Расположение (психологија)

Расположението е емоционална состојба. Расположенијата се разликуваат од емоциите во тоа што тие се помалку специфични, помалку интензивни и со помала веројатност да бидат предизвикани од одреден стимул или настан. Расположенијата, генерално, имаат или позитивна или негативна валентност. Со други зборови, луѓето обично кажуваат дека се во добро или лошо расположение.

Расположението исто така се разликува од темперамент или лични одлики кои се дури и подолготрајни. Сепак, личните одлики како што се оптимизам и невротичност предиспонираат одредени типови на расположенија. Долгорочните растројувања на расположението како што се клиничката депресија и биполарното растројство се сметаат за нарушувања на расположението. Расположението е внатрешна, субјективна состојба, но често може да се заклучи од ставот на телото и други однесувања. „Можеме да западнеме во расположение од неочекуван настан, од среќа видувајќи стар пријател до гнев од откривање на предавство од страна на партнерот. Исто така можеме и само да западнеме во расположение“.

Истражувањето исто така покажува дека расположението на човекот може да влијае на тоа како тие ја обработувааат рекламата. Понатаму е утврдено дека расположението е во интеракција со родот за да влијае врз обработката на информација на потрошувачот.

Толпи уреди

Во социологијата, филозофијата и психологијата однесување на толпата е формирање на заедничко расположение насочено кон објект на внимание.

Потекло на поимот уреди

Етимолошки, расположението произлегува од староанглискиот mōd кој означува воена храброст, но исто така може да се однесува на хуморот на личноста, темперамент, или диспозиција во одредено време. Сродниот готски mōds се преведува како θυμός „расположение, дух“ и ὀργή „гнев“.

Недостиг на сон уреди

Спиењето е главен фактор за расположението. Ако некое лице е лишено од сон би можело да стане понервозно, луто и поподложно на стрес и со помала енергија во текот на денот.

Здравствени состојби уреди

Депресија, хроничен стрес, биполарно растројство итн. се сметаат за нарушувања на расположението. Се смета дека таквите нарушувања резултираат од хемиска нерамнотежа во невротрансмитерите на мозокот, сепак некои истражувања ја оспоруваат оваа хипотеза.

Негативно расположение уреди

Како позитивните расположенија така и негативните расположенија имаат важни импликации за човековата ментална и физичка благосостојба. Расположенијата се основни психички состојби кои може да се случат како реакција на еден настан или може да се јават без некоја очигледна надворешна причина. Бидејќи не постои интенционален објект кој предизвикува негативно расположение, нема конкретен почетен и завршен термин. Тоа може да трае со часови, денови, недели или подолго. Негативните расположенија можат да манипулираат како поединците го толкуваат и доживуваат светот околу нив, а исто така можат да го насочуваат нивното однесување. Негативните расположенија можат да влијаат на расудувањето на поединецот и неговата перцепција на објекти и настани. Во една студија направена од страна на Нидентал и Сетерланд (1994), истражувањето покажало дека поединците се наштимани да ги согледаат нештата кои се совпаѓаат со нивното моментално расположение. Негативните расположенија, главно нискоинтензивните, можат да контролираат како луѓето емоционално доживуваат соодветни објекти и настани. На пример, Нидентал и Сетерланд користеле музика за да предизвикаат позитивни и негативни расположенија. Тажна музика била искористена како поттик за предизвикување на негативни расположенија и учесниците ги означиле другите работи како негативни. Ова докажува дека моменталното расположение на луѓето има тенденција да влијае на нивните расудувања и перцепции. Овие негативни расположенија можат да доведат до проблеми во општествените односи. На пример, една неприлагодлива регулација на негативното расположение е хиптерактивна стратегија во која поединците премногу ги драматизираат нивните негативни чувства со цел да се предизвика поддршка и повратни информации од другите и да им ја гарантираат нивната достапност. Вториот тип на неприлагодлива регулација на негативното расположение е стратегија на оневозможување во која поединците ги потиснуваат нивните чувства и се оддалечуваат од останатите со цел да избегнат фрустрации и анксиозност предизвикани од недостапноста на другите.

Негативните расположенија се поврзани со депресија, анксиозност, агресија, слаба самопочит, физиолошки стрес и намалување на сексуалната возбуда. Кај некои поединци постои доказ дека депресивното или нервозното расположение можат да го зголемат сексуалниот интерес или возбуда. Во принцип, почесто мажите отколку жените изјавуваат зголемен сексуален нагон за време на состојбите во негативно расположение. Негативните расположенија се означени како неконструктивни бидејќи можат да влијаат на способноста на поединецот да ги обработува информациите; правејќи да се фокусираат исклучиво на испраќачот на пораката, додека луѓето во позитивни расположенија ќе посветат поголемо внимание и на испраќачот и на контекстот на пораката. Ова може да доведе до проблеми во општествените односи со другите.

Негативните расположенија, како што се анксиозност, често ги насочуваат поединците погрешно да ги разберат физичките симптоми. Според Џери Сулс, професор на Универзитетот во Ајова, луѓето кои се депресивни и анксиозни имаат тенденција да бидат во длабоко размислување. Сепак, иако афективните состојби на поединецот може да влијаат на соматските промени, овие поединци не се хипохондрици.

