Добредојде!

Здраво, Filipdimovski, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде! -- MacedonianBoy  Oui? 12:00, 10 јануари 2009 (UTC)

Мали совети уреди

Одлично што си се одлучил да пишуваш на македонскава Википедија и баш нѝ е мило поради тоа. Јас сакам да ти укажам некои мали совети. Имено, кога сакаш да пишуваш за нешто што го нема на македонскава Википедија, во тој случај статијата треба да биде на македонски јазик со кирилица. Доколку сакаш и оригиналното име да води до статијата тогаш оригиналното име треба да го пренасочуваш кон македонската верзија со тоа што во статијата со оригиналното име ќе го вметнеш само ова #ПРЕНАСОЧУВАЊЕ [[Наслов на статија]] (Наместо Насолов на статија, пишете го името на статијата) и тогаш ќе пренасочува оригиналното име кон статијата на македонски јазик. Ова е подобро да не се пишуваат дупли статии и помалку работа има. А доколку сакаш да дополниш некоја статија само дополни во веќе постоечката статија. Поздрав и пријатна работа на македонската Википедија. -- MacedonianBoy  Oui? 12:17, 10 јануари 2009 (UTC)

Интервики, никулец и категорија уреди

За да бидат комплетни статиите што ги пишуваш, најдобро е да се стави никулец на крај од статијата во зависност од темата што ја обработуваш. Така да, за биологија се става овој никулец {{Био-никулец}}, за историја се става {{Ист-никулец}} итн. Исто така на крај мора да ставаш категорија, во зависност од темата. И на крај се ставаат интевики, поточно останатите јазици, нив можеш да ги најдеш на англиската википедија на соодветната статија на крај од статијата кога ја уредуваш. Ова се технички забелешки, лесна работа на МК Вики. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 12:03, 11 јануари 2009 (UTC)

Да се надоврзам. Статиите кои ги правиш, повеќето од нив не се енциклопедиска содржина. Некои веројатно ке бидат избришани. Бар те молам потруди се да ги најдеш истите статии на англиската википедија и пробај барем да видиш како е таму и по некоја реченица да преведеш, една сликичка да ја ископираш од таму и да ја пастираш на мк вики. И најважно е да категоризираш. Инаку џабе се мачиш. Плус интервики ставај, тоа се врски до другите јазици. Позз и ако имаш нешто прашај--Raso mk (разговор) 16:17, 11 јануари 2009 (UTC)
Еве како бо требало да изгледа една кратка стаија, на пример оваа за ПЛАНКТОН. Или кликни тука за да видиш како се ставаат општите податоци. --Raso mk (разговор) 16:36, 11 јануари 2009 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата уреди

Иницијатива
           Здраво, Filipdimovski!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:35, 23 јануари 2009 (UTC)

Здраво уреди

Вашите придонеси се добродојдени на Википедија. Сепак, би Ве замолил во статиите за кучешките раси да ја ставите категоријата Кучешки раси. Тоа може да го направите доколку го напишете ова (или копирајте го од тука) во најдолниот дел од статијата: [[Категорија:Кучешки раси]]. Поздрав, Boyan (разговор) 20:01, 6 мај 2009 (UTC)


Награда за неуморниот уредувач уреди

  Награда за неуморниот уредувач
Јас, Kiril SImeonovski, Ви доделувам вам, Filipdimovski, награда за Вашите придонеси на Википедија на македонски јазик. Само напред!--Kiril Simeonovski (разговор) 18:49, 16 мај 2009 (UTC)