Растерна графика

Растер графички уредувач е компјутерска програма која овозможува на корисниците да цртаат и едитираат слики интерактивно на компјутерскиот екран и да ги зачувуваат во еден од популарните “bitmap” или “raster” формат како JPEG, PNG, GIF и TIFF.

Екранска снимка од KDE уреедувач за растерна графика KolourPaint
Екранска снимка од GIMP уредувач за растерна графика

Некои уредувачи се специјализирани за едитирање на фото-реалистични слики како Adobe Photoshop, додека другите се повеќе артистички ориентирани, како Adobe Fireworks.

Векторски уредувач наспроти Растер уредувачУреди

Векторските уредувачи честопати се помешувани со Растерни уредувачи. Векторските уредувачи се подобри за графички дизајн, page layout, типографија, логоа, острорабни артистички илустрации (како: анимирани филмови, clip art, cкомплексни геометриски патерни), техничка илустрација, дијаграмирање и шематски блокови. Растер уредувачите се подобри за туширање, фотообработка, фотореалистични илустрации, колажи и рачни илустрации создадени со помош на pen tablet. Повеќето илустратори користат Corel Photo-Paint и Photoshop за да создадат доста типови илустрации. Поновите верзии на bitmap уредувачите, како GIMP и Photoshop подржуваат алатки за работа со вектори, додека векторските уредувачи како CorelDRAW или Adobe Illustrator постепено вметнуваат алатки како и кај bitmap уредувачите.

Општи својстваУреди

  • Избор на регион за едитирање.
  • Поставување на линии со четки во различна боја, големина, форма и притисок
  • Обојување на цел регион со една боја, градиент, или текстура.
  • Избор на боја користејки различни бојни модели (e.g. RGB, HSV), или користејки color dropper.
  • Поставување на текст со различен фонт.
  • Композитно користење на лаери.
  • Едитирање и конвертирање.

ВодиУреди