Рамазан

исламски празник
(Пренасочено од Рамазан бајрам)
Дел од темата

Ислам



Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилозофија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Рамазан (тур. Ramazan од арап. رمضان, Рамадан) — исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Рамазан е еден од Петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови — милост, благодат и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии — духовна, морална, солидарна и здравствена.

Пост

уреди

Еден од најважните настани во текот на овој месец е постењето (савма). Секој ден во текот на месецот Рамазан, муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на Сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар (fajr) молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва (езан) па сè до четвртата молитва од денот, магриб (залез). Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на Сонцето, па сè до следниот фаџар (повик за молитва).

Рамазан е време за обожување на Бог. Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и да избегнуваат лоши мисли и нерелигиозни разговори. Размислување и имање секс во текот на постот исто така се забранети. Насилството, освен ако тоа навистина е потребно е забрането исто така (Коран 2:187). Една од најважните одлики на месецот е чистотата на мислата и активностите. Постот има за цел да го продлабочи искажување на почит и воспевањето на името на Бога, со што и самите верници стануваат поблиску до бога.

Единствено од постот може да бидат „оправдани“ старите, болните и безумните/лудите, иако првите две групи мора да дадат напор секојдневно да исхрануваат барем еден сиромашен верник. Исто така исклучок може да бидат бремените жени, жените во периодот на менструација и доилките. Сите ги надокнадуваат деновите во кои не постат отпосле. Децата не се обврзани да постат, сепак многу деца се обидуваат да постат колку што е можно повеќепати во текот на детството, во тоа им помагаат нивните роднини. На крај, патниците се исклучени од обврската на постот, но исто како и другите, по нивното патување мора да надокнадат за пропуштените денови на пост.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневниот празник Рамазан бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Во дел од арапските држави постот е само во првите неколку дена во месецот.