Добре дојде!

Здраво, Djalek, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--brest 15:38, 17 јули 2007 (UTC)

Големина на слики уреди

Не мора да ја подигнуваш истата слика во помала големина, ако сакаш сликата да ја користиш во помала големина на статијата. Без разлика на нејзината вистинска големина, можеш да ја смалиш на статијата, вака:

[[Слика:ИМЕНАСЛИКА|200px]].

Со претходниов код, сликата ќе има ширина од 200 пиксели. Ако сакаш да биде со ширина од 300 пикели, внеси. Пример:

[[Слика:ИМЕНАСЛИКА|300п]] (наместо px можеш да пишеш и само п).

Сликата Слика:136219.jpg ја избришав и ја подигнав со ново име, Слика:Rajovci-Slansko.jpg, бидејќи не е убаво сликите да имаат имиња составени од бројки или неразбирлив текст. Помалата слика Слика:136219 m.jpg ја избришав бидејќи беше дупликат на претходната слика (а, како што кажав, не мора да се подигнува помала слика за да се користи со помала големина). Ако нешто не ти е јасно, слободно прашај. Поздрав. --iNkubusse A? 12:49, 17 јуни 2008 (UTC)