Останато уреди

Спорт уреди

Фудбал уреди

Ракомет уреди

Репрезентација уреди

13 јануари 2018
19:30
Македонија   25–24   Словенија Арена Загреб, Загреб
Гледачи: 11,000
Судии: Дину, Дин (РОМ)
Манасков 8 (11–11) Млакар 4
  4×  Извештај 11×  4×  1× 
15 јануари 2018
20:30
Црна Гора   28–29   Македонија Арена Загреб, Загреб
Гледачи: 5,000
Судии: Сантош, Фонсека (POR)
Чавор 6 (16–15) Кузмановски 5
  2×  1×  Report   2× 
17 јануари 2018
18:15
Германија   25–25   Македонија Арена Загреб, Загреб
Гледачи: 5,100
Судии: Гуско, Репкин (BLR)
Вајнхолд 8 (12–11) Талески 6
  3×  Report   3× 

21 јануари 2018
20:30
Македонија   20–31   Шпанија Вараждин арена, Вараждин
Гледачи: 3,796
Судии: Гуско, Репкин (BLR)
Манасков, Стоилов 4 (6–15) Гурбиндо 6
  3×  Report   3× 
23 јануари 2018
20:30
Македонија   24–25   Чешка Вараждин арена, Вараждин
Гледачи: 3,780
Судии: Зотин, Володков (RUS)
Талески 5 (13–11) Хорак 8
  3×  Report   3×  1× 
24 јануари 2018
18:15
Македонија   20–31   Данска Вараждин арена, Вараждин
Гледачи: 2,343
Судии: Мажејка, Гателис (LTU)
Кузмановски 6 (12–12) Damgaard 11
  1×  Report   3× 

Одбојка уреди

Дата Време Резултат Сет 1 Сет 2 Сет 3 Сет 4 Сет 5 Вкупно Извештај
15 август 17:45 Унгарија   2–3   Македонија 23–25 23–25 25–23 25–23 14–16 110–112 Извештај
18 август 20:30 Македонија   2–3   Украина 27–25 26–24 20–25 20–25 12–15 105–114 Извештај
22 август 20:30 Македонија   2–3   Швајцарија 25–21 21–25 23–25 25–19 12–15 106–105 Извештај
25 август 17:00 Швајцарија   2–3   Македонија 21–25 19–25 25–16 25–23 12–15 102–104 Извештај

Олимписки игри уреди

Хокеј уреди

  • На 20 и 21 јануари 2018 година, Македонија одиграла два меѓународни пријателски натпревари против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во Сараево во текот на еден викенд. Македонија победила на првиот натпревар со 8–7 а на вториот натпревар загубила со 7–6 по продолженија.

Починати уреди

 
Цветан Грозданов
 
Матеја Матевски
 
Иван Катарџиев
 
Блаже Ристовски
 
Мите Грозданов

Родени уреди

Наводи уреди

  1. „Ципрас: Никогаш не постоела македонска нација во античко време“. Фокус. 20 јануари 2018. Посетено на 3 февруари 2018.

Најважните настани во 2018 година во Македонија, Косово и Албанија (aa.com.tr)