Разговор за Википедија:Именување на статии

Конвенции за именување уреди

Треба да пишуваме со кирилица колку што ни дозволува здравиот разум, но на некои места, мораме да направиме отстапки.

По повод ова, ова и други поплаки (некои од нив и јас сум ги задавал во минатото), предлагам конечно да усвоиме определени конвенции за именувањето на овие осетливи видови на статии: филмови, видео игри, музички групи и нивни албуми/синглови и корпорации/компании. Решенијата што ќе ги донесеме овде ќе ги вметнеме во прирачникот за стил и ќе ги имплементираме сите во иднина (а ќе ги намалиме и сите конфузии). Ве повикувам сите да коментирате и продискутирате, моите предлози се овие:

  • Имињата на филмовите да ги преведуваме целосно, онака како што се познати во нашата држава. Според ова, Reservoir Dogs ќе стане Касапски кучиња, Monty Python ќе стане Монти Пајтон (иако поправилно е „питон“, но така се задржало кај нас), Blue Velvet е Син сомот (забележувате: само првата буква е голема, за разлика од оригиналните наслови) итн. Овој превод ќе предизвикува најмногу проблеми. Јас од таа причина и започнав некои конвенции за именување (овде). При двоумења — прашајте и ќе продискутираме. Но многу важно: секогаш вршете пренасочување од оригиналниот наслов до страницата на статијата! Ова не можам да го нагласам повеќе — најчесто луѓето вака ќе ги бараат статиите, важно е да постојат пренасочувањата;
  • Имињата на бендовите и нивните албуми и синглови ќе ги оставеме во оригинал. Причината? Постојат бендови со имиња дури и како „!!!“, „The 77s“ или Lääz Rockit, коишто нема шанси ние да ги транслитерираме. Едноставно на нивните автори така им текнало, а законот тоа им го дозволува, и потпишале договор со издавачка куќа - под име со знаци (не само букви) какви што им дошло. Погледнете и некои други бендови, како Deströyer 666, KOBUS!, Ewigkeit, 3X Krazy итн. Како би ги превеле овие имиња? Како би се разликувале имињата на два бенда со имиња „Krazy“ и „Crazy“? Двете се Крејзи :) Но инсистирам во воведот, по задебелениот наслов на бендот, да наведеме транслитерација на насловот за и тие што не разбираат кирилица да разберат (ако има такви?!). Пример: овде;
  • Имињата на видео игрите да ги оставаме во оригинал. Јас мн. мн. ретко, во било кое списание, вебсајт или обичен разговор на македонски не сум видел некој да преведува игри на македонски. Counter-Strike си е Counter-Strike, Grand Theft Auto: San Andreas не може да биде статија која ќе се вика „Гренд Тифт Ауто:Сен Андриас“; Симсовите 3? Не! The Sims 3. Едноставно, гејмерите си ги знаат игрите во оригинал, така и ќе ги пребаруваат, така е и најлесно да се избегнат било какви конфузии. Но исто како и музичките групи/албуми/синглови, инсистирам во воведот сепак да ги транслитерираме;
  • Имињата на брендовите, компаниите? Е, за ова мора да дискутираме. Верувам дека ќе мора да ги транслитерираме овие, не да ги преведуваме, а сепак да постојат пренасочувања. (пример: Apple Јаболко (компанија), Епл  Ок). Имам уште мн. на ум, но морам да одам, не можам да го довршам текстов. Во меѓувреме ве поканувам да дадете свои мислења. Ова мора да го решиме евентуално. Поздрав, Brainmachinewtf? 17:47, 19 јануари 2009 (UTC)
Одлична дискусија. Мислам дека треба да се продолжи и на други полиња со проблематични имиња, ама ова е добро за почеток. Се сложувам со сите аргументи за имињата на филмовите, бендовите, видео игрите. Што се однесува до брендовите сметам дека треба да останат на латиница: како ќе транслитерирате, на пример, I-Pod? Ајпод? Како ќе преведете Häagen-Dazs? (познат бренд на сладоледи) M&Мs? Gauloises Blondes? А и за компаниите не сум сигурен... јас навремето напишав статија за The Great Atlantic and Pacific Tea Company и преводот или транслитерацијата на ова би звучела глупаво. Гледам дека и Русите ги задржуваат имињата на компаниите во оригинал. Искрено, чудно ми звучи за Walmart да употребуваме Волмарт, за The Coca-Cola Company, Д Кока-Кола Компани, за JP Morgan Chase, ЏП Морган Чејс... не сме направиле голема работа ако GlaxoSmithKline го преведеме како ГлаксоСмитКлајн... Не знам, можеби се работи за навика и професионална деформација... ама колку што знам, дури и новиот рестриктивен закон за употреба на кириличното писмо ги "амнестира" брендовите, ако не и компаниите. --FlavrSavr (разговор) 18:33, 19 јануари 2009 (UTC)
