Разговор за предлошка:Таксономија

Некој нека среди со кешот, да се појавува овој шаблон со македонскиот превод на сите статии каде е поставен. 89.205.14.116 (разговор) 00:55, 4 декември 2008 (UTC)

истребен/изумрен/изчезнат уреди

Дали зборот исчезнат може да биде поадекватен, во смисла на исчезнало од видокругот на науката, но не е со сигурност изумрено, т.е. е истребено или по природен пат изумрено. Познати се т.н. Лазарови таксони, меѓу кои и Takahē кои се пример на таксони за кои се тврдело дека се изумрени а после се појавиле.--brest (разговор) 23:27, 8 декември 2008 (UTC)

Се согласувам. Дури и во литературата од Институтот за биологија при ПМФ се употребува исчезнат, а не изумрен. Boyan (разговор) 23:59, 8 декември 2008 (UTC)
Јас кога прашав дали е правилно „исчезнат“ или „изумрен“ добив ваков одговор [1]

(`Изумрени` е правилно кога се однесува на видови, бидејќи `исчезнати` има малку поинакво значење :) -- Виолетова (разговор) 16:15, 28 ноември 2008 (CЕТ) ). - Vekip8 (разговор) 01:37, 9 декември 2008 (UTC)

изумрен или исчезнат? уреди

Бидеќи ова е сепак енциклопедија, а не експериментален проект, секогаш се трудам најпрвин да користам веќе утврдени зборови, и одбегнувам експериментирање. Меѓутоа постојат случаи како овој, каде има повеќе од еден збор во честа употреба - не сум никаков стручњак, но знам дека обата збора сум ги среќавал со слична честота. Решението на дилемата и не е така сложено: кога нешто е „исчезнато“, поимот воопшто не подразбира дека нештото повеќе не постои, туку само дека ние не можеме да го пронајдеме. Поимот „изумрен“ пак значи дека сите единки повеќе не постојат, т.е. дека `(из)умреле` од извесни причини. Идејата на англискиот збор "extinct" е токму таква. Кога било кој ќе го сретне поимот, секој знае дека се работи за суштества кои дефинитивно повеќе не постојат, а не дека се изгубени, т.е. исчезнати. На тој концепт одговара само поимот „изумрени“.

Јас цврсто стојам на овој став, иако гледам дека официјалните публикации го користат другиот поим. Да не заборавиме - не мора да значи дека тие намерно го избрале овој поим, туку едноставно се водат по традиционални практики, кои се воведени од поодамна и не чувствуваат дека е нивно да ги менуваат. --Б. Јанкулоскиразговор 09:12, 9 декември 2008 (UTC)

мали проблеми уреди

Приметив два мали проблема со шаблонов :

  • кај животните кои не се знае точно дали се критично загрозени или изумрени, доле се појавуваат две категории. Едната е „Категорија:Критично загрозени видови“, а другата е „Категорија:Таксокутии на кои недостасува системски параметар“. Разгледав кај другите википедии, ја има само првата. Па ако може да се среди да не се покажува оваа втората, која патем не ни постои. (пример Занзибарски леопард)
  • вториот проблем е кај преведената верзија за статусот. Не работи кај некои статии како Гавијал.

Ако може некој да го среди ова. - Vekip8 (разговор) 11:18, 22 април 2009 (UTC)

За тоа со преведените слики за статусот треба само да го исчистиш кешот на твојот компјутер, не е ништо страшно на другите корисници им се покажуваат точно, во ред се. Туку за ова со категоријата има проблем бидејќи половина шаблон не е преведен на македонски, па така има таму параметри кои за да бидат ставени во фунција треба да е исполнет условот (ќе го наречеме ние) G ама бидејќи е преведена погоре на македонски таа линија е сега Г наместо G, па така треба да се променат сите тие во цел шаблон. Не знам дали ме разбра ама замисли дека за да се појавува таа категорија (дека нешто е неточно) треба статусот да не биде ниеден од овие (на пример): threatened, endangered итн итн, а нормално дека нема да биде, кога статусот им е загрозен, исчезнат или сл. Чаре, да се допреведе сета, ама многу е комплицирана за да знам кое што значи, не би можел да ја преведам јас, не ги знам поимите на македонски.

-{админинстратор}-   гитардемон 12:11, 22 април 2009 (UTC)

Да, приметив дека после се смени сликата.. моја грешка. А ова со шаблонов, гледам дека ептен комплицирано е .. жал ми е, ама ни јас не можам да помогнам, ни јас не ги знам сите точно како се. Ај може ќе се најде некој.. :) Vekip8 (разговор) 12:15, 22 април 2009 (UTC)
Назад на страницата „Таксономија“.