Добредојде! Nuvola apps kuickshow.png

Здраво, Ema Matkalievska, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде! --iNkubusse A? 07:32, 6 јуни 2010 (CEST)

ЗдравоУреди

Здраво, Ема. Одлично што си ја превела целата статија за Мадрид од en.вики, но морам да ти напоменам неколку работи. Те молам кога преведуваш од англиски труди се да користиш македонски правопис. На пример:

  • имињата на месеците се пишуваат со мала буква
  • имиња на личности се пишуваат на македонски, кирилично (пр. Хуан Карлос)
  • кога се меѓу бројки, запирките се децимални запирки (пр. 123,456 - сто дваесет и три запирка четири пет шест), а точките се користат за групирање на цифри, обично три (пр. 300.000 - триста илјади)
  • кога пишуваш имиња на шпански места, нема потреба во заграда да ги пишуваш оригиналите (или англиските преводи)
  • придавки како „шпанскиот“ се пишуваат со мала буква
  • наводниците се отвораат со долни „ и се затвораат со горни “

Друга важна работа е дека не мораш да пишуваш „содржина“; автоматски се додава пред првиот наслов. Но затоа мораш да користиш наслови. Наслови се прават едноставно со два знака за еднакво од двете страни на насловот, пример вака:

==Наслов==

За поднаслов, само стави три знаци еднакво од двете страни, вака:

===Поднаслов===

За поднаслов на поднасловот, стави четири знаци за еднакво. Само погледни некоја статија и ќе сфатиш како одат тие работи.

Најдобро е да ја погледнеш статијата за Мадрид како што ја потсредив јас малку и да видиш што сум сменил. Така највеќе се учи. Ако имаш прашања или ти треба помош, слободно обрати ми се на мојата страница за разговор. Поздрав. --iNkubusse A? 07:32, 6 јуни 2010 (CEST)