Разговор со корисник:Виолетова/Архива4

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Jас само ја преведов англиската верзија во која стои дека и покрај тоа што денес се користи за тоа и тоа, според традиционалните обичаи (кинески веројатно) фенг шуи првенствено се користи за да се избере место на живеење и да се најде место за закоп, како и за агрокултурно планирање. Така пише во англиската, веројатно е точно затоа и го напишав. Тоа може во Кина да е, бидејќи како што реков, пишува во традиционалната употреба се користи за тоа. А инаку да прашам за избира и одбира, кое е поточно на македонски, бидејќи некако одбира ми е битолска, па го користам избира кога сакам да зборувам „литературно“ :) Но гледам и Вие сте напишале одбира наместо избира. Има разлика, или е сосем истото?

P.S. Тој шаблонот за кинеските изговори (и јапонските и.т.н.) ќе го довршам за некој ден бидејќи е многу сложен да видам како се преведени точно тие јазици и писма на македонски.

--√ гитардэмонговори со мной √ 18:10, 25 ноември 2008 (UTC)

Вака, прво за фенг шуи - добро, ептен добро позната темата - и тврдам дека англиската статија не ја пишувал дипломиран фенг шуи консултант. Учев и за традиционалната употреба, знам и за сите школи што постоеле низ историјата, ама нејќам да ги збунам читателите со непотребни податоци :)

А за `избира` и `одбира` и двете се користат, само што се разликуваат според содржината на реченицата. `Одбирам да те послушам` (не е `избирам`), или `Ги избраа новите кандидати` (не е `Ги одбраа...`). Разликите се само околу суштината, ништо страшно. :)

п.с. за шаблонот - мислам дека е непотребно компицирање на темата, но добро. Одбирам да не се бунам и да ти помогнам колку што знам како точно се преведуваат некои од нив на македонски јазик. (А колку што ги гледам - освен јапонските Kanji и Hiragana = канџи и хирагана, другите не ми се познати...)

Поздрав -- Виолетова, разговор, 18:26, 25 ноември 2008 (UTC)

Тоа со шаблонот на англиската википедија се користи за сите поими кои се од (на) кинески јапонски и слично, и е добро да го имаме, бидејќи имаме голем број на такви статии. Оставете го јас ќе го уредам, бидејќи е малку долг и сложен :) А за избрал и одбрал, во овој контекст не е подобро: да изберат гробно место, во сличен стил на ги избраа кандидатите? А сепак за тоа за агрикултурата, сметам дека сте Вие во право, секако :)

Ајде среќно уредување! :)

--√ гитардэмонговори со мной √ 19:04, 25 ноември 2008 (UTC)


За годините уреди

Здраво. Во право сте. Идејата со уредувањето на статии за годините е да се пополнат со настани кои се случиле во тие години, како и со раѓања и умирања. Вашата помош е добредојдена. Впрочем, со тоа би имале повеќе аргументи зошто постојат овие статии, бидејќи некои сметаат дека се само вештачки уредени за да го зголемат бројот на статии. Но, навистина ваквите статии ни се многу потребни. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:00, 26 ноември 2008 (UTC)

U idiot haters what u think that u are descendants of ancient macedonians??? haha real descendants of them are greeks!!! maybe u are desendents of paonians who were in your country but macedonians didnt lived there in skopia idiots!!! but real is that u are descendents of slavs, bulgarians, albanians and maybe small % od greek macedonians in southern part of FYROM and some paonians.

If that was the truth, why you come to my place? I did not visit you... Who is the idiot hater now? :)))))))))))
Не му обрнувај внимание, ретард е тој, тоа му е хоби да посетува страници на македонци и да ја искажува грчката хистерија. Не му враќај- игнорирај го. Поздрав!-- MacedonianBoy  Oui? 16:14, 2 декември 2008 (UTC)

И тоа што викаш... изгледа најарно така --- Виолетова 16:18, 2 декември 2008 (UTC)

Така е. Незнам само колку кориснички страни има креирано и сите му се блокирани и еве сега има еден Зеус и се кладам дека е он. Не му иде памет дека изиграва дворски шут тука.-- MacedonianBoy  Oui? 16:21, 2 декември 2008 (UTC)
Истиот е, ц ц ц ц, секакви болести по луѓето! --- Виолетова 16:37, 2 декември 2008 (UTC)
  • pseudomacedonian boy shut up i understand all from your barbarian slavic language!!!!!!! retarded here is just your mother who sayd to u that u are macedonian!!!! you have hysteria (u used greek word...) about your lie that u are macedonian but in your DNA dont exist ancient macedonian genes u are just slavo-bulgaro-albanians!!!!!!
  • why people of FYROM wants to play theatre roles??? they wanted to tell thet they are macedonians but real descendants of ancient macedonians are Greeks you are haters poor country with brainwashed peoples who belive thet aremacedonians pitty its very sad that u dont like to be slav its same when u will say "slavs are just barbarians i hate them they are slvs not people" its your mind.....