Иако негативните расположенија генерално се одликуваат како лоши, не сите расположенија се нужно штетни. Моделот за ослободување од негативната состојба наведува дека човечките суштества имаат вродена желба за намалување на негативното расположение. Луѓето можат да ги намалат нивните негативни расположенија преку вклучување во било кое однесување за воздигнување на расположението (наречено Стратегии за поправање на расположение), како што е однесувањето на помагање, кое е споено со позитивна вредност како што се насмевките и благодарноста. На тој начин негативното расположение ја зголемува услужливоста бидејќи помагањето на другите може да ги намали сопствените лоши чувства.

Позитивно расположение уреди

Позитивно расположение може да биде предизвикано од страна на многу различни аспекти на животот и исто така има одредени ефекти врз луѓето како целина. Доброто расположение обично се смета за состојба без идентификувана причина; луѓето не можат точно да одредат зошто се во добро расположение. Изгледа дека луѓето доживуваат позитивно расположение кога се на чисто со себеси, имале добар сон и немаат чувство на стрес во нивниот живот. Имало многу истражувања направени за ефектот на позитивните емоции на когнитивниот ум и има шпекулации дека позитивното расположение може да влијае на нашите умови на добри или лоши начини. Општо земено, утврдено е дека позитивното расположение ги подобрува креативното решавање на проблемот и флексибилното но, сепак внимателно размислување. Некои студии утврдиле дека позитивните расположенија им дозволуваат на луѓето да размислуваат креативно, слободно и да бидат поимагитивни. Позитивното расположение исто така може да им помогне на поединците во ситуации во кои е вклучено отежнато размислување и бура од идеи. Во еден експеримент, поединците кои беа индуцирани со позитивно расположение имаа подобрени перформанси на Remote Associates Task (RAT), когнитивна задача која бара креативно решавање на проблеми. Покрај тоа, студијата исто така сугерира дека во позитивното расположение се прoширува или зголемува широчината на насочена селекција како тие информации кои можат да бидат корисни за моменталната задача стануваат подостапни за употреба. Како резултат на тоа, поголема достапност на релевантни информации го олеснува успешното решавање на проблемот. Позитивното расположение, исто така, е докажано дека покажува негативни ефекти и врз спознанието. Според статијата „Позитивното расположение е поврзано со имплицитна употреба на расеаност“, „Постојат и докази дека поединците во позитивно расположение покажуват нарушени перформанси, барем кога е присутна информацијата која го одзема вниманието“. Во статијата се наведува дека другите работи во нивните периферни погледи можат лесно да го одземат вниманието на луѓето кои се во добро расположение; пример за ова би било ако се обидувате да учите во библиотека (со оглед на тоа дека сте во позитивно расположение)и гледате луѓе кои постојано шетаат наоколу или прават мали вреви. Студијата во основа наведува дека би било потешко за позитивните расположенија да се сконцентрираат на моменталната задача. Особено среќните луѓе можат да бидат почувствителни на хедонистичките последици од обработка на пораката отколку тажните луѓе. Така позитивните расположенија се предвидени да доведат до намалена обработка само кога размислувањето за пораката е опасно за расположението. За споредба, ако обработката на пораката овозможува едно лице да задржи или подобри пријатна состојба тогаш позитивните расположенија не треба да доведат до пониски нивоа на гледање на пораката под лупа отколку негативните расположенија. Се претпоставува дека првичните информации во врска со изворот или ги потврдуваат или отрфлаат очекувањата на складни расположенија. Поточно, позитивното расположение може да доведе до повеќе позитивни очекувања што се однесува до вистинитоста на изворот или атрактивноста отколку негативното расположение. Како последица на тоа, луѓето во позитивно расположение би требало да бидат повеќе изненадени кога ќе наидат на неверодостоен или непривлечен извор наместо веродостоен или привлечен извор.

Насмевнување уреди

„Психолозите откриле дека дури и кога сте во лошо расположение, можете веднаш да го кренете духот принудувајќи се да се насмевнете“. Бројни количини на научни истражувања покажаа дека правењето изрази на лицето, како што е насмевнувањето, може да создаде ефекти врз телото слични на оние кои произлегуваат од вистинските емоции, како што е среќата. Пол Екман и неговите колеги го проучувале изразот на емоциите на лицето и поврзале одредени емоции со движењето на одредени мускули на лицето. Секоја основна емоција е поврзана со специфичен израз на лицето. Сетилниот фидбек од изразот придонесува за емоционалното чувство. Пример: Насмевнувајте се ако сакате да се чувствувате среќни. Изразите на лицето имаат голем ефект врз самопријавените гнев и среќа коишто потоа влијаат на вашето расположение. Екман утврдил дека овие изрази на емоции се универзални и препознатливи низ широко различните култури.

Општествено расположение уреди

Идејата за општествено расположение како „колективно споделување на состојба на умот“ (Нофсингер 2005; Олсон 2006) се припишува на Роберт Прехтер и неговата социономика. Поимот се користи првенствено во областа на економијата (инвестиции).