За насловите на филмовите и книгите се разбира дека е потребен превод, но за останатите чудни називи - не, бидејќи не се ни познати така... освен оние што веќе се одомаќени со некоја транскрипција, како кока-кола, спрајт, швепс, каде што треба да ставаме и пренасочувања од/до оригиналот. Инаку, FlavrSavr, најновиот закон за фирми кај нас всушност забранува да се регистрираат фирми на латиница или со чудни имиња, но тоа е друг муабет... -- Виолетова разговор 19:13, 19 јануари 2009 (UTC)
Се сложувам со сите горенаведени правила и ги прифаќам. Но, листата мислам дека е кратка. Тука мора да наведеме уште, како на пр. автомобилските модели, сериските имиња (најчесто се напишани со латинични букви). Точно е дека мора да ги почитуваме оригиналните имиња, но тука сакам да додадам дека тоа треба да го правиме и во однос на оригиналите напшишани со кирилично писмо. На пр. советските производители на авиони Микојан и Гуревич (МиГ), како што е на руски, а не MiG како што е преведено на англиски или на некој друг јхазик. Ова истото важи и за имињата на советските тенкови, чиј оригинал е со кирилични букви, а епревден на латиница. Мора да ги одвоиме стандардите за транскрипција во македонскиот јазик од оние во англискиот и да престанеме да преземаме сѐ од Википедија на англиски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:52, 19 јануари 2009 (UTC)
Јас сум за тоа секаде каде е можно да се преведуваат странски термини (па макар и да треба да се користат дескриптивни називи). Но, сметам дека тука може да имаме и проблеми.
Јас кога пишувам стручни текстови на македонски задолжително или во заграда или во фуснота додавам „англискиот термин е: тој и тој“. Оти мала средина сме и многу лесно може тој термин (најчесто од англиски) некој друг поинаку да го преведе (верувајте многу често се случува). Овој пристап мене ми се допаѓа оти во ситуација кога не сме во врвот ниту на светскиот економија, ниту пак, на светската наука тешко е за секоја поспецифична работа да имаме изградено конзистентна терминологија иако треба да се стреми кон тоа.
Мислам дека и при транскрипцијата на личните имиња треба да се постапува на ист начин: Транскрипција на МК + веднаш потоа во загради име/презиме на оригиналниот јазик.
Што се однесува до заштитните имиња мислам дека тие треба да се пишуваат во оригинал.
За називите на книги и филмови сметам дека покрај преводот на македонски задолжително би требало да стои и оригиналниот наслов . Ова поради тоа што скоро сум сигурен дека дистрибутерот на филмот (или издавачот на книгата) во МК нема да ја консултира Википедија за тоа како ние сметаме дека треба да се преведе соодветното дело.
Поздрав,
Wikimk (разговор) 21:53, 19 јануари 2009 (UTC)
Фино што сте отвориле тема за ова .. Ај сеа да ми кажете што да праам со ова: Convention on International Trade in Endangered Species of Wild Fauna and Flora (CITES) и ова: International Union for Conservation of Nature and Natural Resources (IUCN) ? - Vekip8 (разговор) 10:26, 20 јануари 2009 (UTC)
Vekip8, тие организации се преведуваат на македонски (CITES - Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора и IUCN - Меѓународно здружение за зачувување на природата и природните ресурси). Така е и во секој закон за биодиверзитет на РМ. Исто како Организација на Обединети Нации. Boyan (разговор) 21:17, 9 февруари 2009 (UTC)
