Разговор за предлошка:Добредојде

Да се надоврзам на една дискусија од една корисничка страница, навистина нема смисла да има толкав текст на англиски кога води кон врски на македонски. Добра беше старата верзија со врска до селската чешма, каде што само последната линија беше на англиски. Зошто сте го сменале без дискусија (имаше дискусија, отпосле секако). Цела поента на ова е, дека треба да се врати. Ќе даде некој мислење? --√ гитардэмонговори со мной √ 21:14, 15 февруари 2009 (UTC)

Нов шаблон уреди

Да ве известам дека според договореното, ќе се користи овој шаблон, порано именуван како Добредојде3. Двојазичниот се именува како Добредојде3 (во случај да ви треба). Поздрав--MacedonianBoy 13:24, 18 март 2009 (UTC)

Нови измени уреди

Долго време не бев активен и не знам точно како стојат работите тука, односно кои корисници се активни, ама ако некој го чита ова, молам нека се јави.

Мислам дека текстот во овој (основен „добредојде“) шаблон е предолг. Ретко кој нов корисник ќе се малтретира да ги чита сите тие „глупости“. Јас лично не знам што му фали на англискиот шаблон. Се надевам барем на некоја дискусија. --iNkubusse A? 17:39, 18 мај 2010 (UTC)

Се сложувам дека може да се скрати. --Wikimk (разговор) 17:47, 18 мај 2010 (UTC)
Мислам дека би било доволно нешто како следново:

Добре|дојде дрн дрн и фала за придонесите. Се надеваме дека ти се свиѓа тука и дека ќе останеш. Во листата десно од овој текст има неколку корисни врски што ќе ти помогнат за да почнеш. (десно, нели, стои таа листата почнувајќи со Почетен курс)

Те молам [[Википедија:Потпис|потпишувај]] ги коментарите на страниците за разговор со четири тилди, а ако имаш прашања, обрати се таму и таму (линкови до селска чешма, листа на админи и сл.)


If you don't speak/understand Macedonian, visit the [[village pump, нели|village pump]].


Поздрав, потпис

Целово ова средено и учтиво, нормално. И уште неколку работи треба да имаат викиврски до страници за помош. А може и Почетниот курс малку да го акцентираме како добро место за почеток (поентата е новиот корисник да ПРИМЕТИ што му предложуваме, а не да го збуниме со триста чуда одеднаш). --iNkubusse A? 16:56, 19 мај 2010 (UTC)
Како додаток на сите шаблони за добредојде што ги имаме, би било добро да имаме и друг шаблон што ќе се состои од впечатлив краток текст во една кутија најгоре, и под него друга кутија со страници за помош. ВАКА: en:Template:Welcomeg. Всушност, мислам дека ова е најдобриот начин за да им помогнеме на новите корисници. А можеби и не, кој знае. --iNkubusse A? 17:01, 19 мај 2010 (UTC)
Назад на страницата „Добредојде“.