  • Accept that u are slavic tribe and nothing to do with Macedonians which never lived in your territory you racists!!!!

Здраво, 2 прашања уреди

Здраво :) Како да ја транскрибираме оваа статија: Палата Beylerbeyi? Бејлербеј? Исто така, дали е правилна туѓенката „датотека“ за "file"? Бидејќи корисникот Brest инсистира на податотека (според податок -> податотека) како поправилно? Искрено, прв пат слушам за таа варијанта. Затоа сакам да прашам, бидејќи сте лектор по македонски јазик, па можеби ќе ми помогнете (можеби и со некој посоодветен збор?). Благодарам однапред, Brainmachinewtf? 19:42, 4 декември 2008 (UTC)

Еј здраво. Се користи `датотека`, тоа е дел од компјутерскиот јазик, и влезен е веќе во употреба во македонскиот речник. Исто така се употребува и `фајл`. Имаше предлог за употреба на `податотека`, ама не е прифатено и никој не го користи така...
Може ли да објасниш како е влезен во употреба и во кој македонски речник? Во кој компјутерски јазик? Иначе исто така се употребува и: доле, искачаме, маус, фолдер, ...! Ама сепак така не е правилно.--brest (разговор) 21:27, 4 декември 2008 (UTC)
Може да објаснам - постои `Речник на странски зборови во македонскиот јазик`, издание 2002 година, Скопје, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје. Внатре се вметнати и зборови од компјутерскиот јазик, делумно преземени од претходно издадениот `Речник на компјутерските термини`, на Боге Димитриевски. Боге го предложил терминот `податотека`, но бидејќи не се користи - во поновото издание стои само како напомена дека е предложено, а термините `датотека` и `фајл` дека се во употреба. Јазикот е жива материја, и не се подведува само на нормите, туку и на употребата на термините... тоа се случило во конкретниов случај со изразот `податотека`. П.С. а за изразот `фолдер` е нагласено дека се препорачува примена на изразот `папка`... Виолетова 21:34, 4 декември 2008 (UTC)
Не сум го видел речникот за кој станува збор погоре, ама ме интересира поточно кој факултет/институт стои зад него. Дека датотека и фајл се во употреба е повеќе од јасно, но прашањето е, дали е тоа правилно? Вака како што ти ги имаш објаснето работите, мене ми изгледа дека тој речник е некој речник на одомаќени странски изрази, а воопшто не станува збор за правопис на македонскиот литературен јазик. Со каро ч'ода на бичо.--brest (разговор) 23:21, 4 декември 2008 (UTC)

ОК, јас го имам дома речникот, издание е на „Семинарот за македонски јазик“. Речник на странски зборови во македонскиот јазик се однесува на издвоени зборови кои оригинално потекнуваат од други јазици, а се одомаќени за употреба во македонскиот, во форма во која се наведени во речникот. Тоа е македонска „Вујаклија“, и фала богу што воопшто ја имаме, бидејќи додека во сите јазици се издаваа нови и надополнети речници речиси секоја година, нашиот тапкаше во место со децении... Не би објаснувала вака јавно зошто, но најглавната причина беа авторитети кои не можеа да се согласат кој од нив да го состави... И така македонскиот јазик остана осиромашен и осакатен многу долго време. Не знам каков посебен правопис бараш, а воопшто нема врска она - Со каро ч'ода на бичо. Во овој речник се поместени зборови од типот на: дефраудација, елоквенција, инклинација, кореологија, монитор, таксономија... итн. Виолетова 23:48, 4 декември 2008 (UTC)