Јас ги разгледував интервики врските на некои брендови и компании и забележав дека во сите други википедии ги пишуваат насловите во оригинал. Дали сега може да заклучиме сите заедно, т.е. имаме ли консензус за следново:
  • Имињата на филмовите и книгите да ги преведуваме така како што се познати кај нас, во заграда да го наведеме оригиналниот наслов и да создадеме пренасочување од оригиналниот наслов до статијата;
  • Имињата на фирмите (Warner Bros., The Coca-Cola Company, Rockstar North), брендовите (IPod, Schweppes, Nescafé), музичките групи, музичките албуми, синглови и видео игри да ги пишуваме во оригинал, во заграда да наведеме како тие се читаат и/или што значат на овој начин: (од анг. „Warner Bros“ — „браќата Ворнер“; се чита: „ворнер брос“) (други предлози?)
Според мене, фирмите и брендовите да се пишуваат на кирилица, а за музичките групи и албуми синглови итн нормално во оргинална форма. Дури и ако не е на англиски, пример имаме од статиите за Рамштајн. А тоа што го зборував за фирмите и брендовите, Мерцедес, Ауди, Дукат, Даноне, Старбакс итн. овие сите дефинитивно треба на кирилица. По таа логика и Рамстор би требало на латиница само затоа што го регистрирале на латиница (за тоа воопшто не ми е мило). Истото важи и за Веро. Треба да се на кирилица сите. --√ гитардэмонговори со мной √ 11:55, 21 јануари 2009 (UTC)
Што друго остануваше проблематично, да не заборавив нешто? :S
Btw, Векип, за твоето прашање:
  • Convention on International Trade in Endangered Species of Wild Fauna and Flora = „Вашингтонски договор за заштита на видовите“ (кратко и фино);
  • International Union for Conservation of Nature and Natural Resources = „Меѓународен сојуз за зачувување на природата и природните ресурси“. --Brainmachinewtf? 19:45, 20 јануари 2009 (UTC)
Мислам дека сѐ е во ред. Само еден нагласок - имињата на филмовите и книгите, да се настојува првин да се дознае кој е официјалниот назив на филмот/книгата на македонски јазик: како е дистрибуиран или прикажан по медиумите, дури и ако сметаме дека насловот е погрешен. На пример, комедијата Airplane!, кај нас се преведува Има ли пилот во авионот?, бидејќи буквалниот превод, функционира само во контекст на времето и местото каде што издаден (наплив на филмови со авионски катастрофи во САД во 70тите). Исто така, сериозно треба да се разгледа прашањето за што правиме со компаниите, брендовите, бендовите од руско, јапонско, индиско и други нелатинични говорни подрачја. --FlavrSavr (разговор) 00:43, 21 јануари 2009 (UTC)
Многу сум среќен што се отвори овој разговор. За филмовите и книгите се согласувам целосно. Јас лично дека повеќе работам на статии поврзани со филмот сакам да кажам дека некогаш навистина сакам да отворам статија за некој филм но едноставно незнам како би се превел кај нас, затоа секогаш одам на веб страните на нашиве телевизии и гледам во нивната архива и така и го преведувам филмот, бидејќи така е познат (зборувам за постари филмови). А ако филмот е нов гледам дали се прикажува во некое од нашите кина и како е таму преведно. Исто и за книгите. На веб страните на македонските издавачи има убаво име на книгата, се разбира ако е издадена кај нас. Мислам дека е глупаво да зборуваме за филмовите и книгите. Тие нека бидат како што се. Мислам дека треба да го заклучиме делот со преведување на филмови и книги, бидејќи сите исто мислење како моето имаат дадено. Исто и со видео игрите. Се согласувам да ги оставиме во оригинал. Е, сега за компнаиите. Тоа најубаво да отвориме дискусија со гласање и да изгласаме како е подобро, но се разбира реално прво да поразговараме во врска со тоа. Јас имам мало прашање, а тоа е за преведување на скратениците пример: УНИЦЕФ е познат на секаде така бидејќи англиското име одговара на кратенката, но кај нас не одговара. Дали ова значи дека и кратенките ги преведуваме како што се само на кирилца без разлика како се преведува името од кое тие доаѓаат!? --Макс(разговор) 08:54, 22 јануари 2009 (UTC)
