Ракописот на Чанселор

„Ракописот на Чанселор“ е роман од 1977 година, напишан од американскиот писател Роберт Ладлам, за “наводните“ тајни досиеја на Џ. Едгар Хувер и како тие исчезнале по неговата смрт и како е можно да се искористат да натераат луѓе на угледни места да работат за оние кои ги знаат тајните на досиејата. Исто така, шпекулира дека Хувер можеби бил убиен бидејќи знаел премногу за премногу погрешни луѓе.

Ракописот на Чанселор
Податотека:Ludlum - The Chancellor Manuscript Coverart.png
АвторРоберт Ладлам
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
ЖанрТрилер
ИздавачDoubleday
Издадена
Јуни 1977

Резиме уреди

Во приказната, Питер Чанселор, успешен автор на политички трилери, пишува фиктивно дело кое премногу личи на замислата дека луѓето кои ги поседуваат досиејата, група наречена Инвер Брас во романот, можат да одлучат дека некој друг можеби знае премногу. Ова ја поставува сцената за интернационата интрига која следува.

Интересен факт уреди

На крајот, Ладлам го остава читателот замислен дали тој, а не Питер Чанселор, протагонистот во приказната, знаел за заверата.