Разговор:Транслитерација на македонското писмо

Темата треба да се избрише под итно! —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 208.110.73.34 (разговор) 17 август 2008

Во Р. Македонија е официјална азбука кирилицата, а таа српско-хрватска азбука ниту била, ниту ќе биде македонска азбука. Може да зборуваме за транслитерација на македонската кирилица, а не за некаква македонска латиница. Ваква тема не смее да има на македонската википедија, тема којашто промовира про-југословенски пропаганди. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 208.110.73.34 (разговор) 17 август 2008

Се сложувам, статијата треба да биде Транслитерација на македонската кирилица. Плус тоа, со новите пасоши во Македонија, се применуваат други транслитерации на букви, на пример: ч = ch, ѕ = dz и слично. Boyan 17:23, 17 август 2008 (UTC)
Против --MacedonianBoy 17:32, 17 август 2008 (UTC) Коментар Da na msn i slični gluposti. CH se koristi vo bugarskiot jazik. А што се однесува до пасошите, кажано е дека се користи англиската транслитерација.


Па со кое право ти тука шириш југословенска пропаганда? Знаеш ли ти што пишуваш? CH се употребува во сите словенски јазици коишто употребуваат кирилица за пренесување на кирилската буква Ч. Очигледно е дека наметнуваш пропаганда. Пишуваш по тема од којашто немаш основни познавања. Македонската википедија, енциклопедија ли е или детски блогерај?!? —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 208.110.73.34 (разговор) 17 август 2008

Чоек имаш ти некој психички проблем. Убаво си пишува таму ЗА ТРАНСЛИТЕРАЦИЈА. Незнам кој тука има фрустрации од Југославија и некакви си пропаганди. --MacedonianBoy 17:42, 17 август 2008 (UTC)

Веројатно пред некој да почне да пишува теми тука треба да има дозвола од психијатар. За твоето недолично однесување админите треба да преземат соодветни мерки. Уште еднаш повторувам, може да има само тема насловена како ТРАНСЛИТЕРАЦИЈА или пак ТРАНСКРИПЦИЈА и таму треба да бидат наведени сите можни начини на транслитерација на македонската кирилица, како и официјалната транслитерација којашто се употребува во македонските пасоши. Таа српско-хрватска транслитерација е од едно застарено комунистичко време и нон-сенс е да се говори за "македонска латиница". —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 208.110.73.34 (разговор) 17 август 2008

Наместо мене да ме замараш овде, пиши до Министерство за Образование и нив жали им се. Ти да си бил некој голем Македонец ќе си живеел во Македонија а не да бегаш кој знае каде. И прекини со тие глупости за пропаганда, нема никаква тука.--MacedonianBoy 17:50, 17 август 2008 (UTC)

Темата треба да се избрише!

уреди

'Македонска латиница' нема. Има само една македонска азбука - кирилица, и има повеќе начини на транслитерација на македонската кирилица. Таа српско-хрватска азбука којашто е наведена тука е само една од транслитерациите, застарена, од времето на Југославија и не може да има посебна тема насловена како 'македонска латиница' зашто такво нешто нема. Најновата транслитерација којашто се употребува во македонските пасоши е различна од оваа југословенска азбука. Значи, потребна е тема 'Транслитерација', а не 'македонска латиница'. Дали се учи се уште во училиштата или не, тоа е најмалку важно. Ако навистина се учи, тоа значи дека Македонија се уште не се одвоила од Југословенската федерација. Но, тоа не е причина некој во независна Македонија да ни промовира про-југословенство и латинизирање на нашата кирилица. Има само транслитерација и никаква 'македонска латиница'. Со Уставот на Македонија, писмото наше е кирилицата. Сето друго е српско-хрватска пропаганда којашто не враќа во мрачните времиња на Југославија и на комунизмот. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 208.110.73.34 (разговор) 17 август 2008

Znaeš li što zboruvaš be? --MacedonianBoy 17:29, 17 август 2008 (UTC)
Čitajk što pišuva: Македонската латиница е една варијанта на латиничната азбука за романизација и транскрипција на македонскиот јазик. Иако кирилицата е официјална азбука во Република Македонија, латиничната верзија се користи за транскрипција. Ako ne razbiraš da ti prevedam na srpski. --MacedonianBoy 17:30, 17 август 2008 (UTC)