Имам забелешка за предлогот, бидејќи ако е некоја кинеска фирма тогаш со кинески знаци ќе го пишуваме? Не сум сигурен колку ќе биде ова практично. --√ гитардэмонговори со мной √ 19:35, 2 февруари 2009 (UTC)
Леле ја заборавивме дискусијава. Ве молам сите да ја завршиме што побрзо, ве молам. Навистина е ова многу важно нешто. Ајде да довршиме и да се усогласиме. Значи мислам дека е глупаво да зборуваме за филмови, тие се преведуваат, како и книгите, но како што е во водичот за стил во ВикиПроектот Филм се преведува како е познат филмот, книгата или серијата. Е сега исто така решено е и за скратеници. УНИЦЕФ си останува УНИЦЕФ бидејќи така е позната насекаде иако кај нас не одговара кратенката. Исто и мојот проблем со САГ Наградите, тие вака ќе се викаат, но се разбира ќе се преведе како треба. Видео игрите исто така сите се согласија да бидат оставени во оригинал, но јас мислам дека во глобала играта да биде оставена во оригинал, но ако играта е пример базирана на некој филм или на некоја книга тогаш името е како тој филм или книга и затоа ние и така ќе го преведеме. И мислам дека завршивем и со имињата на песните и музичките групи. И ни останува уште имињата на компаниите (брендови, марки на облека, коли итн.) и списанијата. Ајде ве молам да се усогласиме веќе еднаш, засекогаш. Доле ќе поставам една мала табела која секој може да ја уредува и во неа ќе ставам знак за секоја дискусија која е завршена. Ако е напишано дека дискусијата за одредени поими е решена, нема потреба повеќе да се зборува за нив. И ве молам сите да пишувате над табелата, таа да биде баш на дното. Поздрав --Макс(разговор) 13:59, 9 февруари 2009 (UTC).
Мое кратко мислење: Во оргинална форма треба да седат формите, списанија, песни и музичките групи. Се другото треба на македонски јазик, не транскрипција туку македонски јазик. Вака е најдобро зошто глупаво е на пример Sunrise Avenue да ги именуваме на македонски јазик, треба оригинал да стојат. Тоа е мое мало мислење. Пзодрав--MacedonianBoy 14:12, 9 февруари 2009 (UTC)
Од овие што останаа можам да кажам дека компаниите и колите треба да бидат транскрипција, (мајкрософт, санг-јонг, епл, ламборгини и сл.), видео игрите не може да бидат во превод форма, треба да биде оригиналот, бидејќи е исто како група или песна (Веле-кражба на автомобили: Св. Андреј = GTA: San Andreas?), дефинитивно не транскрипција туку оригиналната форма. За списанијата мислам дека треба транскрипција бидејќи како што реков, ако е кинеска што, оригиналот го пишуваме? За разлика од видео-игрите кои се издаваат на англиски т.е. латиница, весниците користат и азбуки што ги немаме: Катимерини, Та неа, Ди Велт, Форбс, Лајф, Пипл магазин итн. а и кинеските исто ќе се транскрибираат Џонгуа-ренмин... итн :) За установите сѐ уште не ми фаќа паметот како би требало, мислам дека е најдобро со транскрипција, но не сум сигурен. Оригиналите тешко ќе ни одат :/ Ги сменав сите во готово освен тоа, па ако има некој друго мислење нека го каже, јас сметам дека е ова во согласност со нашиот јазик најмногу. P.S. продавниците не се установи, туку се фирми/компании. √ гитардэмонговори со мной √ 15:14, 9 февруари 2009 (UTC)
Одлично, само едно мало прашање кон сите, а тоа е пример има книги Хари Потер сите знаете, има и филмови, е сега има и игри! Што значи дека насловот на игрите е истиот како и на книгите како и на филмовите, е сега тој ќе го оставаме во оригинал? Не е само таа игра така има и многу други игри така! Јас лично сакам игрите во оригинал да си бидат, но еве има исклучоци. И уште нешто, а тоа е дека најубаво да почекаме мислеља од сите па потоа, па тек потоа да ставам крај на дискусијава. Ајде да речеме до 15 февруари! На 15 ќе ја заклучиме дискусијава и еден од Администраторите ќе земе и ќе вметне сите договорени правила во Конвенциите за именување. --Макс(разговор) 15:32, 9 февруари 2009 (UTC)

