Ремхилд
Ремхилд (германски: Römhild) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 14 километри западно од окружниот град Хилдбургхаузен и 21 километар југоисточно од градот Мајнинген.
Ремхилд
Römhild | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Хилдбургхаузен |
Градски единици | 14 |
Градоначалник | Хајко Бартоломојс (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 122,45 км2 |
Надм. височина | 300 м |
Население | 6.661 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 54 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HBN |
Пошт. бр. | 98628–98631 |
Повик. бр. | 036948 |
Портал | www.stadt-roemhild.de |
Местоположба на градот Ремхилд во рамките на округот Хилдбургхаузен | |
![]() | |
Координати | 50°23′0″N 10°33′0″E / 50.38333°N 10.55000°E |
Градот претставувал седиште на поранешната Грофовија Хенеберг-Ремхилд (1491–1581), како и на Војводството Саксонија-Ремхилд.
На 31 декември 2012 година, кон него биле припоени поранешните општини Глајхамберг, Хајна, Мендхаузен, Милц и Вестенфелд.
Географија
уредиМестоположба
уредиРемхилд се наоѓа на ридскиот масив Глајхберге во областа Грабфелд во Хенебергер Ланд, непосредна на покраинската граница со Баварија.
Градски единици
уредиГрадското подрачје е поделено на 14 единици:
|
|
|
Историја
уредиВо градската црква на Ремхилд се наоѓа гробот на Елизабета и Херман VIII од Хенеберг. Правењето на гробот му се припишува на Херман Фишер Помладиот (околу 1486–1517), член на семејството Фишер од Нирнберг.
Политика
уредиГрадски совет
уредиСоветот на градот Ремхилд се состои од 20 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
Партија/Листа | % | Места | +/- |
---|---|---|---|
CDU/FDP/FK | 41,3 | 8 | + 4 |
Слободни гласачи | 29,9 | 6 | − 3 |
Слободни гласачи Хајна | 11,6 | 2 | ± 0 |
Левица | 8,0 | 2 | + 1 |
BZH | 5,0 | 1 | + 1 |
Зелени | 3,3 | 1 | + 1 |
SPD | 1,0 | 0 | − 1 |
KIR | n.k. | 0 | − 2 |
WG Milz | n.k. | 0 | − 1 |
Вкупно | 100,0 | 20 | ± 0 |
На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.
Градоначалник
уредиХајко Бартоломојс (CDU) бил избран на 24 февруари 2019 година со 53,4% од гласовите за нов градоначалник.[3]
Збратимени градови
уредиРемхилд е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Кулата и Градското собрание
-
Замок Глуксбург
-
Градската црква
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Kommunalwahl Römhild 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-12-15.
- ↑ Bürgermeisterwahl 2019, 13. Mai 2019
Надворешни врски
уреди„Ремхилд“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)