Рено Меган

модел на автомобилската марка Рено
(Пренасочено од Рено меган)

Рено Меган (француски: Renault Mégane) – автомобил што го произведува француската фабрика за автомобили Рено. Се прoизведува од 1995 година.

Рено Меган
Renault Mégane
ПроизводителРено
Период1995–
ПретходникРено 19
Каросерија3 или 5 врати хечбек
4 врати седан
5 врати караван
2 врати кабриолет/купе
Погонски распоредмотор напред, преден погон

Историјат уреди

Рено Меган е компактно возило, кое било лансирано во 1995 година и моментално е актуелна четвртата генерација од 2016 година. Понудата опфаќа модели со три и пет врати како хечбек, потоа седан, купе, кабриолет и караван. Рено сеник лансиран во 1996 година е првиот модерен компактен едноволуменец (миниван) кој се произведува во Европа, а се заснова токму на Меган.

Меган I (1995–2003) уреди

Меган I
 
Познат и какоРено Меган класик (седан)
Производствојули 1995–2002
1999–2009 (Колумбија)
1996–2009 (Аргентина)
СклопувањеФранција, Турција, Шпанија, Колумбија, Аргентина, Русија, Мексико, Индонезија
Вид каросерија5 врати – хечбек
5 врати – караван
2 врати – кабриолет
3 врати – купе
4 врати – седан
Моторбензински мотор 1,4, 1,6, 1,8, 2,0 L
дизел 1,9 L
Пренос5 степени (мануелен)
4 степени (автоматик)
Меѓуоскино раст.2580 (хечбек, седан, караван)
2468 (купе, кабриолет)
Должина4129/4164 (хечбек)
4436/4400 (седан)
4437 (караван)
3931/3967 (купе)
Ширина1698/1699
Висина1365/1420
СродниРено сеник
Рено 19
КонструкторМишел Жарден (1991)[1]
Патрик Ле Кеман (1991, 1992)[2]

Првата генерација мегна е претставена есента 1995 година како замена на Рено 19. Меганот бил со нов изглед, а од својот претходник ја наследил платформата како и моторите и менувачите. Клучен фактор за Меганот била безбедноста. Во 1998 година, Меган I на креш тестовите Euro NCAP добил четири од можните пет ѕвездички.[3] Во 1999 година бил редизајниран кога му била изменета маската, подобрена безбедност аи опремата. Верзијата караван доаѓа со ова рестилизирање. Биле вградувани бензински мотори од 1,4 (70, 75 и 95 КС), 1,6 (75, 90 и 110 КС), 1,8 (115 КС), 2,0 (115, 140 и 150 КС) и дизел-мотор од 1,9 (65, 80, 90, 95, 100 и 102 КС).

Меган II (2002–2009) уреди

Меган II
 
Производство2002–2009
2003–2008 (Тајван)
2006–2010 (Бразил, седан)
2006–2012 (Бразил, караван)
2009–2012 (Иран)
СклопувањеФранција, Турција, Шпанија, Иран, Бразил, Тајван, Индонезија
НаследникРено флуенс (седан)
Вид каросерија3 и 5 врати – хечбек
5 врати – караван
2 врати – кабриолет
4 врати – седан
ПлатформаРено Ц
Моторбензински мотор 1,4, 1,6, 2,0 L
дизел 1,5, 1,9 и 2,0 L
Пренос5/6 степени (мануелен)
4 степени (автоматик)
Меѓуоскино раст.2625 (хечбек)
2686 (седан/караван)
2522 (кабриолет)
Должина4209 (хечбек)
4498 (седан/караван)
4355 (кабриолет)
Ширина1777
Висина1460 (хечбек/седан)
1505 (караван)
1514 (кабриолет)
Нетоварена тежина1175 кг хечбек
Сроднинисан X-трејл
меган рено спорт
рено сеник
нисан сентра
нисан рог
нисан кашкај
рено колеос
нисан лафеста

Втората генерација се појави во септември 2002 година и обележува потполно нов почеток. Со претходната генерација има многу малку сличности. Во 2003 година ја добил титулата Европски автомобил на година. Во 2002 година, Меган II на креш тестовите на Euro NCAP добил максимални пет ѕвездички.[3] Прво во својата класа вовел картичка преку која се стартува автомобилот. Како и кај претходните Мегани, опсегот на модели е широк, хечбек со три и пет врати, седан верзија со четири врати и караван. Во 2006 година бил редизајниран, кога била променета внатрешноста и предниот дел на возилото. Во понудата на мотори биле бензинците 1,4 (80 и 98 КС), 1,6 (116 КС), 2,0 (136, 165 и 225 КС) и дизел-мотори од 1,5 (80, 86, 100 и 106 КС), 1,9 (120 и 130 КС) и 2,0 (150 и 175 КС)

