Разговор со Спиноза

„Разговор со Спиноза“ — роман на македонскиот писател Гоце Смилевски, издаден во 2002 година во издание на „Дијалог“.

„Разговор со Спиноза“
АвторГоце Смилевски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
ИздавачДијалог
Издадена
2002
Медиумпечатено издание

Содржина уреди

Романот „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски во издание на „Дијалог“ . За овој роман авторот ја добил наградата Роман на годината на „ Утрински весник“ во 2002 година. За него Венко Андоновски во својот предговор во третото издание на „Култура “ ќе напише: „Постмодерен роман што возбудува. Напишан е чисто, прецизно и јасно. Со план, предумисла и ерудиција на научник. Со страст и емоција на романтичар. Со убедливост на реалист. Со метафорика на модернист. И конечно со перо на постмодернист. Треба ли повеќе од тоа, за да објавиме: „Еве конечно роман, и, еве, конечно, автор“?“. [1] Разговор со Спиноза е како целина, дијалошки конципиран, поделен е на три одвоени целини. Првата: Разговор со Спиноза (роман-пајажина); втората: Разговор со Спиноза (циркуска претстава со пет акробатски точки), и третата: Зошто Спиноза (наместо поговор). Раскажувачот во овој роман е ликот на филозофот Спиноза, станува збор за роман-разговор меѓу читателот и еден лик. Романот претставува „интелектуална биографија на осамениот човек, распнат меѓу живеењето на животот (кој е немоќен да го одживее полнокрвно и страсно) и промислувањето на тој живот, и во тој распон се содржи сета негова драма, сета трагика на неговата фатална осаменост“. На почеток на романот „Разговор со Спиноза“ постои авторската сугестија: „Нишките од овој роман се исткаени од разговорот меѓу Тебе и Спиноза. Затоа секаде каде што има празно место во говорот на Спиноза, изговори го своето име и впиши го во празнината“ (стр. 8) Главниот јунак на романот е филозофот Барух Спиноза. Смилевски ја следи приказната на неговиот живот и неговото учење. Во исто време ја открива и сликата на Европа во XVII век. Радикалниот мислител Барух Спиноза оставил малку зад себе лични факти. Авторот пак, во романот го прикажува живописно неговиот внатрешен живот, неговите мисли и пориви. На Смилевски не му било цел да пишува биографски роман, туку внатрешната борба на ликот на Спиноза. Романот почнува на смртната постела, а таму и завршува. За својот роман, авторот во интервјуто за Дневник на 09.03.2005 кажува: „Пишувајќи го „Разговор со Спиноза“, јас не пишував за славниот филозоф, затоа што славен станал по смртта, туку за прогонетиот човек Барух, за прегладнетиот човек Спиноза, за едно обично човечко суштество што го обмислува својот живот со помош на философијата што ја создава.“ [2]

Изданија уреди

Романот „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски е објавен во Соединетите Американски Држави, Полска, Хрватска и во Словенија. Во САД романот се појави во издание на „Нортвестерн“, во Полска издавач е „Официна“, а во Хрватска романот е објавен во рамки на едицијата „Божичевиќ“. „Разговор со Спиноза“ се појави во Љубљана, во издание на Центарот за словенска книжевност. Автор на преводот на словенечки јазик е на Алеш Мустар. Во издание на „Арка“ бил издаден на српски јазик. Авторските права на Гоце Смилевски за странство ги застапува француската литературна агенција „Фонтен“. На македонски јазик објавени биле четири изданија на романот „Разговор со Спиноза“. А, во рамките на едицијата „Бисери на светската книжевност“ на „Дневник“ и „Утрински весник“ било негово петто издание во Македонија. „Разговор со Спиноза“ првпат се појави во издание на „Дијалог“ од Скопје, во 2002 година.[3]

Наводи уреди

Предлошка:Гоце Смилевски