Револверашки (филм)

Револверашки е француски филм од 1971 година. Овој вестерн е напишан од Мари Анж Ани (фр. Marie Ange Anies) и Жан Немор (фр. Jean Nemours), а режиран од Кристијан Жак (фр. Christian Jaque). Во главните улоги се појавуваат Брижит Бардо (фр. Brigitte Bardot) и Клаудија Кардинале (фр. Claudia Cardinale).

ЗаплетУреди

Луиз и нејзините четири сестри формираат банда. По уште еден во низата напади на возови, тие ќе одлучат да се повлечат откако во пленот од грабежите ќе најдат документ за сопственост на ранчот Литл Пe. Но штом ќе пристигнат таму, ќе се судрат со злонамерната Марија Саразан која открила дека на ранчот има нафта и сака да си го присвои...