Мислам дека долната табела треба да биде проширена со уште една колона во која би биле да дени некои објасненија. На пример, покрај преводот на книгата, фимот или ТВ серијата треба задолжително да стои и називот на оригиналот, оти не сум сигурен дека дистрибутерите и издавачите за Македонија ќе ја читаат Википедија за да видат како ние сме го крстиле филмот, книгата и сл.
Поздрав, Wikimk (разговор) 19:51, 9 февруари 2009 (UTC)

Точно, списанијата и весниците ќе ги транскрибираме (Тајм, Лајф, Форбс итн.) Инаку не се согласувам да ги транскрибираме имињата на брендовите и на компаниите — пожелно е да се во оригинал. Горе беше и наведена разумна причина поради која ова е практично, само ќе ја повторам овде:

Што се однесува до брендовите сметам дека треба да останат на латиница: како ќе транслитерирате, на пример, I-Pod? Ајпод? Како ќе преведете Häagen-Dazs? (познат бренд на сладоледи) M&Мs? Gauloises Blondes? А и за компаниите не сум сигурен... јас навремето напишав статија за The Great Atlantic and Pacific Tea Company и преводот или транслитерацијата на ова би звучела глупаво. Гледам дека и Русите ги задржуваат имињата на компаниите во оригинал. Искрено, чудно ми звучи за Walmart да употребуваме Волмарт, за The Coca-Cola Company, Д Кока-Кола Компани, за JP Morgan Chase, ЏП Морган Чејс... не сме направиле голема работа ако GlaxoSmithKline го преведеме како ГлаксоСмитКлајн...

Брендови и фирми во оригинал — разгледајте една серија од интервики врски, сите останати јазични изданија така прават. И за крај, не се ова правила издлабени во камен. Користејќи здрав разум, понекогаш е дозволено да правиме исклучоци. Затоа Рамстор нема да биде Ramstore[sic?] или Веро нема да биде Vero. --Brainmachinewtf? 21:17, 9 февруари 2009 (UTC)

Установи уреди

  • Установите секогаш се преведуваат, без исклучок. Кај нас до сега не сум сретнал име на странска установа кое било непреведено, или само транскрибирано, освен (и само тогаш), кога се работи за познати скратеници (ЦИА, НАСА и сл.) Така, Royal Academy = Кралска академја, Darwin Institute of Biology=Дарвинов биолошки институт (или `Дарвинов институт за биологија`), University of Oxford - Оксфордски универзитет и т.н. Eton College - Колеџ Итон (наслов на статија „Итон (колеџ)“) - во случаите како Итон, кога знаеме дека поимот нема придавно туку именско значење, значи дека треба го сметаме како такво, и на страницата името треба да биде главно, а во заграда појаснување за она на што името се однесува. Овие практики можете да ги видите и кај сите други кирилични википедии и се во согласност со правилата и принципите на тие јазици, меѓу кои е и нашиот. --Б. Јанкулоскиразговор 21:40, 9 февруари 2009 (UTC)
За оваа точка мислам нема потреба од двоумење, секогаш ги преведуваме установите. --Brainmachinewtf? 22:06, 9 февруари 2009 (UTC)