Наместо недолична дискусија, пожелно е да наведеш некој факт. Со оглед на тоа што ти си пропагандистот и авторот на оваа тема, и ти токму пишуваш на писмо неразбирливо за Македонец, наместо нашата кирилица ја употребуваш југословенската азбука, ти треба да бидеш баниран од Википедија бидејќи го кршиш основното правило - пишувајте на кирилица. Таа азбука која што ти ја љубиш, српскохрватската можеш да си ја употребуваш дома, но немаш право да ја злоупотребуваш Википедија за да шириш српски пропаганди. И, на крај, со "БЕ" можеш да им се обраќаш на овците, а тука има културна дискусија во којашто ти очигледно не се вклопуваш. Ваква тема е срам за Македонија. Под итно треба да се избрише. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 208.110.73.34 (разговор) 17 август 2008

Ако не си учел во Македонија основно училиште џабе си везеш. истата азбука се учи во второ одделение со книгата Читаме и пишуваме латиница. Провери па после треси зелени.--MacedonianBoy 17:38, 17 август 2008 (UTC)

"Зелени" тресеш ти, и заради недоличното однесување верувам сериозните администратори на оваа енциклопедија ќе ти дадат и соодветна казна. Дали се учи во второ одделение или не, е најмалку важно. Тоа е остаток од комунизмот и мрачните југословенски времиња. Штом и ден денес во училиштата се учи српско-хрватската азбука, треба да се покрене иницијатива тоа под итно да престане. Тоа е срам за македонштината. —Претходниот непотпишан коментар е додаден од 208.110.73.34 (разговор) 17 август 2008

Бог да чува...--MacedonianBoy 17:45, 17 август 2008 (UTC)
Играјте чесно, дечки, без карање или удари под појасот. --Brainmachinewtf? 17:56, 17 август 2008 (UTC)

Анонимен кориснику, зборуваш за сериозност на енциклопедијава... Знаеш, во Википедија е сериозно она што го пропишуваат нејзините правила. Во случајов - разговарај само за статијата на која и припаѓа оваа страница за разговор. Ти тоа не го правиш и мешаш некакви Југославии... Друго, има ли податок на интернетов од кој може да се види дали латиничните транслитерации се во официјална употреба? Бојан


Единствениот којшто не разговара по статијата е нејзиниот создавач и наместо да пишува на кирилица и да зборува за статијата, тој пишува на латиница и дава лични навреди. Југославија секако дека е поврзана со оваа статија, бидејќи самата азбука којашто тука сака да се промовира и уште да се нарече "македонска латиница" е од времето на СФРЈ. Македонскиот јазик никогаш немал "своја латиница", а постоеле разни начини на транслитерација на македонската кирилица. На оваа енциклопедија треба да има една единствена статија за Транслитерацијата на македонската кирилица и таму да бидат наведени сите начини на трснслитерација. Намерата на авторот е очигледна. Тој не само што ја создал таа статија, но насекаде низ разговорите пишува на таа негова "македонска латиница". Од небо се гледа неговата цел. И на англиската википедија имаше слични обиди да има посебна статија за некаква си "македонска латиница", но безуспешно. И за крај, со кое право авторот ја брише назнаката за бришење од оваа статија кога никој ништо се уште не решил?! Таква статија насловена како "Македонска латиница" е нон-сенс.

Истиот тој има попаметна работа него да се распарава со човек што има трауми и комплекси од Бившата Југославија. Јас сум корисник на Вики со најмалку туѓа пропаганда на МК Вики (ИЧ) и затоа прекини со глупости. Ако сакаш да користиме друга латинична азбука реагирај во Скопје разбери се. И ако си попаметен регистрирај се и почни да уредуваш статии а не да изиграфаш форумџија тука. Немам намера да се расправам за глупи балкански теми тука со тебе а да имаш малку подобар човечки пристап ќе испаднеше нешто од работава па ќе ја преименевме статијата, но вака не сакам со тебе да соработувам. Како пишувам мој проблем, ако сакам и со канџи ќе пишувам. --MacedonianBoy 22:41, 17 август 2008 (UTC)

