Разговор со корисник:Misos/Главна Страница

Јас на почеток ја замислував да биде отприлика вака почетната страница. Но бидејќи ја имаме содржината на почетокот на страницата, каде се инкорпорирани порталите (главните се фактички насловите на темите, оние што ги имаш наведено ти нагоре), додека субпорталите се оние точки што одат после насловот на темите во содржината. Пример сега тоа го имаме во темата географија, каде како субпортал е порталот за европа. Или во темата Опшествени науки, како субпортали се јавуваат Историја и Философија.

Значи ние немаме којзнае колку портали, но креирањето на портали и не е толку тешко. Пример Виктор веќе добра дел од започнатите портали ги среди. Од друга страна порталите драстично го подобруваат квалитетот на енциклопедијата од два аспекта:

  • за корисниците кои само читаат, им помага полесно да се снајдат во пребарувањето на статиите и им дава можност да прочитаат и друга тема од истата област за која можеби и не помислувале првично,
  • за корисниците кои уредуваат, тоа е добра можност да се ориентираат кои теми се важни а кои помалку важни. Бидејќи ќе се обидуваат да да направат синтеза на своето занење.

Од овие причини јас се откажав од додавањето на брзите линкови за порталите на главната страница. Но затоа над секој портал ќе си постојат брзите линкови.--brest 18:44, 24 јуни 2007 (UTC)

Е сега дали да има одбрани портали иле не? Може и да нема. Но бидејќи ние имаме барем 4-5 средени портали во моментов, а мислам дека има и повеќе. Ако ги избираме еднаш месечно тогаш до крајот на годинава имаме портал за секој месец. А потоа се надевам дека ќе имаме новокреирани портали кои би можеле да ги промовираме. Ако нема тогаш би ја тргнале оваа секција од главната страница. Тоа е моето мислење во врска со одбраните портали. Исто така мислам дека мора да ги промовираме порталите на овој начин како би ја разбудиле љубопитноста на нашите корисници.--brest 18:47, 24 јуни 2007 (UTC)

Другите Википедии (пр. англиската, српската) немаа одбрани портали, ми се чини со причина. Ние имаме дополнителен проблем - бројот на луѓе што активно работи на нив е многу мал. Обично група на корисници обработува дадена тема и за неа се прави портал (барем така е англиската). Кај нас, сите портали се индивидуални дела на различни корисници. Да супер се, имаат содржина, но дали редовно би се ажурирале? Станува збор за навистина голем број на статии, кој еден корисник не може да ги ажурира, а при тоа и да продолжи да работи на нови. Се додека не се формира критична маса која може да ги одржува, мислам дека не треба да воведеме таква секција.

Одбрана мултимедијална содржина изгледа убаво, но може да се инкорпорира во Слика на неделата, и сам кажа дека нема да ги менуваме често. Може на пр. на секоја трета слика на неделата да оди мултимедијална содржина. Слика на денот не би било во ред пред се заради проблематичните авторски права (над 1000 слики немаат ставено лиценца).

Во секој случај, мислам дека најдемократски би било да се гласа кои делови да стојат на главната страница. --Милош 19:15, 24 јуни 2007 (UTC)

Може да ги споиме одбрана слика, со одбрана мултимедијална содржина. Нема потреба да бидеме толку амбициозни во овој момент. Што се однесува до одбрани портали мислам дека треба да остане оваа содржина на главната страница од причини кои ги наведов погоре. На англиската википедија има избрани портали. Ги нема на насловната страница во овој момент. Но колку што се сеќавам ги имаше едно време. Идејата е да се промовира и форсира креирањето на портали.--brest 19:20, 24 јуни 2007 (UTC)

Започнете разговор за Корисник:Misos/Главна Страница

Започни разговор
Назад на корисничката страница на „Misos/Главна Страница“.