Добре дојде!

Здраво, SimonaK~mkwiki, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! Тиверополник (разговор) 09:54, 10 ноември 2013 (CET)Одговори

Авторски права, заштитени текстови и Википедија уреди

SimonaK, Ве известувам дека сите статии кои ги имате копирано од други мрежни места (претежно, од zazdravje.com.mk) се избришани. За жал, на дното од овие сајтови може да се прочита: „Copyright © 2010-2013 За Здравје. Сите права се задржани.“. Ова значи дека тие не можат да се искористат на Википедија. Прво, грешно е да се копираат затоа што се кршат авторските права, а второ, неправилно е затоа што содржината на Википедија сакаме да биде слободна за пристапување, менување и споделување (и затоа таа е лиценцирана под слободна лиценца). Повеќе за ова можете да прочитате на страниците ВП:АП и ВП:УСЛОВИ.

Ве молам, во иднина не пишувајте статии кои се копија од текстови на Интернет, или воопшто, копија на било кое дело (пример, книга) кое е заштитетно со авторски права. Ви благодарам за разбирањето и ми е жал што ова предупредување не сте го добиле порано.

Со тоа, топло Ве охрабрувам да продолжите со збогатувањето на оваа Википедија. За помош — стојам на располагање. --Brainmachine (разговор) 20:39, 13 февруари 2014 (CET)Одговори

Вашата сметка ќе биде преименувана уреди

04:47, 18 март 2015 (CET)

Направено е преименување уреди

22:49, 21 април 2015 (CEST)