Установи со кратенки уреди

За некои организации од типот на World Wide Fund for Nature (WWF), People for the Ethical Treatment of Animals (PETA) и сличните .. што ќе правиме ? Ако ги преведеме не верувам дека на некој ќе му текне за која организација всушност се зборува. Транскрипција ? Vekip8 (разговор) 22:59, 9 февруари 2009 (UTC)
  • Да, тоа е имено случајот со ЦИА и НАСА. Таквите институции се речиси секогаш познати во скратеници и како такви остануваат (латинично или кирилично, освен во случаи како WWF каде мора да стои на латиница). Всушност сѐ зависи од тоа како е најпозната таа институција. На пример нема ништо погрешно со тоа WWF да стои како „Светски природен фонд“, а при неговото споменување во статии може да стои кратенката во заграда по името. Впрочем така и би требало да биде, бидејќи убеден сум дека кај нас вербално не се знае како `Даблју-Даблју-Еф`, нити по полното англиско име, туку некакво македонско. Не постои друго решение.

Од друга страна, НАСА и ЦИА се општоприфатени како кратенки до таа мера што на луѓето не им е лесно да се сетат што значи таа кратенка (пр. НАСА, ПЕТА). Во таквите случаи, нека стои кратенката но најпрвото нешто во статијата ќе биде да се стави во заграда оригиналниот полн наслов и (задолжително) негов превод на македонски.

Крај на дискусијава уреди

Значи да ставиме крај. Музичките бендови и песни ги оставаме во оригинал, без разлика дали се јапонски, француски или амерички. Филмовите, книгите и ТВ сериите ги преведуваме, без разлика за што се работат и какви се, со еден збор кај нив нема исклучоци. Видео игрите ги оставаме во оригинал со се разбира исклулоци, а тоа е на пример ако играта е базирана на филм или книга за кои е јасно името, а ако играта не е базирана на ништо и дури да е насловот многу лесен за превод таа останува во оригинал. Установите исто така ги преведуваме но се разбира дека е можно некаде да има по некој исклучок иако јас лично не верувам во тоа. Колите и списанијата ги транскрибираме, а не преведуваме, што значи ако списанието се вика People, кај нас нема да биде Луѓе туку Пипл. И за крај нај нај големиот проблем, брендовите и компаниите, а тоа е да ги оставаме во оригинал и тоа е се. Се надевам дека дискусијава е завршена, но ајде иако реков до 15 февруари да чекаме, ќе чекаме до петок и ако до тогаш никој не се побуни Зоки веднаш ќе ги стави сите овие заклучоци во конвенциите за именување. И како што рече тој ништо не е страшно, не е ова врежано на камен, ако подоцна некој има некој подобар предлог веднаш ќе ги смениме. Значи ве молам до петок сите под ова моево само да пишете се согласувам со внесување на тараба за да се подредите под ред и кога до петок од сите активни ќе има такво се согласувам Зоки ќе го направи тоа што реков! Позз! --Макс(разговор) 13:28, 10 февруари 2009 (UTC)

