Ревитуса (грчки: Ρεβυθούσα)[1] - мал остров во Саронскиот Залив, ненаселен[2] со површина од 0,18 квадратни километри. Се наоѓа на 500 метри јужно од брегот на Агија Триада (Света Троица), во заливот Пахи Мегара и 900 метри западно од Саламина. Ревитуса административно припаѓа на Саламина од 2001 година.

Локациска карта на Грција

Терминална станица за течен природен гас уреди

Од 1999 година, една од најважните национални инфраструктури во Грција, работи на терминалот за течен природен гас Ревитуса.[3]

Тој е еден од трите извори на снабдување на Националниот систем за пренос на гас и една од десетте слични станици кои работат денес низ Медитеранот и Европа. Таму се истоваруваат и примаат товари со природен гас во течен облик, кои во земјава пристигнуваат со цистерни. Течниот природен гас се складира во два резервоари со вкупен капацитет од 130.000 кубни метри.[4] Потоа, во посебните капацитети на блокот се претвора во гас и го напојува Националниот систем за природен гас.

Во октомври 2007 година, операторот DESFA ја завршил работата за надградба на Терминалот за течен природен гасРевитуса,[5] остварувајќи една од најважните инвестиции во енергетската инфраструктура на земјата. Со оваа надградба, станицата сега може да прима и преработува до тројно количество природен гас и да му обезбеди на Националниот преносен систем 5,2-5,3 милијарди кубни метри годишно. Конкретно, проектот вклучувало проширување на инфраструктурата и подобрување на опремата за зголемување на капацитетот за гасификација на централата на 1.000 кубни метри гас на час, од 271 кубен метар на час.

Наводи уреди

  1. „Revithousa, first edition translated directly from the Greek wikipedia term“. 18 октомври 2019. Посетено на 13 ноември 2021.
  2. „No. 6821/C5-908: Ratification of the results of the actual population of the general population census of 18 March 2001“ (PDF). ΕΦΗΜΕΡΙΣ ΤΗΣ ΚΥΒΕΡΝΗΣΕΩΣ. 12 јуни 2012. Посетено на 13 ноември 2021.
  3. Η Ρεβυθούσα ανοίγει τις πύλες της - tovima.gr
  4. https://www.desfa.gr/national-natural-gas-system/lng-facility
  5. „LNG Facility, An important energy asset“. DESFA.

Надворешни врски уреди