Добре дојде!

Здраво, Filipovskaivana, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kolega2357-Bot (разговор) 16:33, 10 април 2013 (CEST) Клајв В.Џ. ГрејнџерОдговори

Од Википедија, слободната енциклопедија (Пренасочено од Kлајв В.Џ. Грејнџер)


Господин Клајв В.Џ. Грејнџер(Септември 4, 1934 - Maj 27, 2009) e Британски економист кој предава во Британија на Универзитетот во Нотингам и во САД на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего. Во 2003, Грејнџер освои Нобелова награда по економски науки, заедно со неговиот соработник Роберт Ф. Енгл, како признание за значителните откритија во полето на анализата на временски серии на податоци, со што се промени основата на начинот на кој економистите ги анализираат финансиските и макроекономските податоци.


Биографија уреди

Рани години уреди

Сер Клајв Вилијам Џон Грејнџер е роден на 4 Септември 1934 во Британија, во Свонси, јужен Велс

[1], син на Едвард Грејнџер и Евилин Грејнџер. Наредната година неговите родители се преселуваат во Линколн.

За време на Втората светска Војна, Грејнџер се пресели со неговата мајка во Кембриџ, каде што го посетува локалното основно училиште. Средното образование го започнува во Кембриџ, но го продолжува во Нотингам, каде што неговата фамилија се преселува по завршувањето на војната. За време на училишните денови Грејнџер покажува талент за математика, развивајќи силен интерес за полето на применета математика.

По завршувањето на средното образование Грејнџер се запишува на Универзитетот во Нотингам на заедничиот смер на економија и математика, меѓутоа набрзо, во втора година се префрлува на целосна математика. По дипломирањето во 1955 година, тој остана на Универзитетот во Нотингам за да ги пролжи своите докторски студии во областа на статистиката, под менторство на Хари Пит.

Во 1956 на само 21 година, Грејнџер беше избран за помлад асистент по статистика на Универзитетот. Поради тоа што било особено заинтересиран за применета статистика и економија, Грејнџер за својата докторска дисертација, како тема ја ја одбира Анализа на временски серии. Oбласт за која тој смета дека многу малку е обработена во неговото време. Во 1959 се стекна со титулата доктор на науки со теза "Тестирање на нестационираност"

Академски живот уреди

Следната академска година од 1959 - 60, Грејнџер ја помина во САД на Принсетон Универзитетот, со стипендија Xаркнес на Комонвелт фондацијата. Тој бил поканет во Принсетон од страна на Оскар Моргенстерн да учествува во неговиот економетриски истражувачки проект. Овде Грејнџер работел со Мичио Xатанака како асистенти на Џон Тукеј на проектот за употреба на Фуриева анализа на економски податоци.

На крајот од годината во Принсетон, Грејнџер се венча и го поминува својот меден месец на патување низ Соединетите Држави.

Во 1964 година Грејнџер и Хатанака ги објавуваат резултатите од нивното истражување во книгата "Спектрална анализа на економски временски серии" ( Тукеј ги охрабрил да го пишуваат самите заедно бидејќи доколку не го сторат тоа, тој нема да им ги објави нивните истражувачки резултати ). Грејнџер исто така напиша во 1963 година статија со наслов "Типичен спектрален облик на економската варијабла", која беше објавена во 1966 во списанието Економетрика. Kнигата и статијата се покажаа како влијателни во прифаќањето на новите методи.

Коплексните методи на Грејнџер овозможуваат формирање на економски модели кои го помагаат разбирањето на тоа како се развиваат трендовите со време, и како се развиваат врските помеѓу различните варијабли.

Грејнџер исто така стана редовен професор на Универзитетот во Нотингам.

Во трудот од 1969 во Економетрика, Грејнџер исто така го претставува неговиот концепт Грејнџерова каузалност.

Откако прочитал копиран примерок од книгата за временски серии на Џорџ Бокс и Гвилим Џенкинс во 1968[2], Грејнџер станува заинтересиран за предвидување( веројатност ). Следните неколку години работи на оваа тема со неговиот пост – докторски студент Пол Њуболд и тие заедно пишуваат книга која станува стандардно четиво за предвидување на временски серии ( издадена во 1977 година ). Со употреба на симулации, Грејнџер и Њуболд го напишаа познатиот труд од 1974 година за спирална регресија, која што доведува до реевалуација на претходната емпириска работа во економијата и економетриската метадологија.[3]

Грејнџер еднаш рече: "Наставникот и кажа на мајка ми дека јас нема никогаш да станам успешен, што ја покажува тешкотијата на предвидување на долг временски период врз неадекватни податоци".

Вкупно, Грејнџер поминава 22 години на Универзитетот во Нотингам. Во 2005, зградата во која се сместени економскиот и географскиот департман беше приименувана во Зграда на сер Клајв Грејнџер. во чест на неговото достигнување.

Во 1974 година Грејнџер се преселува во САД на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего. Во 1975 тој учествуваше во комитетот на националното биро за мерење предводен од Арнолд Зелнер,кој учествуваше во сезонски прилагодувања. На Калифорнискиот Универзитет Грејнџер го продолжи неговото истражување на временските серии, во блиска соработка со Роберт Енгл( на којшто му помогнал да дојде на Универзитето во Калифорнија ), работи и со Розелин Жоје (на фракцијална интеграција), работи и со Тимо Терасмирта (на нелинеарни временски серии). Работејќи со Роберт Енгл го развил концептот за коинтеграција, претставен во заедничкиот труд во Економетрика во 1977; за кој беше награден со Нобеловата награда во 2003.

Грејнџер бил ментор на многу студенти при нивното студирање на докторски студии, меѓу кој бил и Марк Ватсон (соработник со Роберт Енгл).[4]

Во подоцнежните години Грејнџер го употребува методот за временски серии во анализа на податоци надвор од економијата. Така тој работеше на проект во врска со амазонската прашума и изгради модел за предвидување на уништување на шумите. Резултатите беа објавени во книгата од 2002 година.[5] Грејнџер се пензионираше од Калифорнискиот Универзитет во 2003 како почесен професор. Грејнџер беше оженет со Патриша од 1960 до неговата смрт. Имаат син, Марк Вилијам Џон и ќерка, Клер Аманда Џеин.

Грејнџер умира на 27 Мај 2009 година.

Почести и награди уреди

Во 2003 Грејнџер заедно со својот соработник Роберт Енгл се наградени со Нобеловата Награда за Економска Наука. Грејнџер бил член во Економетриското друштво уште од 1972 и бил почесен член на Британската Академија од 2002. Исто така беше изгласан да биде меѓу 100 Херои на Велс.

Наводи уреди

  1. Превземено од "Clive W.J. Granger: The Sveriges Riksbank Prize in Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel 2003". Стокхолм, 2003, Нобелова Награда за Економска Наука
  2. George Box and Gwilym Jenkins (1970). Time Series Analysis, Forecasting and Control, Holden-Day, Inc.
  3. "The ET Interview: Professor Clive Granger" by Peter C.B. Phillips, Econometric Theory 13, 1997, pp. 253–303
  4. "Interview" by Philipp Harms
  5. Granger, C. W. J., Andersen L., Reis E., Weinhold D., and Wunder S. (2002). The Dynamics of Deforestation and Economic Growth in the Brazilian Amazon. Cambridge University Press