Разговор:Трајко Чундев

Последен коментар: пред 3 години од Forbidden History

Рашо, ве молам прочитајте ја статијава и дали е дозволено со вакви погрдни зборови (без наведени никакви цитати), да се опишуваат луѓе кој се значаен дел од Македонската историја (во случајов Блаже Конески, човек кој учествува во кодифицирањето на писмото со кое во моментов комуницираме). БлагодарамForbidden History (разговор) 08:53, 3 јануари 2021 (CET) Kiril Simeonovski, видов дека уредникот Рашо, не бил активен веќе неколку месеци, па би ве замолил вас да ја проверите оваа статија и тенденцијата за навредување и омаловажување на Блаже Конески. Благодарам,Forbidden History (разговор) 09:13, 4 јануари 2021 (CET)Одговори

Kiril Simeonovski, ве молам обрнете внимание на деловите од текстот: "се борел против српската пропаганда". Дали јас треба да допишам се борел да ја спроведе бугарската пропаганда? Дали треба да допишам сакал да ја приближи азбуката кон Бугарската? Човек кој јавно се декларирал за Бугарин да се велича и поистоветува со македонските дејци на ВМРО и да се омаловажуваат македонски историски личности на македонска википедија, со вакви скриени бугаромански форми на искажување е невкусно.Благодарам,Forbidden History (разговор) 10:16, 4 јануари 2021 (CET)Одговори
@Forbidden History: Статијата беше преполна со граматички и правописни грешки, па најпрвин мораше да се позанимавам со нивно поправање. Тенденциозните зборови како „србокомунистички“ и „србоман“ ги отстранив, а делот „српска пропаганда“ го заменив со „српско влијание“ и ја отстранив врската затоа што водеше до статија за српската пропаганда во втората половина на XIX век. Со оглед на тоа што во статијата е наведено дека неговите искази биле земени предвид при изрекувањето на смртната казна, мислам дека нивното место е во статијата за тој дел да биде целосен, но потребно е да се додаде извор и затоа додадов дека се бара.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:28, 4 јануари 2021 (CET)Одговори
Да,да јасно ми е се што правиш, само сакав да потенцирам такви сокриени форми на Бугарската пропаганда, од кои е преполна Македонската википедија. Ти благодарам, за одвоеното време. Forbidden History (разговор) 10:35, 4 јануари 2021 (CET)Одговори
Назад на страницата „Трајко Чундев“.