Ако има во употреба одомаќени зборови кои оригинално потекнуваат од странски јазици, тоа не мора да значи дека нема соодветни македонски зборови. Ајде ако не е проблем направи дигитална копија на страницата од речникот каде што е наведено она за што зборуваме. Иначе на оваа страница во менито од лева страна читам: Тендер за обезбедување на услуга на податочно поврзување во GEANT. Патем да прашам, датотека од кое странство потекнува? Бекстејџот.--brest (разговор) 00:32, 5 декември 2008 (UTC)
Брест, вака сега, од прашањата и коментарите што ги оставаш, гледам дека не ти се познати овие работи. Прво да почнам со Тендер за обезбедување на услуга на податочно поврзување во GEANT - зборот `тендер` е странски збор во македонскиот јазик. Доколку го замениме само со македонски зборови - треба описно да се напише - со многу зборови, односно тендер (од англиски) = јавна лицитација за добивање понуди..., каде и зборот `лицитација` е странцизам, доаѓа од латински и значи `јавна продажба со наддавање...` Муабетот ми е поврзан со она твоето `тоа не мора да значи дека нема соодветни македонски зборови...` - има, ама се многу често описни изрази, а не еден збор, што не е практично за употреба. Второ, во самиот тендер, стои зборот `податочно`, што доаѓа од зборот - `податок`, а не од `податотека` (чија изведенка не постои, би била необична за духот на македонскиот јазик, нешто како `податотечно`). Трето, влегувањето на нови зборови во јазикот се богатство, а не се нешто од што треба да се срамиме. Ако `бекстејџ` влезе во речникот - ќе биде литературен, нема ништо спорно тука. А во речник кога ќе влезат - веќе се сметаат за литературни... итн, навистина мислам дека ти ја доловив ситуацијата со развој на еден јазик... Биди поздравен. П.С. немам скенер дома, дури понеделнички ќе можам да ја скенирам таа страница и да ја закачам некаде на нет... Виолетова 15:10, 5 декември 2008 (UTC)

А за палатата... за транскрипција на туѓи географски или било какви имиња - прво треба да знаеме како се изговара тој збор во оригинал. Јас би го оставила тоа - Бејлербеј, најпристојно звучи, но ако имаме некој што знае турски, нека помага Виолетова 20:37, 4 декември 2008 (UTC)

Ок, значи датотека е подобар за користење vs. податотека. Што велите Brest, да го прекршиме договорот и да го користиме дефинитивно овој термин? А за палатата ќе гледам да прашам некој што знае турски. Фала :) --Brainmachinewtf? 00:04, 5 декември 2008 (UTC)

За видовите уреди

Јас да си прашам нешто, за да не грешам секаде .. Во официјалниот превод на таксобокс пишува „истребени видови“, а вие еднаш ми кажавте дека за видови е правилно „изумрени“ .. Се користат и двата изрази или има некој што е поправилен од другиот ?? - Vekip8 (разговор) 00:45, 5 декември 2008 (UTC)

Vekip8, има разлика во тие зборови. „Изумрени“ се животни кои изумреле од разни причини, а „истребени“ се оние кои некој ги истребил намерно. Диносаурусите се изумрени видови, а глувците во едно маало се истребен вид (заради дератизација ;) на пример). Затоа за видови треба да се користи - „изумрени“. Поздрав Виолетова 15:14, 5 декември 2008 (UTC)

Да, и јас се мислев како точно да го преведам extinction, бидејќи најточен превод мислам дека би бил истребување. Меѓутоа, мислам дека и изумрен вид би било ОК. Boyan (разговор) 15:23, 5 декември 2008 (UTC)

Фала Виолетова :) Ова значи дека Бојан пак ќе треба да го менува таксобоксот :Р - Vekip8 (разговор) 16:15, 5 декември 2008 (UTC)
Нема проблем, поздрав до двајцата :) Виолетова 16:20, 5 декември 2008 (UTC)

Здраво. Се разбира, слободно може да пишувате на статијата, но отстранете го пренасочувачот, за непотребно да не пренасочува. Ќе Ве замолам ако може да уредите и статија за Нострадамус, бидејќи го уредив порталот време, а планирам како биографска статија да пишува нешто за Нострадамус. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:52, 8 декември 2008 (UTC)

Ако го отстранам пренасочувањето, статијата за романот ќе си остане со новото име? За Нострадамус планирав да пишувам, ќе ја напишам побрзо штом ти треба :) --Виолетова 18:57, 8 декември 2008 (UTC)
Да, ќе си остане со новото име.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:05, 8 декември 2008 (UTC)

ОК, фала, успеав :) Нострадамус го почнав, ама не е довршен... еве прво него ќе го довршам. Поздрав --Виолетова 19:21, 8 декември 2008 (UTC)

Назад на корисничката страница на „Виолетова/Архива4“.