За бришењето на статијата

уреди

Ја преместив страницата, така што „Македонска латиница“ пренасочува до овој нов наслов: „Транслитерација на македонското писмо во латиница“. Сепак, го предизвикувам бришењето на страницата, за да не се изгуби содржината. Новиот начин на таканаречена транслитерација од кирилица на латиница е воведен во 2004 година со законот за дополнување на законот за патни исправи, верувам дека сте запознати со тоа. Ако најдете извор - копија од законот во кој правилно е наведено како се врши транслитерацијата, наведете го изворот и направете поправки на статијата. Ако не најдеме, дури тогаш ќе се бриши. Ок ли е така? --Brainmachinewtf? 02:14, 18 август 2008 (UTC)

Нема што да се брише статија, што има ново име нека си седи така, плус ќе ја вметнам и транслитерацијата од пасошите. Бришење не доаѓа во предвид. --MacedonianBoy 08:51, 18 август 2008 (UTC)

Транслитерација на писмо а не на јазик

уреди

Транслитерација е пренесување на едно писмо / систем на пишување со други писмо / систем на пишување, т.е. кога се зборува за транслитерација се мисли на писмото а не на јазикот, т.е. не на транслација (превод). Така да насловот на статијата треба да се врати како што беше претходно.--brest 09:47, 18 август 2008 (UTC)

Штом се споредуваме со англиската википедија, таму стои Romanization of Macedonian. Исто е --MacedonianBoy 09:49, 18 август 2008 (UTC)
Интервики врската, Транслитерација, ја дадов за да се види дефиницијата за тоа што е транслитерација. Иначе романизацијата е само една група на транслитерација на македонското писмо, имено можеш да имаш транслитерација и со грчко писмо, како што знаеш. Значи не треба да се бркаат поимите транслитерација, транскрипција и транслација. Иначе ако ја погледнеш статијата Romanization of Macedonian ќе видиш дека таму во првата реченица пишува дека тоа е транслитерација на македонска крилица со латинични букви, при што подолу е дадена и компаративна табела на различни системи на транслитерација со латинични букви. Така да повторувам дека актуелниот наслов на статијата во википедија на македонски јазик не е адекватен и треба да се промени.--brest 10:14, 18 август 2008 (UTC)
Брест многу добро ги знам овие поими не ми треба час. Проблем е во тоа што претходното име е премногу сложено! Кој нов корисник што сака да види ќе му текне да пише транслитерација на македонската кирилица во латиница и така натаму. Поедноставни наслови се подобри. Тоа е проблемот а содржината и значењето на поимите не се проблем. --MacedonianBoy 10:18, 18 август 2008 (UTC)
Ме радува тоа што не ги бркаме овие поими. Бидејќи ова е енциклопедија, која е со едукативна па и научна содржина, треба да тежнееме кон тоа да бидеме точни и прецизни, за да не доведеме некого во заблуда да ги помеша овие поими или да му го отежнеме сознанието за тоа. Иначе пребарувањето на википедија и на сите други пребарувачи во главно се врши по зборови од напишаната реченица, потребно е да се зададе специфична команда ако се сака да се добие точната фраза. Конечно ако некој знае што бара поверојатно е да напише правилно тоа што му треба, т.е., транслитерација на македонската кирилица во латиница, отколку погрешното транслитерација на македонскиот јазик.--brest 10:30, 18 август 2008 (UTC)

Предлог

уреди

А да се вика Транслитерација на македонската кирилична азбука или Транслитерација на македонското писмо? Што викате? --MacedonianBoy 10:22, 18 август 2008 (UTC)

Е ова веќе е ок. Јас сум за Транслитерација на македонското писмо.--brest 10:30, 18 август 2008 (UTC)
И јас.--MacedonianBoy 10:31, 18 август 2008 (UTC)
Еј, па јас го преместив како „Транслитерација на македонското писмо во латиница “, а не како јазик, зошто погоре дискутирате дека не треба јазик туку дека треба писмо? :S Да не згрешив некаде? --Brainmachinewtf? 15:33, 18 август 2008 (UTC)

I'm sorry, but what is the difference between the articles Романизација на македонскиот јазик and Транслитерација на македонското писмо? Should not they be the same? Hellerick (разговор) 12:21, 2 мај 2009 (UTC)

Назад на страницата „Транслитерација на македонското писмо“.