Здраво Zeko 15. Убаво што уредуваш табели за населени места со податоци од пописот во 2002 година, но твоите уредувања во голем дел се повторуваат во постоечките статии, како на пример во статијата за градот Виница. За жал, морав да го отповикам твоето уредување, бидејќи во статијата веќе постои табела, а пред неа е употребена реченицата: Според пописот на населението од 2002 година ... Поздрав - Виолетова (разговор) 17:04, 27 декември 2016 (CET)

Ова иако предупредено се повторува. Ќе добиеш забрана за уредување во текот на еден ден. Се надевам дека во иднина ќе посветуваш малку повеќе време за да видиш дека некој претходно веќе го направил тоа. --Ehrlich91 (разговор) 23:29, 1 јануари 2017 (CET)

Табели со населениеУреди

Зеко, јас навистина не ја гледам потребата од додавање на табели на веќе постоечки уредени села со целосни информации за движење на населението по пописни години. Воедно, каква е и потребата од додавање на табела со наведување на сите етнички групи во Македонија, кога во селото постои само една етничка заедница, која е веќе наведено преку пр. „во селото има 4 жители, сите Македонци“, со што е веќе кажано и нема никаква потреба од табела. --Ehrlich91 (разговор) 21:00, 4 јануари 2017 (CET)

ОпоменаУреди

Последна опомена. Како што и ти напишав и претходните пати, доколку забележувам дека повторно изменуваш и вметнуваш статии во целосно уредени статии за села, меѓу другото и делот со населението, воедно целосно менувајќи и автоматски внесувајќи ги твоиве табели, ќе бидеш блокиран. --Ehrlich91 (разговор) 21:42, 5 јануари 2017 (CET)

Сегде има табели на пример на бугарски јазик има табели За подобро да се разбера етничка група нема врска дали е Една етничка група треба да си има табели

Ниедно издание на Википедија не е исто и не треба да биде исто. За вакви крупни прашања не решава еден поединец, туку целата заедница. За вакви промени како твоите треба да реши целата заедница, а не самоиницијативно како што правиш ти, бидејќи се работи за крупно прашање. Мојот став веќе го искажав, слободно отвори дискусија на нашата селска чешма, каде што сите би учествувале. Но, воедно, до решение не вметнувај вакви табели низ статии кои веќе се целосно уредени од наша страна. --Ehrlich91 (разговор) 22:39, 5 јануари 2017 (CET)

На пример које село направих така

На пример во статијата Арбиново, во делот население има убава табела со податоци за тоа како се намалува бројот на жители по години. Исто така е запишано дека според пописот од 2002, денес живеат 26 жители, сите Македонци. Морав да ја одбијам твојата промена (додавање на табела), бидејќи нема логика да стои. Имаше и други такви примери. Мене лично не ми смета ако наставаш табели, јас поминувам и проверувам, но губење време е: и за тебе (да ги поставиш податоците во табелата и во статијата), и за мене или кој и да влезе да провери. Од друга страна, имаше статии за села кои се само никулци, дури некои се без податоци за население, каде табелата е сосема во ред да стои. Не би било лошо,

Ај како што предлага Ehrlich91, да провериш најпрво во каква статија ставаш табела: постави табела онаму каде нема податоци. Во таков случај, твоите уредувања ќе бидат корисни. Поздрав - Виолетова (разговор) 11:24, 6 јануари 2017 (CET)

БлокирањеУреди

Јас навистина се обидов да се објаснам со тебе, но ти очигледно не сакаш да ме разбереш. Повторно си уредил статии (села во Општина Ранковце), кои се целосно уредени од моја страна, со соодветни табели, наводи и си ги ставаш тие табели, кои се без никаква потреба таму. Ќе си добиеш блокирање од моја страна, со надеж дека конечно малку ќе размислиш што правиш. --Ehrlich91 (разговор) 20:48, 16 јануари 2017 (CET)

Ај одблокирај Веке треба да работам само кажи во кој општини да не уредува ОК


Одбокиеи Гаре Ее Треба Да Си Работа Во Пописот Нов