Разговор за податотека:Macedon 4BC.1.JPG

Последен коментар: пред 11 година од Dalco26 на темата Географска поделба

Грешна карта уреди

Направи споредба на двете карти ќе видиш дека едната карта е научна фантастика... Картата што ја подигнав е од „Историја на Аргеадите“, Наде Проева, Скопје, 2004 и Студии за античките Македонци“ (1997), Наде Проева... Картата треба да се избрише или да се отстрани од статиите... --Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 18:00, 4 април 2013 (CEST)Одговори

Карта на Горна и Долна Македонија. Меѓутоа картата е неточна бидејќи долномакедонските области: Пиерија, Ботиаја, Пиерида се прикажани како области на Горна Македонија. Грешка има и во прикажувањето на горномакедонски области: Парорбелија, Синтика и Одомантика како области на Долна Македонија [1]

 
Карта на Античка Македонија

Долна Македонија уреди

Долна Македонија се состоела од следните области: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Антемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонида, а во политичка смисла и Еордаја [2].

Горна Македонија уреди

Во Горна Македонија, која била именувана и како Слободна Македонија [3][4][2], влегувале следните области: Тимфаја, Параваја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика [2].

Точна карта уреди

Може ли да се изработи точна карта врз основа на податоците со кои располагаме. Има ли некој вешт во изработка на svg карти кој тоа може да го среди?--brest (разговор) 20:51, 4 април 2013 (CEST)Одговори

Географска поделба уреди

Долна Македонија уреди

 
Карта на Античка Македонија

Долна Македонија се состоела од следните области: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Антемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонија (Едонида), а во политичка смисла и Еордаја [2].

  • Пиерија го опфаќала крајбрежниот дел наспроти Халкидик, помеѓу сливовите на реките Пенеј на југ и Халиакмон на север. Областа се наоѓала северно од планината Олимп и источно од Пиериските Планини.
  • Ботиаја во римско време била позната како Кампанија. На запад се граничела со Еордаја, на југ со Пиерија, на север се граничела со Алмопија, односно планината Пајак, а на исток била омеѓена со реката Аксиј.
  • Алмопија се нарекувала рамнината во грониот тек на реката Лудија (Могленица), омеѓена од планините Пајак и Ниџе. Поголеми градови биле Хорма, Апсал и Еуроп.
  • Амфакситида е географско име од подоцнежно време, со кое се означувале териториите од двете страни на реката Аксиј. Оваа област ги опфаќала некогашните долнопајонски области источно од Аксиј - Грестонија и Крусида. Поважни градови во оваа област биле: Идомена, Гортинија, Аталанта и Европ.
  • Мигдонија своето име го добила според епнимниот херој Мигдон. Оваа област го опфаќала северниот дел на Халкидик. Името Мигдонија честопати се користело како заедничко или збирно име за означување и на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт.
  • Крестонија или Грестонија го добила името епонимниот херој Грастос, син на Македон. Според Херодот, оваа област се наоѓала во горниот тек на реката Ехедор, на север од Мигдонија и северозапад од Бисалтија. Оваа област подоцна била означувана со името Амфакситида.
  • Бисалтија се протегала по долниот тек на реката Стримон, источно од планинскиот масив Дисорон (Круша). Поважни градови во оваа област биле Берга, Еупорија, Алор и Трагил.
  • Пиерида или Пиерија се нарекувала крајбрежјето источно од устието на реката Стримон, се до Нестос, каде што се наоѓале тврдините Фарга и Пергамон. Поважни градови биле: Ејон, Амфипол, Галепс, Ојсимна, Неапол (Кавала) и Аконтисма.
  • Едонија името го добила по епонимниот херој Едон, брат на Мигдон. Областа се наоѓала на север од Пиерида и североисточно од Пангајските планини. Поголеми градови биле: Миркин, Драбеск и Филипи.
  • Еордаја ја опфаќала областа околу езерото Бегорис, северно од Елимеја, помеѓу Пиерија и Орестида, јужно од Линкестида. Поважни градови биле: Арниса и Кела.