Ок, значи се согласувам со најголем дел од конвенциите освен со весниците/списанијата и компаниите. За весниците и списанијата ќе понудам само еден аргумент, а тоа е дека руската Википедија ги остава во оригинал од некоја причина, иако не сум сигурен која. За компаниите сум нешто позасегнат (како асистент по маркетинг) и тука мислам дека треба да ги пишуваме во оригинал, а не да ги транскрибираме. Мислам дека со транскрипцијата си го отвораме патот кон непотребни проблеми. Можам да наведам многу компании од реалниот и финансискиот сектор (ако не сте убедени, да почнам?), кои што реално тешко или никако не можат да се транскрибираат, оттука мислам дека за нив треба да се примени истиот принцип како и за бендовите и за брендовите. Гитар посочи аргумент дека проблематични би биле компаниите од земјите кои немаат латинично писмо, меѓутоа сметам дека тој аргумент донекаде може да се употреби и за бендовите. Понатаму, кога зборуваме за компании, зборуваме најчесто за големи корпорации кои настапуваат на меѓународниот пазар и како такви мораат да имаат латинично лого, во најмала рака. Живееме во ера на глобализација каде се знае дека англискиот јазик е главен. Предводници на ваквиот тренд се јапонските компании, каде, во желбата да се настапува на други пазари, најпрво се американизира името на компанијата со додатоци како Corporation, Group, Inc. итн, а тренд е и отпочеток да се одбере западно име (пр. Sony). Трендот ќе го следат и кинеските компании за електроника (Lenovo), а дури и големите кинески државни компании (кои што може да ги третираме и како установи и да ги преведуваме) веќе во логоата стандардно имаат и англиски превод. "Проблематични" остануваат само уште неколку успешни руски компании, како Газпром, Лукойл, Аэрофлот и слични, кои се повеќе исклучок одошто правило. --FlavrSavr (разговор) 19:59, 10 февруари 2009 (UTC)
Се согласувам компании, списанија и бендови во оригинал.--MacedonianBoy 20:13, 10 февруари 2009 (UTC)
Добро, ве молам сите повторно сериозно да ја сфатите дискусијава. Ве молам! Значи сите се согласуваме во врска со повеќе работи, но еве за списанија едни мислат така едни вака. Затоа да не пишувам многу долната табела ќе ја изменам и ве молам сите да ја погледнете. Ако некој има нешто против нека каже што побрзо. И сакам уште за нешто да подискутираме а тоа се компјутерските поими како Single Player, IP, Windows, Linux итн. И дали под „компании“ ги сметаме и телевизиите како NBC, ABC, The CW итн. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од SmartM&M (разговорпридонеси) 16:21, 13 февруари 2009
Windows и Linux се брендови - во оригинал; NBC, ABC и сл. се компании - во оригинал; IP е универзална кратенка - нема да биде АјПи (но во статијата ќе кажеме како се чита и ќе објасниме што значи). Компаниите дефинитивно во оригинал, не прифаќаме никакви други аргументи! :) А за весниците, мислам дека е поубаво да стои Тајмс отколку Times или Вашингтон пост наместо The Washington Post. Впрочем, вака прават и нашите весници ([1], [2]) --Brainmachinewtf? 21:13, 16 февруари 2009 (UTC)
Одлично, значи се е решено, само уште за списанијата, ајде уште ова да продискутираме и да почнеме со иницијативава. И уште едно мало прашање од мене а тоа е дали термините DVD, CD, CD-RW и слично, ги преведуваме или пак не!? И уште нешто :), знам дека е глупаво но морам да прашам, мерините единици km, cm, dm, kg, t и слично ги оставаме вакви или пак!? --Макс(разговор) 07:49, 17 февруари 2009 (UTC)
Според Правописот мна македонскиот јазик, точно е кратенките за мерни единици да се остават со латинични букви или да се преведат (на пр. точно е и км и km).--Kiril Simeonovski (разговор) 08:54, 17 февруари 2009 (UTC)
Значи решен проблем за кратенките. Е сега само уште да се договориме за списанијата и мислам дека завршуваме со дискисијава.--Макс(разговор) 09:20, 17 февруари 2009 (UTC)
