Здраво!

Бидејќи имаш создадено и средувано многу статии за Википедија (а се надевам дека и ќе продолжиш така), би ти дал предлог да се регистрираш. Регистрирањето носи многу придобивки. Тоа можеш да го направиш со клик на Регистрирај се во горниот десен агол од екранот, а потоа со пополнување на тоа што се бара. Поздрав, Boyan 17:15, 13 Декември 2005 (UTC)

Здраво и од мене!
Бојан ми ги зема зборовите од уста. :) --FlavrSavr 17:20, 13 Декември 2005 (UTC)

Здраво и од мене :) Причината зошто не се регистрирам е што оваа ИП адреса (или како тоа се вика) е на институцијата во која работам, така што ако се регистрирам тогаш на мое име ќе биде цела институција, што сепак не сакам да го направам. Од друга страна, не сакам да го ставам називот на институцијата, зашто би се подразбирало дека таа ги средува статиите, а и во крајна линија и не сум многу приврзан кон институцијата во која работам. Со други зборови, ова решение, барем засега, е најприфатливо.

Здраво и од мене :) Апсолутно е небитно од која ип адреса се најавуваш кога си регистриран, потребно е само да се логираш со своето корисничко име и лозинка и на википедија ќе стои само тоа. Не заборавај на крајот (кога ќе завршиш со уредување) да кликнеш на одјави се. И уште еднаш, добредојде во Македонската Википедија. --Misos 08:39, 14 Декември 2005 (UTC)

Е штом е така ќе се регистрирам :)