Реификацијата (исто така позната како конкретизам, хипостатизација или заблуда на неоправдана конкретност) е заблуда на двосмисленост, кога апстракција (апстрактно верување или хипотетичка конструкција) се третира како да е конкретен вистински настан или физички објект.[1][2] Со други зборови, тоа е грешка на третирање на нешто што не е конкретно (како идејата) како конкретно нешто. Чест случај на реификација е конфузијата на модел со реалноста: "мапата не е територијата".

Реификацијата е дел од нормалното користење на природен јазик (исто како метонимијата на пример), како и на литературата, каде реифицираната апстракција е наменета како стилска фигура и навстина се сфаќа така. Но, употребата на реификацијата во логичкото расудување или реториката е погрешна и обично се смета за логичка грешка.

Теорија

уреди

Реификацијата се случува кога природните или општествените процеси се погрешно разбрани или поедноставени, на пример кога човечките творби се опишани како "факти на природата, резултати на космичките закони или манифестации на божјата волја".[3]

Реификацијата е можно да произлегува од вродена тенденција да се поедноставува искуството со претпоставување на константност колку што е можно повеќе.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Reification, Encyclopædia Britannica
  2. „Logical Fallacies, Formal and Informal“. Архивирано од изворникот на 2011-11-22. Посетено на 2018-03-10.
  3. David K. Naugle (2002). Worldview: the history of a concept. Wm. B. Eerdmans Publishing. стр. 178. ISBN 0-8028-4761-7.
  4. David Galin in B. Alan Wallace, editor, Buddhism & Science: Breaking New Ground. Columbia University Press, 2003, p. 132.