Најдобро е интернационалните мерни единици (од SI системот) да ги користиме онака како што е прифатено во цел свет — km, dm3, Pa, N наспроти км, дм3, Па, Н.
Уште нешто: што правиме со имињата на спортските клубови? FC Barcelona или ФК Барселона? --Brainmachinewtf? 16:14, 17 февруари 2009 (UTC)
Да се преведат! Меѓутоа многу работи ме бунат мене со ова, прво македонскиот јазик воопшто нема правила на транскрипција, што се транскрибира а што не. Јас колку што знам македонскиот јазик се пишува само на кирилица (тоа го има во уставот, официјален јазик македонскиот-со неговото кирилично писмо), па така сè што пишуваме мора да биде на кирилица. А дефинитивно не може да биде сè на кирилица! Дали можеме да пуштиме мејл на институтот за македонски Крсте Петков-Мисирков? Не дека ќе ни одговорат, но кој знае, скопско и сè е можно! :) -{админинстратор}-   гитардемон 19:58, 23 февруари 2009 (UTC)
Леле дискусијава од кога ја немаме чепнато. Нема врска, навистина треба да и се доведе крај! Значи ако навистина може тогаш Гитардемон нека го контактира институтот па да видиме што ќе се случи! Значи кој знае да го контактира нека го контактира а повратниот мејл нека го прикаже тука. Инаку јас ќе подготвам еден „извештај“ или подобро кажано заклучок со тоа што сме донеле. Тоа беше и причината поради која не одговарав долго време овде, бидејќи сакав прво да го составам заклучокот, но ајде прво да се обидеме со институтов. Поздрав до сите!
Да, ама за институтот ни знам каде е, ни кој е, ни што е :) Јас само го споменав како идеја, веројатно тие би знаеле. Меѓутоа не се сомневам дека нашите академици се премногу зафатени со нивните важни теми за живот или смрт, и немаат потреба да разговараат со смртници како нас. Затоа ако може некој да стапи во контакт со нив добро, а ако не можеме, епа и онака и самите не знаат како треба да биде, ако знаеле ќе имало закон досега во државава. Но тоа е оф-топик, морам само да кажам дека ќе го отстранам она со интернет и компјутерските поими бидејќи е апсурдно воопшто да го има на листата, се знае дека ќе се користат македонски имиња, не може матична плоча да биде мадерборд, и тастатурата да биде киборд. Се знае, прелистувач а не браузер, опслужувач а не сервер. -{админинстратор}-   гитардемон 12:29, 5 април 2009 (UTC)
Јас имам само една забелешка тука која мислам дека треба да се усвои зошто е разумна. Имено, англиските списанијата и весниците да бидат во оригинал, на англиски . New York Times треба да седи вака а не со превод или транскрипција. Поздрав--MacedonianBoy 12:34, 5 април 2009 (UTC)
Именување на Начин на користење Заклучок Коментар
Филмови »Превод«; Транскрипција; Оригинал;  Ок Готово Ова не требаше ни да се спомене во дискусијава, се подразбира дека филмовите се преведуваат.
Видео игри Превод;Транскрипција;»Оригинал«;  Ок Готово Оригинал, сите за ова се согласија. Но имам едно прашање и ве молам одговорете го. Ако видео играта е базирана на филм или книга тогаш го преведуваме името или не?
Книги (романи, драми и сл.) »Превод«; Транскрипција; Оригинал;  Ок Готово Се подразбира и за ова! Секогаш превод!
ТВ серии »Превод«; Транскрипција; Оригинал;  Ок Готово И за ова се подразбира! Мора да се преведе!
Компании Превод; Транскрипција; Оригинал; Е ова ни е единствениот проблем!
Коли (ако мислите дека спаѓа во компании слободно избришете го) Превод; »Транскрипција«; Оригинал;  Ок Готово Овие ги транскрибираме, BMW е БМВ и сл.
Брендови Превод; Транскрипција; »Оригинал«; И ова спаѓа во компании така што!?
Списанија Превод; »Транскрипција; Оригинал; И за ова има спор!
Песни Превод; Транскрипција; »Оригинал«;  Ок Готово Се подразбира.
Музички бендови Превод; Транскрипција; »Оригинал«;  Ок Готово Се подразбира!
Установи (училишта, факултети, болници и сл.) »Превод«; Транскрипција; Оригинал;  Ок Готово Превод според горните упаства!
Компјутерски и интернет поими. Превод; Транскрипција; Оригинал; За ова не знаеме!
Назад на проектната страница „Именување на статии“.