На Халкидик се наоѓале областите Крусида, Ботика и Антемунт. Крусида го опфаќала крајбрежјето јужно од Термајскиот залив до кракот Палена. Ботика се наоѓала на средишниот дел на Халкидик. Поважни градови во Ботика биле: Калиндоја, Спартол, Плеума и др. Областа Антемунт се наоѓала источно од Тесалоника. Оваа област според Тукидик во рамките на Македонија била вклучена во VI век п.н. Целиот Халкидик во рамките на македонската држава влегува во времето на Филип II Македонски и станал неразделен дел од Македонија се до крајот на антиката.

Горна Македонија уреди

Во Горна Македонија, која била именувана и како Слободна Македонија [5][6][2], влегувале следните области: Тимфаја, Параваја, Дасаретија, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика [2].

  • Тимфаја се наоѓала на границата со Eпир. По важни градови биле: Ајгиниј и Гиртона.
  • Параваја се протегала во соседство на Тимфаја. Поважни градови биле: Парореја и Ерибоја.
  • Дасаретија или Дасаретида се протегала на север од епир, односно од реките Апсос и еордаикос. Според Плиниј, оваа област завршувала кај дивите барбари Дарданците. Поважни градови биле: Лихнидос, евија и Ускана.
  • Орестида ги опфаќала горниот тек на Халиакмон, Костурското и Преспанксото езеро. Поважни градови биле: Аргос Орестикон, Лика и Батина.
  • Линкестида го опфаќала јужниот дел на денешна Пелагонија. Поважни градови биле: Хераклеја, Никаја и Бева.
  • Пелагонија се нарекувал денешниот северен дел на Пелагонија. Поважни градови биле: Пелагонија , Керамија и Колобајса.
  • Дериоп се наоѓала во горниот тек на реката Еригон. Тука се наоѓале градовите стибера, Алкомена и Брианион.
  • Пајонија се пртотегала по течениото не реката Аксиј, од Демир Капија до Таорската клисура на север. Позначајни градови биле: Аргос, Стоби, Антигонеја, еврист, Стена, Билаѕора, Астибос, Добер, Страј, и Баргала.
  • Парорбелија се наоѓала јужно од планината Беласица у Демиркаписката клисура, југоситочно од Рупелската клисура и западно од реката стримон. Поважни градови биле: Калипол, Ортопол, Гареск и Филипол.
  • Синтика се протегала по среднот тек на реката Стримон, на север од Бисалтија. Поважни градови биле: Хераклеја, Поројкопол, Тристол и Нејна.


Парорбелија, Синтика, Одомантика се горномакедонски обалсти, а на картата се покажни во Долна Македонија....--Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 15
46, 5 април 2013 (CEST)
Еордаја, Пиерија се долномакедонска област, а на картата се наоѓа во Горна Македонија... --Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 15:49, 5 април 2013 (CEST)Одговори
На твојата карта Парорбелија, Синтика, Одомантика се покажни како области од Долна Македонија, а овие три области се наоѓаат во Горна Македонија... долна Македонија се нарекувала и приморска Македонија, како може Парорбелија, Синтика, Одомантика да бидат приморски области... Картата тие научна фантастика...--Хилариус Книгоподврзувачот (разговор) 16:23, 5 април 2013 (CEST)Одговори

Референци уреди

  1. За поточно види „Историја на Аргеадите“, Наде Проева, Скопје, 2004 и „Студии за античките Македонци“ (1997), Наде Проева
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Pro.
  3. Strab. VII, 326
  4. Caes., Bell. civ III, 7, 9
  5. Strab. VII, 326
  6. Caes., Bell. civ III, 7, 9
Назад на податотеката „Macedon 4BC.1.JPG“.