Меган III (2008–2016) уреди

Меган III
 
Познат и какоРено скала (Иран)
Производство2008–2016
СклопувањеФранција, Турција, Шпанија, Русија
Вид каросерија3 и 5 врати – хечбек
5 врати – караван
2 врати – кабриолет
ПлатформаРено Ц
Моторбензински мотор 1,2, 1,4, 1,6, 2,0 L
дизел 1,5, 1,6, 1,9 и 2,0 L
Пренос5/6 степени (мануелен)
6 степени (автоматик)
Меѓуоскино раст.2641 (хечбек)
2640 (купе)
2703 (караван)
Должина4295 (хечбек)
4299 (купе)
4559 (караван)
Ширина1808 (хечбек)
1804 (купе/караван)
Висина1471 (хечбек)
1423 (купе)
1507 (караван)
Сроднимеган рено спорт
рено флуенс
рено самсунг СМ3
рено сеник
нисан сентра
нисан рог
нисан кашкај
рено колеос
нисан лафеста
нисан X-трејл

Третата генерација била претставена во 2008 година. Се појавила во хечбек верзија со пет врати и како купе. Купето имало спортски дизајн, додека хечбекот бил поконзервативен. Во 2008 година на креш тестовите Euro NCAP, Меган III добил максимални пет ѕвездички.[3] Во 2012 година бил редизајниран и добил лед светла и предниот дел бил благо изменет. Бил опремен со бензински мотори од 1,2 (115 КС), 1,4 (130 КС), 1,6 (100 и 110 КС), 2,0 (143, 180, 250 и 265 КС) и дизел-мотори од 1,5 (85, 90, 105 и 110 КС), 1,6 (130 КС), 1,9 (130 КС) и 2,0 (150 и 160 КС).

Во 2014 година бил повторно редизајниран. Најбитните промени биле на предниот дел на возилото кој бил дизајнерски ускладен со новиот Реноов визуелн идентитети. Изменети биле браникот, маската на ладилникот, на кој доминирал голем Реноов знак во средината, како и нови фарови, хауба и нови дневни лед светла. Внатрешноста претрпела минимални измени.[4]

 
Рено Меган динамик

Меган IV (2016–2021) уреди

Меган IV
 
Познат и какоРено Меган гран купе
Производство2016–2021
СклопувањеТурција, Шпанија
ПретходникРено флуенс (на некои пазари)
Вид каросерија5 врати хечбек
5 врати караван
4 врати седан
ПлатформаРено ЦМФ (CMF-CD)
Моторбензински мотор 0,9, 1,2, 1,6, 1,8 L
дизел 1,5, 1,6 L
Пренос5/6 степени (мануелен)
6/7 степени (автоматик)
Меѓуоскино раст.2669 хечбек
2711 седан
Должина4359 хечбек
4632 седан
Ширина1814 mm
Висина1447 mm хечбек
1443 mm седан
Сродни

Четвртата генерација била претставена на салонот за автомобили во Франкфурт во септември 2015 година.[5]

Продажбата почнал во јули 2016 година. Автомобилите од четвртата генерација ја користат платформата CMF-CD која ја развиле Рено и Нисан. Четвртата генерација Меган ги следи најновите иновации во поглед на дизајнот кој денес може да се видат на клио 4, каптур, еспас 5, талисман.

Технички поединости уреди

Мегановата четврта генерација е подолга и пониска од своите претходници. Возачот може да бира меѓу пет режими на возење кои го менуваат дотерувањето на автомобилот. Повеќето Меганови модели имаат хед-ап визуализација и седуминчен екран. Сите можни опции кај овие автомобили се адаптер на контролирање на брзината, автоматско кочење, предупредување за излегување од лентата, предупредување за ограничување на брзината, автоматски фарови, задна камера, паркирни сетилници и самопаркирник. Говорејќи за овие автомобили, Реновиот главен дизајнер изјавил: „Рено може да произведе автомобили со латинска кожа и германско срце“. Оваа генерација има достапни девет мотори (4 бензинци и 5 дизелаши), со 89 до 202 коњски сили.

 
Рено Меган грантур

Меган ГТ уреди

Меган ГТ спаѓа во моделите со високи перформанси благодарение на неговиот моќен бензински мотор од 1,6 литри. Стандардно, овој рено има погон на четирите тркала и автоматски менувач со двократна кочница. Исто така има нешто поинаков надворешен и внатрешен дизајн.

 

Меган седан уреди

Рено Меган седан кој на пазарот се појавил во 2016 година потсетува на моделот талисман. Има повеќе простор за патниците на задните седишта од хечбекот. Се продава на африканскиот континент, во ОАРОбединетите Арапски Емирати, на разни пазари во источна Азија и Австралија.

Во Европа овој модел се нуди на италијанскиот, турскиот, полскиот, романскиот и ирскиот пазар, но не и на францускиот и англискиот пазар. Во зависност од самиот пазар, седанот располага со два бензински и три дизел-мотори, со моќност во распон од 90 до 130 коњски сили.[6]

Меган V (2021–) уреди

Наводи уреди

  1. „Renault Megane - Project Megane global design - Auto&Design“. autodesignmagazine.com. 1995-12-20. Посетено на 28 March 2018.
  2. „Megane, Bravo Compte A Rebours Pour Un Double Lancement“. 18 September 1995.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Euro NCAP креш тест“ (англиски). euroncap.com. Посетено на 16 март 2014.
  4. „Ново лице Мегана“ (српски). kurir-info.rs. Посетено на 16 март 2014.
  5. b92.net/automobili (српски)
  6. „Делта топ - Рено Меган - модели четврте генерације“. 12 јули 2018. Архивирано од изворникот на 2020-09-29.

Надворешни врски уреди