Разговор за предлошка:Шар Планина

Мислам дека добро би било некаде да се спомне и каналот за наводнување.--brest 11:55, 21 јуни 2008 (UTC)

Во секој случај, само што каналот започнува од средината на Полог, до самата Сува Гора, на 10 км од Шара. Е па сега бидејќи водата е вардарска, тоа има врска со Шара, или грешам.--Raso mk 12:02, 21 јуни 2008 (UTC)
Može, kanalot e od vitalno značenje za luǵeto od toj kraj, započnuva od Radiovce završuva posle Tetovo. Sepak e golem do nekade. Pozdrav --MacedonianBoy 12:05, 21 јуни 2008 (UTC)
Каналот завршува кај Вратница.--Raso mk 12:07, 21 јуни 2008 (UTC) Р.Ѕ. Бидејќи ти живееш покрај каналот повели и пишуај :-)
Дека завршува кај Вратница не сум знаел? Мора да се работи за некој друг канал, т.е. да се работи за систем на помали и поголеми канали за наводнување. А нели постои и подземен (цевковод) систем за наводнување во овој крај. Јас сакав да кажам за главниот канал кој според моја слободна проценка е со ширина од 3-4 метри и длабочина од околу 1.5 - 1.8 m, и започнува некаде кај Радиовце, поминува покрај Долно Седларце, Брвеница, Фалише и незнам точно кај се влева пак во Вардар, дали кај Тетово или кај Сараќино? Сега ќе погледам на google.--brest 12:51, 21 јуни 2008 (UTC)


Моја грешка Брест. Каналот се влева во реката Бистрица, а таа е во Јегуночката општина. Е сега не сум сигурен дали е Раотинце или Подбреѓе. А на интернет нема баш многу информации. И јас мислам за тој канал како и ти. Тој со цевките започнува ог кај Гостивар и завршува пред Радиовце, за од радиовце да има канал до Бистрица.--Raso mk 12:58, 21 јуни 2008 (UTC)
Го лоцирав, започнува кај Радиовце, некое време се протега паралено со локалниот пат Брвеница - Радиовце, некаде на половина пат каналот свртува на лево приближувајќи му се од десно под агол од 45 степени на автопатот Гостивар - Тетово, па поминувајќи парарлелно со автопатот се до наплатната рампа кон Тетово, скршнува десно под речиси прав агол кон атарот на селото Брвеница, поминува под патот Тетово - Брвеница и продолжува кон атарот на селото Фалише и мислам дека тука негде се влева во Река Пена, каде на истото место се влева веројатно и каналот за кој ти зборуваш дека доаѓа од општина Јегуновце. А овој крак на каналот што доаѓа од Јегуновце поминува под автопатот Тетово - Скопје некаде веднаш после клучката пред влезот во Тетово.--brest 13:37, 21 јуни 2008 (UTC)


Не е можно да оди само до Фалише. Како што кажува и името тој е од Радиовце до Бистрица. И мислам дека друг канал од јегуновце да оди кон Пена не е можно бидејќи Вардар тече кон Јегуновце, а каналот не би можел да тече во обратна насока (нагоре). Нели? Како што го следев на Google Earth го губам некаде пред Палатица. (или тука некаде). Впрочем каналот во радиовце се прекрстува со Боговињска река. но тоа е така направено да реката поминува под каналот, а каналот ја премостува. Може да е ист случајот и со Пена.--Raso mk 14:15, 21 јуни 2008 (UTC)
Не знам, колку што гледам на google erth нема премостување кај Фалише, т.е. јасно се гледа дека не поминува над Пена, можеби поминува под Пена, што исто така не ми е веројатно. На дуги места може да се забележат слични премостувања. Иначе можно е другиот крак да ги зафаќа шарските води од пределот на Вратница (тоа е повисока кота) и да се движи надолу со повеќе краци меѓу кои еден и кон Палатица, но и еден (главен) крак да продлжува кон Фалише каде се влева во Пена. Ова е само моја теорија.--brest 14:45, 21 јуни 2008 (UTC)
Незнам, навистина незнам во моментов. Ама ќе се распрашам бидејќи познавам еден човек кој има таква литература и познавања. --Raso mk 14:49, 21 јуни 2008 (UTC) Р.Ѕ. Дали си слушнал за операцијата Шар Планина мислам дека тоа е операција на армијата за време на конфликтот за чистење на терористи. Ако имаш таква информација не би било лошо да се спомне во шаблонот и да се напрае статија. позз
Мислиш на полициската акција Планинска бура во Бродец, Вешала и Вејце од понов датум или на некоја операција за време и непосредно по конфликтот 2001? За овој период (за време и непосредно по конфликтот 2001) има многу малку веродостојни информации во јавноста. Имам одредени информации од учесници (припадници на армијата и полицијата како и резервниот состав на овие формации) во воениот конфликт низ Шар Планина (Кале, Бродец, Лешок, ТЕЦ Пена, Шипковица ...). Не верувам дека армијата или полицијата непосредно после конфликтот 2001 превземале таквии акции согласно рамковниот договор кој ги санкционира овие дејствија на безбедносните сили.--brest 15:04, 21 јуни 2008 (UTC)
Не, не, туку за време на конфликтот. Една од операциите се викала Операција Шар Планина. А планинска бура е нова акција. Оваа мислам дека се случуваше во Април 2001 мислам. Ај ќе се потрудав да најдам нешто, ама како што викаш тешко...--Raso mk 15:08, 21 јуни 2008 (UTC)


Ne se vika pišuj, tuku pišuvaj. Nemam dovolno informacii za toa sorry. --MacedonianBoy 12:10, 21 јуни 2008 (UTC)
Не се пишуе со латиница , туку со кирилица. и прашај ги ракарите ќе ти објаснат. Позз--Raso mk 12:13, 21 јуни 2008 (UTC)
OOOOFFFF, koj znae za toa be. A dali razbirate gospodine latinica? kako što gledam razbirate makedonska latinica pa ne bi treba da pretstavuva problem koristenjeto na mk latinica :) --MacedonianBoy 12:14, 21 јуни 2008 (UTC)
Whatever --Raso mk 12:16, 21 јуни 2008 (UTC)
Хаха, сега ќе ви се бапнам во „разговорот“! :) Не постои такво нешто како „македонска латиница“. Има само „романизација на македонски“. ;) хехе --iNkubusse A? 14:38, 21 јуни 2008 (UTC)
Точно така--Raso mk 14:45, 21 јуни 2008 (UTC)
Назад на страницата „Шар Планина“.